Ела да те гушнам Маж ми вика, знаеш ко ќе речат различно ко ден и ноќ? Ете ја... преку ден злато, ноќе... ноќ.
Не грешите, некои деца се такви, побурно реагираат на промените кои им се случуваат. Само совет ноќе коа ќе се будат, ништо не правете, ни светло, ни играње. Да им здосади дека е темно и да продолжат. Ако ги научите на игра, ќе очекуваат да играте. Праете се дека спиете. Мене големиот од бебе ми беше гласен, плачеше гласно, непогодено му беше све. Еве го и ден денес он е најгласен секаде. Гласно збори, пее, вика и е скроз различен од мене и татко му кои сме тивки луѓе. До 3 ипол години се будеше некогаш и ноќе од сон со плачење. Бебево од раѓање е тивко, не ни плаче, кенка само ако не му е нешто ок. Така се раѓаат, карактери
Мамички дали ви зголемија витамин Д по третиот ортопедски преглед, тој негде на 8 месеци? Колку давате на 8+,9+ возраст?
Не си стварај грижи и вина џабе оти нема врска ова. Ќерка ми е од 3ти месец на ад, сега има 2 години и е 10кг. 10кг! И генетика има доста големо влијание, јас и маж ми заедно немаме 100кг
Малата од раѓање е на ад, 10кг е, а скоро 3 години. Големата до 2 години на доење, буце беше како бебе. Сега е 6 години и 17кг. Така да нема врска доење или ад, генетиката има најбитна улога во тоа какви ќе бидат децата
Ист е и мојов од мал, ама да овоа е ново ниво на неспиење. Само надвор е наспиен, дома никако. Синоќа јас не знам дали спиел или не оти сум се комирала скроз, може ќенкал ама не осетив, преморена бев. Ама вчера дента беше хорор, значи покисел чинам откако е роден не бил. Не пукна и мене и татко му и баба и дедо, сите, 2 мин не му се погодуваше ништо. На крај стварно мислев дека нешто го боли, ама после видов дека сме во громчето, уствари пред громчето, ама апликацијата ми бега за 2 дена, како што приметив до сега. Денес е за нијанса помирен ама долг е денот ќе видиме. Исто моро рефлек многу изразен, додека беше мал немаше волку штрекање, сеа абе не смееме да се накашламе дома додека спие, а надвор во парк некни, со пискање на децата колку глас ги држи спиење 2 саата, ама дома сите треба да ќутиме. Моето многу плаче на менување пелени и облекување, страв ме фаќа кога го гледам дека кака оти треба да го мијам и знам дека ќе има страшни драми. Ајде живи и здрави ќе пораснат ама ние ќе си побелиме Тетка ми некни ми вика сине како мајка многу си ми разубавена, викам каде ме виде тето разубавена, јас како зомби шетам по цел ден.
Баба ми со истиот муабет. Кога и да се слушнам со неа ми вика разубавена си. А такви подочњаци имам, косата пола падната, пола искубена, повратена на секое рамо… ах бе бабо викам не ти е арен интернетот, затоа така викаш.
Да, едното примаше 3 пливит и една омега со д3, ортопед ни зголеми на 4, а сега на 10 месеци педијатар ни зголеми н 4 пливит + една омега со д3, поради тежината ни кажа. Над 9 кила се сега двеве.
Мајки дали користите готвач на пареа и дали е паметно да се купи? Сакам по нова година да почнам со вкусови и полека се спремаме.
Ве читам за тежина, јадење-нејадење и се чудам за моево дете. Има 8 месеци и недела, 7 ипол кила и тоа мерен облечен. Страствен цицач и јадач е, а килажа слабо качува. Роден е 3100, татко му вика до 12 месеци ќе триплицира ли килажа ова дете. Јас викам да сигуно, ама искрено и не сум толку сигурна. Ете сабајлево за доручек си мавна 210гр просо со јаболко и банана. Скоро никогаш не јаде минимум т.е. 150гр. секогаш е поблиску до 200гр. Јаде на 3 саати, некогаш и порано бара. Многу е жив, лази војнички, се обраќа, 100 на саат е. Дали тоа има влијание што не качува кила еве не знам. Долг е, ама не нешто премногу 71-2 цм ваљда има веќе. Грешам ли негде или едноставно такво си е детето, стварно не ми е јасно.
Многу троши детето, и моето е така, 8400 последно мерено, 72 цм. Не јаде многу деновиве, очекувам и ослабнат да е.
Мамасити. Синко веќе три ноќи ми се буди на два саати. Има 29 недели и 5 дена. При крај сме на онаа црвена трака во 5 ти скок. Дали е до тоа или има нешто друго околу 30 та недела. Аууу многу тешко било ова такво спиење/неспиење. Па згора на тоа и настинав. Втор пат во месец дена, џабе пијам толку витамини, имунитет нула имам. Се надевам дека и овој пат ке го одмине Давид и овој вирус што ли е не знам.
Општо од секогаш не качува по многу он. Веројатно и генетика е. Татко му бил исто ситно бебе, јас не толку. За јадење си јаде, така да знам дека не е до тоа. Како и да е, нека е жив и здрав. Ќе си порасне.
Луѓе а во колку ги легнувате бебињава за ноќно спиење? Моево почнав да спремам за спиење рутина околу 8 да заспива, почнува околу 7 полека да спремам за спиење, он стандард ќе заспие во 7:30 секој ден и после се буди како од дремка и пак 3 саата спиење нема…од мал ми го прави истото со спиењето, заспивањето го смета за последна дремка, јас не знам стварно како да го решам ова. Почнав и во 7 да го будам ама многу е нерасположен кога го будам рано, цел ден ни е пореметен. Секој ден се буди и заспива во исто време и дремките му се во исто време, а јас порбам да му наметнам друго, дека мислам касно е 10 да запсива мало бебе. Не знам како да постапам.
Ние уште имаме нешто слично, се буди 40 мин по заспивање но ако го презаспиеме брзо обично си продолжува. Дури и си знаеме со мм, од успивање за 40 мин дека некој треба да е слободен за да оди да го призаспие. Легнува обично меѓу 20-21. Нас најмногу ни помогна воведување некоја кратка рутина за да знае дека се работи за ноќно спиење. И будење секој ден во исто време, 30 мин +/-. Изминатава недела се буди со плачење ама ова е различно од тоа ти што го пишуваш, знам бидејќи и ние со истото се мачевме долго време.
И моево легнуваше 21 и спиеше не се будеше, ама се поремети нешто оти јас решив порано да го скорнувам и последната дремка ќе му дојде многу рано и после третата која не треба да ја има, му испаѓа место спиење и не знам каша попара направив. Ајде да мине овој скоков може ќе успеам со некој ред, стварно ме нервира ова будење. Кога некој ќе ми рече јас го запивам во 7 и спие до сабајле, викам како????