Овде ќе прашам бидејќи е поактивна групата..Од петок вечер малиот 14 м. е со затнат нос.Еве две вечери веќе како не е спиен.Прскам синомарин и пробувам да влечам со носко ама не дава, војна се води дома.Дали може инхалација со синомарин да направам? вака нема тт, не кашла, активен е само што е затнат.
Таман од лани имам ваков, фала на препорака Туку уште одложувам китење на елка, ми личи дека ќе биде срушена за брзо. Ѕверка е во фаза кај што се ја интересира и ми е страв дека ќе ги џапа долните гранки. Како ќе се справувате со елките годинава? Се мислам да забарикадирам еден ќош кај седмоседот и да ја поткачам елката малку. Не знам колку ми е паметно, ама ќе пробам.
Од лани е купено кај нас околу 250 ден мислам беше. За спиење кромид сецкан во некој сад до главчето стави му, бебево мое (4 месеци) само така спиеше, мириса цела куќа ама му се одзатнува носоти спие мирно. 100% помага
Како смо се надали елката одлични проаѓа. Има обиди, ама засега добар е. Една декорација само изеде досега и ја искака сабајлево.
Мајки, кога се вадат 3ки и 4ки? За 2 недели ќе прави годинка, има 8 заби излезени (единици и двојки горе и доле). Денес е прекенкав, едвај по 30 мин му се дремките...37.5 има...гледам доле 3ка гребка, горе 4ка веќе пола излезена?!?!? Нели му е рано?
Јас како репер ја гледав оваа слика од Dr. Goodnight Е сега колку е точна, сепак секое дете е различно.
Да го носиш на доктор, пиша дека повратило во млаз пред некој ден, сега дијареа, мора да го прегледаат. @Lavender13 јас набрзо после прв оброк воведов и ручек, малце некако ми јадеше и сакав да бидам сигурна дека доволно се храни. Сега има доручек и ручек, само што наполни 8, некогаш знам дури и малце овошје да дадам приквечер. Ручек не јаде многу кога како, ама доручек јаде скоро секогаш околу 200гр. Воведи му полека и ручек.
@Giovanna денес накитивме елка, утре да го сликнеме и се мислам да ја откитам... цело време накај неа оди, тегне лампиони, гранки, става во уста, вовчето 100 пати го тресна од земја, ми е страв да не ја преврти цела елка. Ако можеш негде на повисоко, најубаво. @Secret-Angel7 изгледа нема правило со забиве. На мојот прво му излегоа два кеца доле, па две двојки горе, па тек сега кецови горе. Како вампирче е. Да го искористам постов. Откако почна да лази и да се крева, не успевам никако да го заспијам. Заспиваше за 5 мин во креветче, сега цело време станува и кога ќе го легнам вришти и пак станува и така дур не го кренам во раце. Пробав да не го легнувам, да го оставам да се пентари со надеж дека сам ќе легне, почна да вришти кога се умори и пак не легна. Како ги заспивате во овој период? Деновиве не покажува ни знаци дека му се спие, по 5, 6 саати е буден. Апсолутно никаков ред нема, а јас од утре на работа се враќам.
Да да обавезно утре сабајле ќе ја однесам но викаат дека е некој вирус и на другарка на синот и се десило исто иначе јас ја хранам три пати ручек доручек и вечера некогаш овошје и давам исто така и овошни кашички но моето бебе не јаде мнуне сака со сила ја лажам демек чоколадо на едната рака и и давам од храната моето бебенце ќе наполни 11 месеци и можно е да нема уште 7 кила малечка е многу незнам што да правам викаат дека е нормално дека јас сум ниска и таткото е исто така низок па што знам дали има некаква врска но навистина незнам што да правам како да се здебели
Луѓе има ли некоја регресија на спиење во 8ми месец? Овие денови што се дешава е страшна работа, не може дете сон да сврзи ниту пак јас. Цела ноќ обрќање, мрдање, лево, десно, на стомак на грб, врз мене, на нозе, со глава на стомак, со глава надолу…хаос. Плаче, кенка, ми ја растргна градава цела ноќ виси на неа и само штом ќе пушти се буди и вришти, со цуцла исто.Ќе го земам во раце и ќе спие 15мин и пак мрдањето почнува. Никако не влегува во длабок сон. Се буди со плачење. Денски спие ок, скрати на две дремки од кои едната му е саат, саат ипол. Тогаш спие мирно. Почна да лазе, заби нема ама има знаци, тоа ли е маката, што ли е не знам. Полудувам веќе мнгоу ми се спие.