Ене го, 4г. Е големиот. Колку големо бебе беше се си јадеше. Сеа само шо глеа слика како јаде цвекло ко бебе вика ауу бљак.
@gothchick @KuklickaSk @Mandela ви благодарам. Не би си дозволила да му уништувам апетит на дете што ужива во храна, како што реков барем се додека не му влијае на здравје и нормален развој. Роден е 2 кила, првите месеци маки мачевме со млеко додека погодиме, константно гладен, назадуваше, кога го погодивме новалакот се прероди и почна да качува дупло од потребно. Кога почнавме со цврста храна беше живи радости, не сум видела друго дете така да ужива. За други работи е тежок карактер, пр.за спиење, ама јадењево ни е песна. Докторката не го гледа тоа, она гледа бројки. Ама како што пиша и @gothchick и јас и мм сме биле буцки бебиња, може и гени се во прашање, макар што тој не ни изгледа буцко со должината. А јас еве сега сум преслаба, јадење ми е тортура. Си го оставам, нека си јаде, подобро тоа отколку да се тресам дека гладен е цело време. Јас инаку имам трауми од нејадачи бебиња. Сестра ми како бебе беше таква, дека сме голема разлика се сеќавам како сите баби, жени од маало се собираа дома со нивни рецепти за пројадување, печеа брашно, што не и даваа, дете не јаде и не јаде. Сега па никако да ја видиш најадена, се е гладна Само ме нервираат докториве со такви коментари, те ставаат во мисла дека не правиш нешто добро за детето, дека не се едуцираш, а сите сме препотресени околу нив.
Кога тргна во градинка син ми на 16м го лажеа да седи со храната. На сите им викаа дојдете после појадок, на нас ни викаа обавезно на појадок дека влагаше во градинка викајќи њам, њам, њам директ на маса. Е сега, не јаде буквално ништо во градинка, само пире и краставица ако има. Учителките викаат каде е њам њам детето. Така што мајка, и да јаде сега, може да смени, и да не јаде, може да почне да јаде.. и педијатри најдобро го знаат тоа, зошто даваат совети за кратење храна само они си знаат.
Кај мене е 11 има 3 млеко, 3 оброк, ужина не сме воведиле. Знам да дадам повремено 2-3 смоки Лино, или парченца овошје кога ние јадеме, ама класична ужина или млеко да заменам со ужина, планирам тек после 1 година.
Добро утро на сите ние си спиевме со керќичката но наеднаш поврати доста голема количина и почна како да кашла после едно 10 мин наполни пелена па сега пак спие што мислите од што би можело толку да поврати иначе се си е расположена супер
А кога сме кај ужинка, мојава е 10 месеци и пие 3 пати млеко. Два пати во текот на спиење навечер пример 1 и 5, а едно во 12 на пладне. Пие по 180мл, тоа во 12 не го пие цело никогаш, секогаш остава по 80мл минимум, некогаш пие само 50-60мл. Се е пробано и саат време покасно да дадам (за да огладне убаво) џабе не го пие. Дали да и сменам со ужинка?(зошто храна никогаш не одбива). Или и така си е буце, подобро млекце е, колку толку? Упте не сме смениле ништо, а прашував тука. Доручек 8, млеко 12/13, ручек 16, вечера 19 и два пати станува пример 1 и 5(млеко). А идеално ќе ми е со млекце да заспие него ли вечера, ама никако да сменам. Си викам кога ќе почне градинка тогаш… Ќе почне здравје средина на јануари
Доколку заспива околу 21h можеш да и понудиш млеко , првото дете одкако ја одбив и после вечера и нудев млеко , ноќе не стануваше за млеко. Пиеше сабајле околу 7 ч , околу 10ч доручек околу 12 ч млеко , 16 ч ручек , вечера околу 19ч , млеко во 21ч. После 10ти месец е била со ваков ритам, на 11 ја одбив од цицање.
Дане е можеби од некоја храна што можеби сеуште не може да ја јаде? Мене тоа ми се има случено од храна, вечеравме ,отвараше уста малиот пушташе рачиња од жал му дадов малку, и така испадна.
Кај мене откако е во градинка, а и да не оди т.е да е дома го има следниот распоред. Наутро 5-6 часот млеко 8:30 - појадок 11:30 - ручек Околу 14:30 млеко ( веројатно ова ќе го сменат со ужина понатаму во градинка, а и дома) 17:30 - вечера 20:30 млеко Е сега кај мене ретко кога станува ноќе повеќе пати. Сите времиња горе пишани се некогаш со плус пола час поместени.
Мајки моја беба има 10м и има три оброци. Во меѓувреме цица колку сака и кога сака, ама не цица многу, најмногу цица навечер пред да заспие бидејќи само така заспива. Во меѓувреме кога седниме да јадиме ние, го гледа лебот и скока, се тепа за леб. Многу сака леб. Ми е жал да не и дадам. Додека јадиме ние таа јаде трошки леб. Дали давате леб? Да го сметам ова како ужина или како што?
Давам по некое залче, не е тоа многу количински не се секирај.. мојот скоро 12 има, како ужинка давам шмукалче, банана, јогурт, некоја палачинка/мафин ако сум правела, такви работи.. не мора строго по распоред тоа, ако ми личи дека му се јаде нешто му давам
Јас му давав на првото леб, не памтам после колку месеци, ама 10 сиг да. Можеби и 9 да беше Иначе не се навикна на леб, пр месо, јајца и мн др работи без леб ги јади и ден денес (5год).
Искрено незнам се е во ред сеа добро си е расположена ако поврати пак ќе ја однесам на доктор само што толку повраќање прв пат имавме како чешма
За ужина треба да е минимум 100гр. Така знам јас. Така да трошки леб не е ништо. И моето јаде нон стоп ако гледаш така, со сите е другар на маса, нонстоп нешто меле ама пак е шпагета.