Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.470
    Допаѓања:
    32.591
    Пол:
    Женски
    Ааа и ти ко ќерка ми (facepalm) Ко стана од дремка тогаш, одма пак му се закачи на ѕидот и мм го стави креветот ептен долепен и му се налути :rofl:
    Јака и душа на мајка ти :D
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.108
    Допаѓања:
    111.004
    Пол:
    Женски
    За мене е важно секој месец да се прегледуваме зошто сакам да знам ако некаде нешто пропуштаме. Ама јас со влечам трауми од првата година на внука ми и сите испуштени знаци и затоа си го носам ко попче секој месец. Кај нашиот педијатар е посебен влезот за здрави деца и посебна е ординацијата, така да не ми е страв дека ќе фати нешто, мада јас одам на работа, бато во школо, тато на фудбал и шета, во секој случај може да му пренесеме нешто ако веќе така гледаме. А да, баба му е воспитувачка во градинка и моментално пола група и е со варичела, ама да се допазиме не можеме, тоа е. Се надевам уште недела дена до роденден нема да се разболеме, а и после, да не чува Бог оти со бато бааги протргавме.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.727
    Допаѓања:
    21.413
    Пол:
    Женски
    Знам мама знам, подобра сум веќе. Се расположи за брзо он. Три минути откако падна му се пушти на далинското како да нема утре. Жилави се многу, од раце мислам ќе ми избега некој ден. Он е бебе што ич нејќе во раце, се тегне да го пуштиш, само да се пентари негде. Ако е како мене, а така ми изгледа, ќе се навикнам на паѓање. :) Јас бев вечно со модри и изгребани колена. И само трчав да ставам завои преврски. Толку блесаво дете бев што се радував кога ќе се удрам зошто ќе носам завој или ханзапласт. (facepalm) Нека се живи и здрави, ќе паѓаат тек знам. Само да нема посериозни последици.
     
    На AniSk, LiquidLuna и 1209 им се допаѓа ова.
  4. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.673
    Допаѓања:
    7.591
    Пол:
    Женски
    @1209 , мислам не си во Ск,ако добро имам сфатено од постовите.

    Е сега во мојот град, во недостатокот на педијатар, сите прегледи и контроли ги правевме на болница. Баш како што викаш, во детско одделение, здрави, болни, сите на куп. Некаде до кај август, додека наполни 7 месеци одевме секој месец. Потоа самиот доктор рече нема потреба бидејќи од септември веќе се зголемуваат и вируси и се останато.
    Мислам моево е секако настинато често и бар 1 во месец сме на прегледи меѓу другото. Меѓутоа на класични систематски прегледи сега ни закажуваат само со вакцини заедно. Баш мерење висина, тежина, обем на глава, следење психомоторен развој.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.108
    Допаѓања:
    111.004
    Пол:
    Женски
    Леле ние му изгубивме траг на даљинското, никаде го нема. Тоа од тв што е, две имаме, едното е од тв, другото од ресиверот, среќа тоа го имаме пошто тв се пушта и од копче, лесно е, ама програми мора со ова да се мења. Нека е жив и здрав, прав мал терорист е.

    Иначе денес беше невозможен синко, мамата ми ја расплака. Сами сме од петокот, мм е периодично присутен, вчера на слава не го зема никој јер золва ми до херпес не и го дадов, во поминување и со фластер, ама не, свекрва ми не сакаше имала многу сипаници во група и јас разбирам, ама душа немам во мене од држење во раце. Кај неа ми е тесно и небезбедно за бебе, ќе напраи некоја беља, па само се подаваме со мм кога одиме, ама стварно ми паднаа рацете. Оно секако ова не го есапат многу, не го тинтари никој сем ние, ама па да не одменеше некој да касневме ко луѓе... Среќа кај кумовите девојчето што го крстеше го обожава па го грабна, 20мин одморивме раце од него, ама толку беше, отидовме дома, му се спиеше. И пошто престимулиран, тоа не заспива, не зацврстува сон, се штреца, па и рано стана, со мене во 6, абе душа ми знае денес. Едвај чекав да капитулираат да средам малку, да фрлам ѓубре и да пружам нозе. Ми остана неусисано, ама не можев и тоа. Малото одма се предаде, големиот еве го се трти се врти, се мота, се сука... ако ми го разбуди ќе плачам мислам.

    Туку давајте совет, како да откачам ноќно цицање? Он вака не се буди навечер, да е досаден, цице и одма продолжува, ама осеќам дека се буди само за тоа, не е гладен. Значи станува го зимам ќе цицне 2 пати и кома, мене сонот партал така. Често не знам кога сум го зела, се будам само и гледам дете до мене... Желна сум да се наспијам еднаш бар раат...
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.009
    Допаѓања:
    45.828
    Пол:
    Женски
    Не сум, кај нас веќе ни нема детско одд, сите се приватни педијатри, ама баш полошо е, чекална гз место, абе какво незгодно ми беше последен пат два дена после тоа бев на штрек да не фатил нешто.

    А да не го урочам стварно ми е здрав, до сега ниту настинат бил ниту болен, а го мешам со народ често, ама пак не би во дувло да го внесам, барем додека можам да го заштитам.
    Многу сум на мисла, утре сме на контрола во Ремдика за бубрезите, ќе ја прашам Дафинка дека и она е педијатар дали има потреба.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.008
    Допаѓања:
    8.476
    Пол:
    Женски
    Богами како излегувала на крај со мене не знам. Се смее сега и вели се префрлаше преку ограда од креветче и бум на земја и ете те идеш ни плачеш ни ништо. И морале душекот на земја да не можам да излегувам :rofl:
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    2.334
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересира ова.. мислам дека од 5ти скок (а сега е во 7ми) не ми е опраено детево… мислам не дека некогаш преспал цела ноќ, ама барем имаше осет со 2-3 будења, а ова сега е лудило… дремки катастрофа не се знае ни ред ни нишо, заспивањето навечер е хаос и последниве денови му се приспива кај 7 и одам да го заспијам со намера за ноќно спиење, дечкото си станива кај 8 и еве уште се успиваме, а знам дека ноќеска ќе стане едно 5-6пати и во 6 ќе ми рече добро утро|(
    Хроничен умор и хронично ненаспана|-)
    Нека ми е жив и здрав, ама ова за другиве двајца ми наплати, и со јадење и со спиење и со сВе:worried:
     
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.009
    Допаѓања:
    45.828
    Пол:
    Женски
    Исто, тоа што јас го пишувам цело време, мојот денес го успав во 7:30, пред тоа 4 саата буден. Најаден, искапен, со рутина, изморен, со читање, со бел звук, заспиен цврсто, велам тоа е тоа, за 40 мин срипува како попарен и спремен за нови подвизи. Не излегувам од соба да не го рашенам, он уште на плакар да се качи. И ете буквално сега пак заспа, пред 5мин… до кога само? А исто цицнува по малце и презаспива цела ноќ така, јас сум целата укочена од што сум гола, а у спиење му давам да цица, јбг не можам да станувам на секое, со мене на спална е.
     
    На NNK19 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.108
    Допаѓања:
    111.004
    Пол:
    Женски
    Абе моево спие ноќе, со 1 до 2 будење или во ситуации ко синоќа почесто, ама синоќа беше од престимулираност, знам. И не е дека ми е тешко да го дојам или да го земам кај нас, уживам да спијам до него, многу ми е убаво, ама ем не е ок, ем сакам да си спие во креветче, ем знам дека не е гладен туку само сака да ме осети.
     
    На NNK19 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.134
    Допаѓања:
    1.635
    Пол:
    Женски
    Пижами со копчиња или дуксер му е спасот за ноќно цицање.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    1.161
    Пол:
    Женски
    Ај на тема цицање, се чудев цело време така што ви висат на цицка цело време, мојот 10тина минути да си се нацица и раат, немаше време да губи на тоа.. е сега во последно време бара многу, ме влече за маица итн, јас мислев дека сам ќе се одбие наскоро бидејќи почна сам да си намалува, ама сега испаѓа спротивно.
    Фаза е, ќе помине или? Јас сум спремна за некој месец да престанеме
     
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.727
    Допаѓања:
    21.413
    Пол:
    Женски
    Од тоа што те читам деновиве мислам дека ви фали уште една дремка. На син ми последната дремка му е касно, 6-6ипол. Станува околу седум, 2 саати е буден ама ете го кома е од пред 9 и ќе спие до 4 ипол-5 ипол и ќе продужи до 8-9. Мене ми одговара вака, да го легнам во 7 ќе стане во 6-7, а јас не сум early bird. Он ако е буден 4+ саати е престимулиран и заспива со плачки, дури и јаде и подзаплачува. А иначе е бебе што ич не плаче. Некни го оставив мајка ми да го чува, во 4 ипол саати спиел само 10 мин. Му го утнала времето за успивање или не знам. Кога се вратив така жално почна да ми се жали, абе цица и ќе прекине плаче, па пак ќе продолжи. Дури не се ни дојаде и заспа, ама од што беше престимулиран дремката му траеше кратко. Не знам колку дремки имате, ама пробај подмести ги некако, напрај нов распоред.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.372
    Допаѓања:
    3.195
    Пол:
    Женски
    Дали од заби може да се јави температура 38, 38.5? Крвна слика и е добра, црп минимално покачено. Од вчера навака е со глупа температура некоја која се качува до 38.7 макс. На 2 пати сируп дадов. Чудно ми е што на челото напред е поладна а од страна кај слепоочниците доста потопла. Или па е некој вирус зошто и мене почна грло да ме боли. Мада она не кашла, нема мрсули.
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.108
    Допаѓања:
    111.004
    Пол:
    Женски
    За точно 1 недела полниме годинка, мајки ова е на ниво на гладијаторски борби дома. Дали да го браниш малото од нервозата на големото, дали да го тешиш големото од малтретирањето на малото... Уф, ова не било ич лесно. Ме пукнаа! Дали скокот ни почна порано, дали сака нешто да постигне а не може, абе јадно дете големово го гњави малово, душа му вади. Иде викенд на роденден сме во сабота и после ќе го пуштам кај баба му бар еден ден да одмори, ние ќе се снаоѓаме со овој терорист мал. Се расплака детето од нервоза. Мајки на врсници, и кај вас е вака?
     
    На strelec231992 и 1209 им се допаѓа ова.
  16. strelec231992

    strelec231992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    991
    @AngelOfArh ние ептен сме врсници, за 5 дена праиме годинка. Кога ли летна времето, ко вчера да го родив прцулот мој. Мојов е многу кенкав деновиве, нон стоп сака да го земам во раце ако правам нешто, не можам ни јадење салам да му направам. Ама па ептен е гушкалче, се гушка се бацува сонце мамино е. Многу е приврзан за мене пошо сами сме и сами се чуваме по скоро цел ден, вечер два три саати со тато само.. Е маме ми расплакува што не сака да јаде, се молиме за секој оброк де со цртани де со играчки де сам ама ептен се напнувам. Почнав да давам пиковит за апетит па ќе видам што ќе биде, едвај 8 кила на годинка, демек генетика зел од мене па мини мажуле ќе си биде, ама ќе видиме.. Добра касна ноќ мајки, еден туш и на спиење (waiting)
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ив10

    Ив10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2022
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Машки
    Вигантол д3 се чува во фрижидер по отварањето или не? Благодарам
     
  18. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    13.079
    Пол:
    Женски
    Не ама чувај го во кутијата.
     
    На Ив10 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ив10

    Ив10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2022
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Машки
    Фала мами(малиот ми го зема упатството си играше со него и каде го ставил кој да знае )
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Homme

    Homme Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2012
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    494
    Мама немој да се секираш. Истото ми де случи, беше 6 месеци на ден мој роденден ми падна, додека сите ми честитувас дека сум го добила најбавиот подарок јас се чувствував грозно како можев да дозволам да ми падне, како не доволно добра мајка… Следниот ден отидов на ортопед за колковите а меѓувреме и ова, др рече ако не бил поспан и повраќал неколку пати во млазови нема место за паника. Немој да се секираш, децата ангелите ни ги чуваат :l::l::l:
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.