@Анџелина , ако сеуште трае дијареата или повраќање може најдобро е на дежурен лекар да одите уште вечерва. Во врска со тежината, која и е родилната тежина? Исто консултација со педијатар. Искрено мене неполни 7кг на 11 месеци ми се премалку ама не мора да значи дека е така. Зависи од многу фактори, сепак најдобро знае педијатар.
Мислам дека е малце тоа на 11м искрено. Педијатар што вели? Дали си пробала со различен пристап кон храна, различна текстура, да јаде парчиња, да јаде сама? Млеко уште пие или на доење е? Јас не би чекала до утре на лекар, уште вечерва би ја носела на хитна, со цел ден дијареја може да дехидрира многу бргу.
Исто и мојава кога беше мала воопшто не спиеше ниту ден ниту ноќ ние првите запчиња ги извадивме на 9месеци имаше некој не наспани ноќи пред да излезат запчињата но и мојава има некој денови не спие исто како што викаш само мрда можно е да се запчиња
Таа си е океу мислам сега си спие последна пелена наполни накај 18 часот и ете од тогаш нема наполнето добра си е како и секој ден расположена си игра и се тоа па ќе видам вечерва ако нешто не е во ред веднаш ќе повикам амбуланта иначе се роди 2.600гр
Иначе често ја носам на педијатар јас живеам во Германија педијатарот вика дека е се во ред како што знам тука се добри докторите
Да, има регресија во спиење тој период. Кај моето имаше денови ни еден саат не врзуваше навечер. Најдолго траеше таа регресија
Па знам дека е малце тежина не не јаде уште парчиња имам страв да и дадам има 2 запчиња само незнам веќе што да и дадам да јаде навистина не сака да јаде никако 5 6 лажички и толку со сила и пикам
Нема страв, ќе се едуцираш за блв и ќе нудиш. Јас давам на моето парчиња уште на неполни 7м. Забите не играат никаква улога. Мала се родила да ама пак е тоа малку тежина за бебе од 11м. Знам дека педијатрите во странство не се замраат со тежина многу, ама треба. Отвори на нет BLW симну апликација солид стартс и едуцираш се за таков начин ан исхрана. Бебето не сака веќе каши сигурно, сака да проба и текстура и парче.
Ела да се гушнеме. Мислев ја сум го пишала постов. По тоа што читав ако не и најголема регресија е оваа. Премногу работи учат и процесираат се навечер. Значи заспиена се исправа и седнува и почнува да плаче. Крева газ и лази. Се качува на мене, ме гризе, ме тепа, се вртка, се тртка. Цела недела око неам склопено. Преку ден бајче а навечер е... Само се молам да помине побргу. Почнав и со работа немам сили веќе.
Точно дека не сака веќе каши и давам парчиња ама и ги правам многу мали па незнам знам за тежината но незнам утре ќе ја однесам сабајле исто така имам 21 термин за контрола валјда ќе бидат колку кила има но јас уште утре ќе му спомнам можна докторот незнам навистина често ја носам ќе ја прегледа и вика дека се е во ред
Абе и јас во Англија го носев често ама за килажата секогаш па и не се замараа многу. Види си ја апликацијата има совети како да ја служиш секоја храна зависно од возраст, ќе ти помогне. Оти стварно е малце таа килажа, не дека те напаѓам или нешто ама моето е 8м и е 9кг, океј е дека сите бебиња се различни ама 7кг за скоро година е стварно малце. @Thinkerbell. епа ајде со лесно тогаш. Ете страв ми е да замижам оти знам дека кај и да е ќе стане. Енос една недела ова, ако потрае мора некако да поспивам малце. Благодарна сум што не морам да работам сеуште, т.е што работам од дома колку можам и сакам. Јака во душа мајки што треба да станете и да бидете концетрирани и фокусирани на работа по цела ноќ неспиење.
Не е нешто љуботел на леб ама сум дала домашен и само средината така ми кажаа, од корките можел да се задави дека не се топеле а он уште не јаде парчиња
Мојов е багабонд ама не е нешто по елката, го доближувам се пружа ама не му е пријатна изгледа зошто боцка. Веќе цела недела како е ставена и единствено ги љуља долните не ги фаќа зошто се големи и неможе да ги фати цели
И тоа на најјако мајка! Тогаш ко никад изразен моро рефлекс мислам, се штрецаше многу, земав едно јорганче му направив како гнездо, уште спие во тоа. Горе кај главата слободно а надоле како потковица фактички. Спие пола вечер таму, пола натака со мене. Моето е спанко од старт ама тогаш на 2ч буден, ќе пукнев. И тоа ако добро се сеќавам не беше во скок тогаш. Мајка од парчиња ти е страв од чоколадо не ти е. Какво чоколадо на 11м неполни. Па како да јаде кога ја лажеш со чоколадо, нормално дека нема да јаде. И моето не сакаше да јаде ама со упорност успеавме да мрднеме со килажа, на 10м имаше 7ипол кила, душа ми знае колку мака видов додека се разјаде. Не сакам да ти попувам ама имаш погрешен пристап кон јадењето, седнуваш да јаде на маса со вас, да ве гледа, да знае што е јадење а не чоколадо, цртани, кловн изигравање. 2 деца така ги хранам, кога сакаат кога не, ама не попуштам. Се јаде само и само на маса во столче, исклучок кога не сме дома. Иста возраст ни се децата, совршено те разбирам. Бебе уште 10 дена овде ќе се мота, полниме годинка! Имам дадено се освен јагоди и мед, дадов и кикирики и лешници и ореви, љуби га мајка му иде да влезе во теглата путер од кикирики. Несвесно проба и сусам, му дале кифличка на роденден, додуша јас и во путерот ставам таан малку за да не ставам масло и таман му доаѓа да пробал и сусам. Од непознат вид проба и лампион, изеде нешто не знам што ама беше црвено и изгледа од хартија пошто го искака. Не јави реакција фала богу. Тема одење уште ни е табу, не оди сам ама да се држи на нешто поттрчнува дури.
Кој е подобар за лице за ладно време? Имаме сува кожа, па времево уште толку ни ја уништува, а и црвени образи ни прави
Ако си фан на uriage, би ти ја препорачала нивната колд крема, дерматолог ни ја препорача и за атопична кожа, само кога се активираше појако дерматитот земав на ла рош и сега со таа излегуваме на ладно. Веледа немам користено на бебињава, сите ми ја препорачуваа дека најприродна, ама јас во бременост имав јак осип од веледа и ми беше страв да земам за нив.