Бројче, вака што те читам околу спиењево единствено што ми паѓа на ум е да му скратиш дневни дремки. Може си пишувала колку дневни има, ама сум испуштила, само те прочитав дека ти отспал два часа. Еве мојов на пример, два часа нема спиено од кога беше новороденче. Среќна сум со 40 минути, што ееептен ептен ретко се случува. Буквално се дешава да спие 15 минути. Ама мислам дека за сметка на тоа, навечер најдоцна е заспан до 20ч, сабајле целосно се буди околу 6.30-7ч. Во тој период се буди 3 пати, некогаш 4, за цицање, барем јас си толкувам дека е за цицање. Денски не можам да прднам од него, многу ми фали да врзи еден саат барем, нека е и една дремка ама саат-саатипол да отцепи. Ме пукна со неспиењево денски. Ни моево, ни твоево не е фино, еве ако има некоја мајка што бебето ѝ спие по пропис, нека кажува. Јас само знам дека измеѓу секоја дремка, треба да има 3.5 часа размак, а пред ноќното спиење дури и 4 часа од последната дремка. Зборувам за бебиња наша возраст. Ич не сакам слепо да се водам по вакви дефиниции, не се децата програмирани роботи да си прават рибут на систем сите во исто време, ама еве, да споделам можеби нешто ќе значи.
Настрана од горниот пост сакам да прашам дали и кога сте ги насетиле да сакаат сами да јадат? Како ви покажале? 8++ е, ми бутка лажичка, фрла, џитка, стиска уста, не сака да јаде воопшто ни топло, ни ладно, ни омилено. Има 7 заби, прилично лесно минавме до сега со вадење, ваљда не го мачи тоа.
А колку дремки има? Уствари побитно, колку саати ти спие денски? Мојов е или со 3 дремки од 40 мин, или две ако едната е подолга. Подолга е само ако јас легнам до него, тоаш знаеме да затераме и 3 саати Јас уште чекам на тоа да легне во 20 и да стане сабајле Изгледа ќе си почекам. 3,5 не е многу? Мојов е 7,5 па на 2,5 саати му се приспива, до 3 ако го држам веќе се плачки. Единствено пред последната дремка може да е буден 3-3,5 часа, и тоа ако е добро наспан во текот на денот. Мене истово ми се случува и во совршен ден, со сите дремки по терк. Го легнувам во 20, во 20:40 се буди. Толку му е циклусот на спиење и излеа му треба помош дур да завземе во ноќното спиење. После е добар, се буди после 5-6 саати.
Ајде да ве утешам за спиењето, мајка ми цело време ми викаше кога ќе прооди ќе се изморува и ќе спие цела ноќ, и така испадна, прооде па помина на една дремка околу 11+ (знам дека е рано според google ама немаше шанси за втора да се успие, се мачевме) и сега спие од 19:30-20 па станува дури во 6 да цица и некогаш до 7 поспива
Моево нема шанси да издржи денски 3.5 саата, 2ипол саата и дтанува неподнослив, очи му капат. Он прва дремка е најчесто 2 саата по будење и трае 40тина мин, втора е 3 часа по првата одвај и тогаш ако е надвор може и два саата да спие, ама ако е дома исто само 40тина мин, ретко саат. Трета нема, уствари јас не сакам да има и обично до спиење има 3.5.-4 саата ама он ѕоа го смета како дремка. После и да пробам да го презаспијам не сака за жива глава со саати плаче ако не мрдаме од соба, мора да станам, и потоа ќе заспие во 10 какомо обично, без проблем. Штом ќе кцне часот одма заспива. Дузи машала моево ни еден заб нема, а ни на повидок нема. Ама одбива храна и моето, недела сме разлика, ручек не сака за жива глава, се што направам фрлам еве веќе недела и повеќе.
Нас ортопед ни рече 800-1000 единици Д витамин. Јас сеуште давам Babythol+omega и 2-3 капки Пливит. Е сега рече цело време да продолжиме, до пубертет што ми падна чудно.
А зошо да нема трета дремка? Очигледно е дека му треба, затоа и станува така. Од прилика викаат 12-13 часа треба да им е долг денот, доколку сеуште не е спремен за тие прозори на будност што ги напиша Дузи јас мислам дека можеби и му треба таа последна дремка. Пробај неколку дена, види.
Во периодот од 15 до 9 - 9 ипол го заспивам. Ако е порано од ова знае да си го сфати како дремка и да се разбуди по 40 мин.
Абе цветче не можеш по книга да се водиш. Некој кажал како треба за возраста, ама детето најубаво си кажува само како му одговара. Јас многу пати кажувам дека повеќе го следам него, отколку саатот. Гледам да има 3ч часа меѓу дремки, ама не секогаш е изводливо. Ништо посебно не правам околу спиењето освен што го успивам кога покажува први знаци. Трие очи и се прозева и често знае да е тоа порано од 3 па и 2 часа од последната дремка. Има три дремки, во просек 3 саати вкупно дневен сон и 11-12 ноќен. Нормално варираат и не е секој ден ист под конец, ама просекот е тој, водам евиденција. Ноќе заспива околу 9-9 ипол, со едно станување околу 4-5, некогаш и 6 и сабајле станува 8-9. Може имам дете спијач, не знам.
Ама нема уствари време за трета дремка, јас му ја скратив оти сакав да го успијам во 7-8 ама он тоа го сфаќа како трета дремка и се буди и после чекаме пак да дојде време за спиење. Значи пример се буди во 8:30, 9 најчесто, прва дремка му е у период од 11-12, После втора му е околу 3:30 и тогаш спие некогаш и саат ипол и нема време за трета(поточно ја што сакам да го легнам место трета) Може грешам со прозори на будноср, ама се водам по апп и секогаш денски заспива без проблем кога ќе му дојде време, давам цуцла и заспива у било која положба и ситуација. Ете сега спиеше во 7, спремни во спална за ноќно спиење, околу 40 мин и стана и до сега не сакаше да заспие пак оти му е рано, ама дојде околу 10 и само дадов цуцла, ме погали малце по рака и заспа.
Не знам, како краток да му е денот? Ако стане во 8:30 и го легнеш во 7, па и 8, ко многу да е рано. Пример мојот станува меѓу 7:30 и 8, а го легнувам меѓу 20-21. Некогаш ако се заборави со денските дремки знае да фати и 22. Конкретно денес, стана во 7:50, легна во 20:40. Со три дремки од 40 мин. Според мене легнување толку рано, од 19-20 си бара и станување околу 6-7 изутрина. Затоа и не го практикувам.
Мислам дека не грешиш ама јас би го будела порано така неколку дена околу 7:30 и види дали ќе се навикне
Дали знаеш една капка пливит колку единици д3 содржат? Чисто за споредба со вигантол, јас тоа давам сега. Колку што знам се препорачува вит Д додека се во раст децата заради коските и правилен развој(ако грешам нека ме поправи некој), во месеци што не содржат буква Р. Ова не важи за мали бебиња. Големата ми е 9 години, не секогаш но чат пат знам да и дадам и нејзе. Добро ме потсети, помина лето може да и вклучам некој месец @1209 мое мислење дека на таа возраст се потребни 3 дремки. Знам дека е тешко, сон на секоја мајка е бебето да не се буди рано но и да заспива рано. Е тие две работи и баш не одат заедно, иако има исклучоци. Може е нервозен кога го будиш рано но тоа ќе трае една недела потоа ќе се навикне на тој ритам. Но додека сте во скок не е препорачливо да се менува нешто, секако се понервозни, не им треба дополнителна нервоза.
Абе реално и јас не сакам толку рано да станува, мене ми одговара да заспива 9 пример, оти вечерно време знаеме да се прошетаме со него или мм ќе го заашка некаде па јас уживам малце или гости, пример моите работат докај 5 и кога го носам да го видат никако не успеваат за тие саат време. Така да ми одговара реално и поксно станување, ама дека секаде пишува децата треба рано да се успиваат и си имам зацртано во глава дека јас уствари лошо му правам за мој ќеф…а како што гледам у глобала сите у толку ги заспивате
Денес беба стоеше бајаги до каминот, до огнот. Вечерва забележав зацрвенети образи. Можно е да се претоплила? Или пак е алергија? На др место по телото нема ништо. Брокула јадеше денес втор пат, првиот немаше ништо. Жолчка дадов вчера 4 пат, предходно немаше ништо. Друго немам ништо ново дадено. Да спијам мирно или да следам?
Бремена сум скоро 6 недели, дома имам 11 месечно бебче. Некоја мајка да сподели искуство дали дечињата им ја чувствувале бременоста? Цицалче е, воопшто не спие навечер веќе 2 недели, пијам утрогестан можеби е од тоа? Ништо не помага, не знам дали е период или вака ќе биде цело време…
@1209 , може грешам, не дека не, ама гледам да се водам според времето на бебе. Ако заспива околу 20:30-21:00 и ептен немам излез ја оставам дома со баба и да ја успие. Во спротивно јас моето време или средбите каде присуствува таа си ги темпирам спрема неа. И на именден сме поминале во 17:00 часот. Уште маси ненаредени, културно се јавив претходно, кажав дека мора да носам бебе, дали им одговара на кратко да поминеме порано? Блиски луѓе плус и тие со мали деца, рекоа Ок. Кога ние имаме гости, ако и се приспие, се извинувам, оставам маж да си седи со нив. Носам бебе во спална да се успие, па си се враќам подоцна кај гостите. Сега пак откако сум вратена на работа, на минимум ни се средби преку неделата сведени. И кај моите ја носам на пола час/час. Не за друго, туку секое поместување на нејзиниот ред, ќе значи дека може да седи будна и до после полноќ, а следниот ден и јас да сум како зомби на работа (ок, и без тоа сум ) и таа да е цел ден плачлива.
Немаш потреба. Јас ја мачкам зошто знае да се лигави околу уста и од ладно после да и се направи црвенило.