Уриажот е само хидранта крема и не помага на ладно, јас ја имам и го мачкав летото сега за ладно му ја земав таа уриаж колд мислам дека е добра малку е помрсна ама се заборавам да му ставам или се бориме за мачкање
Ве читам за кремите за на ладно. Задолжително е да се става или? Обична крема за лице имаме на Веледа ама и таа ретко му ја ставам. Нема чувствителна кожа и не гледам зошто да го шлапам безвезе.
Не пишав јас дека и давам чоколадо како прво свесна сум дека е малку но што да правам валјда најмалку би сакала на монети дете да и биде нешто лошо бог да чува што да правам мала е нормално ми е страв прво дете ми е исто така сама сум нема кој да ми помогне и затоа не коментирај безвеза како јас да сакам да и биде толкава тежината
Инаку на болница сме тука ќе останеме едно 3 дена докторите ништо не ми викаат за тежината викаат дека е нормално дека јас сум малечка
Ама мама ти пиша дека ја лажеш со чоколадо, јас само ти одговорив дека нормално дека нема да јаде јадење туку чека чоколадо. Не измислив за чоколадото, пиша во едната рака чоколадо во другата лажичка. И јас сум сама, еве моментално 2 машини алишта испрани од синоќа чекаат да ги пружам, немам кој да го чува малото, големото не е доволно големо да го чува малото, а малото е моментално во фаза кога сака телевизорот да го тресне од земја. Со 2 деца дупло обврски, од 6 станата да спремам големо во школо, да намирам мало и да направам ручек, моментално сила немам за ништо, ама ќе се издржи. Само да е добра малата, штом велат не е проблем килажата, онда верувај им, моите матични бараа причина зошто е ситен, па ми дадоа диета по која строго се водевме и фала богу пркна.
Незнам дали докторите не се добри тука во странство или што тие ми викаат дека нема проблем и дека таа е добра нема никаква болест и дека е сосема нормално бидејќи сум јас мала јас имам 20 год а личам на 13 па како што знам јас навистина има врска мајката и таткото ако се некој големи дебели и детето ќе биде немора да значи кај секого Али немало проблем нормално било така миб викаат тука јас нормално ќе се трудам да јаде повеќе дека и јас си сакам да си поканиме некое кило па се надевам ќе успееме
Хаха големиот има 4г. Регресијата на 8м ја памтам до денес кристално чисто. Друго имам заборавено, а баш беше тешко бебе. Ако е за утеха, проаѓа. еве и второ имам
Качуваше по 200гр месечно едвај, на 10м имаше 7ипол кила и за 3м не качи повеќе од 500гр, па ни дадоа диета. 5 дена во неделата месо по 70гр, 1 јајце, 1 риба, ако не е месо обавезно да е грав или некоја така манџа со мешунки и компир. Доручек овошје и житарка, вечера житарка со млеко и обавезно мини ужинки меѓу оброци. Цицање само наутро и пред спиење зошто се лажеше со цицање. Фала богу за 1м качи 600+ грама.
Можеби мојава не јаде затоа што цица кога сака и јас би било добро да не и давам кога сака и така млекото мое не е многу хранло бидејќи ја дојам од кога се роди и мала е требаше уште од почетокот да и давам адаптирано млеко ја сакав да ама другите ми викаа подобро мајчиното млеко точно се согласувам дека е по здраво но можеби да пиеше адаптирано ќе беше по дебела
Нема врска дебелината на бебе со ад или мајчино. И нема не хранливо мајчино млеко. Моето е на ад од 6ти ден од рагање па на годинката беше 9 кг, сега не сум го мерела ама сигурно нема повеке од 9.5, а 14 месеца е. А еве мојот си јаде се, и почна веќе доста количински некогаш знае и околу 300 гр да изеде, плус овошје измеѓу јаде обавезно, па не качува многу на килажа. Генетика игра голема улога, па ако е здраво и среќно бебе нема простор за паника
Офффф. Еве трет пат се разбуди откако ја легнав во 7 и 45. Нормално, со драми и плачки. А дремната преку ден, јадена, играна, прошетана. Дојде ли вечерта ми оди од дома да избегам периодов. Долга ќе е ноќва, а уште подолг денот утре на работа
Исто е и кај нас, легнува и станува после саат и нешо со плачки. Уствари не се плачки туку е вриштење. Многу нервно дете имам, не знам на кого е метнат. Три вечери со ред вака се занимаваме, на крај си легнува во 12 со липање. Ако му дадам да цица се расонува и слободно може да го седнам на подлога да си поигра до 12-1.
По математики бидејќи е родено 2,6кг, на годината треба да има три пати повеќе односно 7,8кг. Ама само по математики. Ти најдобро си го знаеш детето, а и докторите кои таму ве следат. Еве од советите тука, ако мислиш дека е многу цицање, намали со тоа, може ќе зголеми на количина на цврста храна. Или доколку има витамини/сируп и се дозволени за таа возраст, може и со тоа да пробаш дали би се отворил апетит. Дали имаш евиденција колку има ставено во тежина последните 2-3 месеци? Може некаде си пишала, па прескокнато ми е. Еве моето дете на пример е малку помало родено од твоето, а веќе ближи 10кг. Е сега општо фамилијарно, ние сме покрупни, па и не очекувам нешто премало дете, плус и си јади моето.
Со лесно и кај вас, да го преживееме некако периодов. Сто пати се преиспитувам дали грешам негде или едноставно такво е детето. Не можам да сфатам како преку ден е совршеното дете ама затоа навечер ми наплаќа за се. И искрено загрижена сум и за неа со такво прелошо спиење. Да не се знае сон да се врзе. Откако е родена не е по спиењето, ко зајак спие, ама ова е ново ниво на лудило.
Нели? Како скроз различни деца се преку ден и навечер. Некои денови кревам раце, го седнувам да игра до 1 и стануваме во 10 сабајле. Ама јас сум сеуште на породилно и за тоа сум многу благодарна, иначе не знам како ќе го истеравме периодов. Толку голем спијач сум јас, си викам барем на тоа да се метнеше на мене, тој цел на татко му.
Со вакво неспиење и да одиш и да не одиш на работа, никако не си...особено ако си сам со детето дома, зомби. На работа барем успевам топло да го испијам кафето дома нема шанси. По природа не сум спијач, ама ова чувство ме дроби веќе со недели и месеци, каков сакаш биди ќе те совлада.
Ќе се надоврзам на муабетите за јадење и килажа. Веќе стварно не знам што да правам. Детево ништо не ми јаде веќе 2,3 недели, а и пред тоа све сме само со молење. Му искачаа кецовите горе ај океј искочија и пак не јаде. Има 7800 а за една недела правиме година. Последниов месец има качено 400 грама. Нема што не пробав, месо секој ден, житарки , јајца, млечни оброци, ад млеко, кравјо млеко, каши, парчиња, блв, сам да јаде јас да му давам и ништо не упалува. Вечер мн често се буди да цица и знам дека е ради тоа што е гладен. Преку ден исто си бара да цица барем 3 пати и плаче а јас сум сама и морам да му дадам пошо шо и да направам едноставно неќе да јаде и морам да му дадам да цица. Има ли некоја мајка што имала ваков проблем па со одбивање од цицање се разјало детето? Педијатри велат такво си е детето поситно, и јас сум била таква нејадач, во 1 одд бев 17 кила и до средно бев коски и кожа, ама па мн се нервирам што ми е такво детето....
Нема врска тоа со тежината мојот е роден 1.800 ако е така треба да биде едвај 6 кила он е 10+ и е 11,400 на последното мерење пред месец. Никогаш не сум се замарала со тежина иако за восраста е потежок ама па затоа е и доста висок.