Не му се бендисва, ти го проба, вака мене мн лошо ми личи за вкус sorry, вистина со кромид да пробуваш, му дава вкус можеби ќе јади така.. Мене месото не ми го сакаше ич, се што беше без месо јадеше а со месо ептен малку, па 1 неделата давав телешко, протеини повеќе од јајца примаше.
Ако ти сака банана, ставај малце и во зеленчукот или јаволко, знам дел за нас изгледа ммееех ама нема врска, Н не сакаше зеленчук и само так и праев.
Хахаха не сум единствена значи. И јас во зеленчукова каша знам да ставам малку банана за да ја изеде и секогаш пали. Маж ми му вика да знаеш како те лаже мајка ти, теленце едно.
Молам? Мојот 9ти и 10ти месец имаше 1.200г качено, докторот супер е ми рече. Јаде балансирано, ко по книга, глупости не му давам. 11ти и 12ти месец 600 грама качи и за тоа докторот рече дека е супер. Кога го земам од градинка, од што е гладен во состојба е мене да ме изеде. Ела не му дај да јаде, се во вис ќе крене
Јас знам возрасни што се плашат од мачки.. За дедо мраз не знам кое дете не вриштело од тие што се на плоштад а вака за играчка дедо мраз не знам, да не свири гласно?
Ама каков Дедо Мраз ниту една слика нема со Дедо Мраз во овие 5 год, дури и кукли Дедо Мраз несака да види несакал ништо годинава да му донесел Дедо Мраз Мајки овде да прашам, малово 4 месеци ќе прави утре, пробиотик не му давам 1 недела веќе, нема потреба исто му е и со и без, на првото до 1 год му давав онака колку да се дава. Нз дали да продолжам или не
Не свири воопшто дедо мразот.. И од еленче стуатуетка новогодишна украсна се плаши. Еве и од мачето сабајле, не знам што е работата вака. Вака од правосмукалки, блендери, сѐ што бучи не го мрднуваат, океј си е дури некогаш 'уу буу' вика со нив.
Не е christmasy детето бе цветче. Мојот уште не видел Дедо Мраз, ама ако е на мене ќе се кара со него сигурно. Ич ама ич не сум со Christmas spirit. A од направи од ништо нема гајле, само од фен за коса квичи. Еднаш со миксерот дури и муабет си правеше.
Па ако се толку плашат деца од дедо мраз дај да им ја кажеме вистината и да завршиме работа со стравовите И јас не сум нешто многу еуфорична, ама за чудо маж ми е па да не бидам парти пупер. Е да, заборавив на фенот дека се сушам во друга соба.
А парадоксално е тоа што некогаш кога не може да заспие пуштам фен на јутуб и секундарно се комира. Ама од реален фен вриштење колку сакаш.
Е ајде де, само да ти набијат комплекси. Као не е прекумерна тежина, ама не му давај толку. Е како да не му дадам нормален оброк кога му се јаде и плаче, не дека ќе му дадсм пола кило грав. Затоа и прашав, да не ме прави будала, божем го прејадувам. Исто, на сиот хаос ,со близнаци, гледам цело време и да им зготвам и органско и варено, печено, по табели, по редослед, по правила, се на вага измерено. Имаат три комплетни оброци по 150-190 грама, зависи дали домашно или тегличка и три млекца по 180мл, сабајле овошје со житарки, ручек месо или жолчка со зеленчук, вечера најчесто млечно со или овошје, или зеленчук, или само житна каша, зависи од дневните комбинации. И детево си качува, си јаде се и секогаш е жален кога ќе заврши оброкот, најсреќен е во хранилка. И си викам, добро бе, секако цел живот ќе се на диети и фит програми, бар дур се бебиња, ако не е нешто штетно по здравје, зошто замараат педијатриве? Плус сите организми се различни, пример јас да изедам денес бурек, утре имам кило плус. Мајка ми може и цела пекара и слаткара да ја издегустира, нема да мрдне ни грам.
Да убав вкус имаше стварно, го правев за нас, на крај додадов сол, за него без. Вкусно беше ептен, не знам зошто не го сака месото, пире касна минимално, а кажав погоре ставам кромид и лукче и зачински билки, како за нас, инаку многу убаво готвам сеа да не испадне дека се фалам ама ме бива Очигледно не доволно добро за син ми хахаха. Ќе пробам со банана малце, може ќе успее. Гледам сте пишеле за фенот, мојот пак ско не го сушам со фен после капење се убива од плачење, многу му се радува на фенот, сака да го земе, проба да го крене со рацете, абе чудо од играчка. Исто од дедо Мраз нема страв, скоро од ништо не се плаши освен од една моја уметничка слика, реагира со страв накај неа не сака ниту да ја добре, за разлика од сите други
Ние многу слични проблеми имаме хаха. И мојава по кило накачува, сите ми ја викаат буца. Ама ниеден доктор не ми рекол диета и слично. Ортопед одоколу кажа дека е малце крупна ама не да превземаме нешто околу тоа. Си сака да јаде и тоа е. Идам по книга и јас, јаде парчиња не мерам и јаде нешто и е воведено и порано како цело јајце, шумско овошје и слично. Еднаш во месец ако и дадам бисквити и млеко попара, а смоки некако не ги сака еве веќе два месеца. Ама и ние не сме ситни, мм на нејзина возраст бил 14 кг, она е 11ипол одприлика. И височка е, сите ми викаат има годинка нели?! Битно е да се здрави (крвна слика исто) и да не смета во активност дебелината. Сите ми викаат гушкај ја штипи ја дур не прооди после ќе слизне пошто е прехиперактивна и согурно ќе троши многу.
Не му крати јадење на детето. После коа ќе потпорасне само ќе ти плука, па ќе се нервираш дека некад си кратела
Да го раниш со буреци и торти па да реагира педијатар разбирам. Ама за исхрана по книга што се вели, да ти вели да кратиш не разбирам. Мојот е и крупен роден и цело време е над 95ти перцентил на кривата, а е многу активно бебе. Денес за ручек јадеше риба, брокула и морков и тоа со сласт. Јаде и ужива. Од ова ли да му скратам за да влезе во стандардни параметри? Секое бебе своја приказна, не може сите исти да бидат. Ти близнаци имаш, па скроз се различни. Нека си јаде бебе и нека му е на здравје. Што вика @KuklickaSk ќе порасне, ќе плука, па ќе си викаш ахх што убаво си јадеше брокула
На година беше 13.5 никој не ми рече диета никогаш, со ексклузивно доење до 4 месеци и 7 дена беше 9300г. Јадеше се што правев до година и некој месец, после маки мачевме за јадење, цел ден да се молиш за залче. Еве го второво исто на 4 месеци е 8900г, исто екслузивно доење, како растат ќе се должат и ќе се истанчат ќе трошат повеќе. Какви диети на бебе, безвезе, се е генетика.
Ве читам дискутирате за диети, па и јас да си побарам совет. Бебуш е 7++, моментално е на еден оброк и експериментираме со уште еден, воглавном само му давам ептен малце да проба. Ама се осеќам дека го кочам, детево како да е спремно за уште еден оброк, има огромен интерес за храна, кога и да го седнам во хранилка (а го седнувам секогаш кога ние јадеме) детево очекува нешто и за него, се нервира ако нема ништо. Доручек воведов пред 3 недели, ептен сум на мисла дали да го искористам моментумов да воведам уште еден оброк бидејќи не одбива апсолутно ништо од храна, или да чекам? Збуцкан е бајаги откако почнавме со цврста храна, 600-700 грама за нецели 3 недели. Подои не намали воопшто туку и ги зголеми, се разјаде детево, не знам, на мисла сум.