Ко да се читам јас. Легнуваше во 7 сега легнува во 12. Ако ја заспијам порано цела вечер ми се буди па решив да седам и јас до 12 во име на преспана ноќ Цело време мења со дремките и пробувам ручек да воведам ама исто не сака, а доручекот го јаде цел.. Мене некако ми се смени детево откако почна да јаде па не знам дали тоа има некаква врска со сонот и спиењето. Многу се замарав за ред ама веќе не, гледам дека постојано мења.
Не грешиш секако треба според нив да се ориентираме, и јас генерално правам така како тебе, гости и неаме многу, кога одиме некаде одиме порано, проблемот е кај моите, ај и тоа не е толку проблем, ама у глобала јас форсирам очигледно нешто што нему не му одговара за сега, рано будење и рано легнување. Изгледа стварно така испаѓа дека мењаат како што велат старите…нејсе да не ја полнам веќе темава со спиње, ќе мине регресијава па може ќе фатам некој ред подобар. Фала на сите за споделените искуства, ќе се наспиеме кога ќе станат големи
@1209 , по времево во кое пишувам се гледа колку јас спијам. Бебка пиеше млеко и си продолжи. Во врска со време на легнување. Сме имале и легнување од 20:00 до кај 6:00 наутро со 1-2 станувања за млеко. Сме имале и од полноќ, до кај 10:00 веќе ден што се вика. Додека бев на породилно ми беше ова совршено, ама сега со моментот работа/градинка, не. Не ми е проблем да кажам дека има денови каде што и јас уште во 22:00 сум заспана со неа. И реално сега измачување ми е седењето до после полноќ. Е сега сум пробала да заспијам дете порано, во време што мене ми одговара, ова кога се успиваше сама околу полноќ. Такво плачење, за ништо немам добиено. Буквално како насилство да вршам врз неа, а не како да си лежиме во спална, со тивка музика и минимално светло.
Бројче големата почна со преспивање цели ноќи на 2ипол год, таман почнав да спијам ко чоек и дојде второво Мислам искрено дека му е краток денот оти и покасно станува, тоа е проблемот, ако веќе така терате ред легнувај го покасно инаку ќе се мачите.. Мојов е скоро 10 месеци (за 3 дена полни 10 де хаха), заспива 19:30/20:00 навечер ама станува во 6 сабајле, 6ипол е максимум Прва дремка 9, 9ипол, спие саат или саат ипол, после тоа втора дремка во 14 или 14:30, зависи колку спиел претходно де и кога станал утрото и спие до 16 часот отприлика и толку Рано легнува да, ама и многу рано станува, ама нас така повеќе ни одговара и така сме го затерале од бебе Ај да прашам сега нешто, кај можам да најдам онакви како алки што се закачуваат по креветчиња за да се крева бебе? Сум видела по нетов ама кај нас не.. Едвај чека да се закачи за некого за облека и да се крева, те гребе те штипе за да станува
Реално да си легне во 7 е прерано, у ниедно дете не сум легнала во 7, на јатрва ми и пред 7 беа легнати и често знаеа да не откачат летно време за шетање или дружење пошто оби во 7 мора да спијат. Еднаш во село сите собрани и ќе седиме ќе играме карти, она мораше да се прибере во 6ипол зошто од 6ипол им почнуваше ритуалот и до кај 7 да се заспани, се дотуфка, ама не покажа слабост, во 7 кома со нив и она. Следниот ден пак, 4 дена бевме, 4 дена децата бел ден не видоа од што се држеше до некој распоред нејзин, се беа нервозни, се беа ќенкави, јас не знам дома како издржуваше таа жена. Јас тогаш со едно бев и се знаеше, во 9 легнуваме, во 9 стануваме, таман и за шетање и за играње и за спиење... Си дојдовме од село моето со обравчиња црвени румени, јер планина и чист воздух, они модри и со подочњаци, нервозни, вика ти се плукнам у редот, кажувај како се успивате вие, ова не иде више вака. Кај мене големото од раѓање е под саат, сега и малото слично се понаша, ретко ретко знае да смени (како утрово) станување до кај 8, спиење, јадење, се под конец и во 9 во кревет, најдоцна 9ипол е заспан. Големото веќе знае да одолговлечи и до 10, али он е голем, друго е. Големото ми спиеше до пред да тргне у школо на пладне, по 2 саата ќе ги отспие, малото до пред некој ден спиеше по 2 пати на ден, сега транзитираме во 1 дремка, да се учиме на ред от од градинка. Синоќа на слава бевме, се престимулира, лошо спиеше, затоа и рано стана па одма после доручек си заспа, ќе видиме денес како ќе биде спиењето, ама полека веќе се учиме на 1 дремка, во 9 во кревет и топ ми е. Подобро 2 квалитетни дремки отколку 3 по 15мин-пола саат.
Оти па за во зима е прерано да си легне 7, 7ипол, еве ко мојов е веќе заспан 7ипол, 8 максимум? Мене двете деца ми биле така и ми одговара затоа што така си спие и цел ноќ ни за млеко не станува малово, големата со истиот ред се будела за млеко еднашка до 2ипол год оти не била јак јадач до тогаш и ете била гладна претпоставувам Ама двајцата по овој распоред ми оделе Лето знам да дадам саат плус, саат ипол еве и два ама тоа е премногу за мало бебе, за да не си легне што би се рекло дење туку да е темница веќе Што има врска картање село и останати работи исто не знам Ние живееме во село, лето отсабајле и попладне сме или во двор или во парк во село, навечер деца легнуваат ја и мм може со друштво да се картаме и до 3 сабајле Ако треба да идам некаде навечер успивам деца викам баба да ги чува додека спијат и излегувам, ако нема баба не излегувам едноставно и тоа е тоа Не гледам причина да се осудуваме коа нас овој ред најмногу ни одговара, на пријатели им одговараше да го легнат во 12/1 навечер оти идеа најчесто втора смена и ко ќе си дојдоа во 10 сакаа да си го видат детето и да си поиграат со него, секој со својот ред едноставно Ама јас да го легнам детето во 10-11-12 ми е назамисливо коа ја и мм за на раб стануваме во 6 или 6ипол Туууу сигурно и мене вака ме зборат, со некој распоред нејзин
Мојот заспива 19ч, 19:30 најкасно. Од 5-6 месеци така заспива, до 6.30-7 сабајле. Не дека јас го терам, сам така сака. Сум пробала да му поместам, нема шанси. Ќе премале од плачење. И не пробувам веќе. Го следам него и неговите потреби. Се случувало и во 18:30 да сака да спие и го заспивам. Летото надвор уште ден, тој плаче за спиење. Подобро бебе заспано во 18:30, него хистерично вриштење до 20:00/21:00 затоа што ја сакам тогаш да спие. Вчера бевме на слава кај свекрва ми. Мали си играше на гарнитура седнат, гости фул, саатот 19:10 и го гледам само си навали глава и си заспа. Ни галама му сметаше, ни гужва, ни светло, ниту па не побара мене и татко му за да го заспиеме. Му се спиело и си заспа сам.
И за мене тој распоред е недобитен. Не се ни водам според тоа, само споделив на што имам наидено на инста мислам беше. Многу бев, а и уште сум наплашена од дете неспијач од внук ми, знам која мака е и знам дека после четвртиот месец гуглав, заследував профили со типс енд трикс околу sleep cycles, воведување навики, како, кога и само се испобунив на крај испадна него да го следам. Ако во 20:40 ти заспива ноќно, супер е тоа, пристојно. Ја џабе го пофалив вчера моево за ноќното спиење. Толку веќе ќе си ќутам. За забите не ми збори, во два месеца негде 7 извади и уште се на повидок. Цицањето нема да го коментирам. Не не, воопшто не се водам. Споделив само инфо што мене апсолутно ништо не ми менува, ама на некој можеби ќе му е од корист. Ама и Бројче и Лаванда се изјаснија дека 3.5ч е многу за нивните, така да, си го преиспитувам изворот сега. Не знам, не сум паметна на темата спиење. Вчера солев акл, денес друго дете имам. Сега дури стасав да пишам.
Исто, на нив мислам дека биолошки им доаѓа со сонцето кога ќе изгрее да се будат, секогаш си станува од 6-7 нашиот и не планирам за дружби и гости да го замарам до 9 да седи
Така си е ете и за моите, некогаш се случило во 18:30 да е заспан малиот оти дента не спиел ич по дремките и е преморен веќе, и он пак си спие до 6, 6ипол сабајле Вчера до 9 останавме на гости кај свекрва ми оти мм дојде доцна од работа во 19ч, малиов препека, џабе беше се иако бевме 9 дома и изместен саатот малце што се вели беше, он цела ноќ кенкаше потстануваше не наспаспан ене го не може да се освести од дремка, очекувам да е и екстра кенкав денес
Ми падна! Се тресам, плачам и пишувам. Што треба да следам? Многу кратко заплака, и кога го гушнав одма се смири. Како можев, како?!?!?
Ама јас не осудив, скраја да е, ја пишав само реакцијата. А дека секој си праи како му одговара тоа апсолутно. Ако бебе е среќно, задоволно, напредува, јаде, пие, спие, зошто да не и во 6 да легне и во 11 да легне, кога му одговара тогаш. Муабетот беше дека она добри 2г ги форсираше децата големото и малото се разлика 1г, значи и големото и малото 2г ги мачеше да заспијат во 7 за она да одмори, а напротив, нема одмор, они нервозни, ќенкави, она нервозна, неодморена зошто во 7 ќе ги заспиеше некако, ама после не смееше ништо да мрдне да шушне и од дома не искачаше никаде да не стане некое да презаспие одма со цице. Зборот ми е дека не е зорт да нора да заспие во 7 ако не му се спие, а сходно на тоа и не е проблем ако заспие во 9. Муабетот со село и карање ми беше дека 4 дена ние сите останати, 4 фамилии со деца, шетавме, игравме, уживавме, а они беа под стрес и самата жена си кажа дека греши. Не дека јас и кажав. Дете што спие не се буди како што не се заспива и дете на сила.
Мама не се сеќирај, ќе паѓа тек. Следи дали ќе повраќа, да не има тикови и поглед изгубен ( во краен случај) и толку. И ќе паѓа и ќе се удира, не се сеќирај.
Мама од каде колку високо падна бебе? Ти кажа Ангел што да пратиш, мое бебе е 10м, до сеа 3 пати ми падна, да се скријам сеа Првиот пат плачев и јас со него да Два пати од висока спална долу падна на подлога само, а одоздола е плочка....
Од гарнитура 10-12цм. Јас отидов по влажни во спална, буквално 20 секунди ме немаше. Се вратив во моментот кога паѓаше, го дочекав ама падна.
Ништо му, ќе паѓа и ќе паѓа, ова како јас да исчував многу деца па знам ама моето до сега падна 2-3 пати у седење пример и плачеше доста, глава си акна многу пати од што уште не, некни во чешма аркада забоде, ама тоа е, кога де живи црвчиња така ќе е. Прати го и смири се. А и не е високо тоа, мојата е 45, а мм уште го остава така, само се караме за тоа, очекувам кај и да е и од таму да падне ако маж ми не се заозбили.
Моето заспива измеѓу 21-22 часот и го оставам така, пробав да преместам помеѓу 20-21 часот, но на секој два саати ми се буди. Нека заспива покасно ама да спие квалитетно. И станува во 8 - 8:30 тоа некое време. Денски имаме три дремки, некогаш 4 ако се пократки. @Bella_Stella не се обвинувај. Ќе седиш до него и ќе падне, ќе се чикне. Тоа е неминовно мора да се навикнеме и на такви работи.
Мајка верувај ништо нема, знам дека е стресно многу, посебно првиот пат, секој нареден само ќе го прегледаш, пратиш 2 саати и тоа ќе е тоа, за година од сега нонстоп ќе паѓаат и трчајки и одејќи и качувајќи некаде, само да не е страшно мајка