Вирус е. И моето качуваше над 38.5, екстремитетите ладни а на челото и на грб, гради вриеше. Матичната ни кажа дека во теорија толку висока температура не може да е од заб, ама праксата не е секогаш таква. Кај нас се испостави дека не е од заби. 12 часа траеше температурата, почна да качува во 6 сабајле и му дадов чепче, после 6 часа пак почна и му дадов уште едно и последно беше поручек околу 6. Тогаш ја симнавме со сируп и повеќе не качи.
Така е мама. Да ни ги чуваат зошто сами колку и да се трудиме не можеме секогаш да ги допазиме. Подобра сум веќе иако уште кога ќе се сетам се осеќам мизерно, ама не можам ништо да сменам. Среќа е добар, другото споредно.
Кај нас трае од средата попладне. Вака е добра не кашла, нема мрсули. Последно во 6 сабајле и дадов сируп и спушти. Се надевам добра ќе е. Од колку мг чепчиња користевте? И каков сируп? Јас ефералган дадов до сега 4 пати. Само над 38.5 давав кога креваше. Многу е жалче, очите на пола копје, кенка, во раце само, ништо не јаде. Не знам како да и помогнам, а веќе страв ме фаќа зошто и викенд иде.
Многу се жални, мислиш друго дете имаш кога ќе качи, знам.. Чепче првиот пат дадов Ефералган од 80мг зошто само такво имав, купено за недај Боже уште кога беше помал. Вториот пат исто Ефералган ама од 150мг, а сируп Блокмакс 3мл. Него многу му помагаше да седи расоблечен, го туширавме 2-3 пати со млака вода, без главчето и одма спушташе побрзо. Исто го мачкав и со мешавина од етанол и вода, помага доста. Размешај 1:2 етанол и вода и измачкај ја на телото, можеш и чорапчињата да и ги навлажниш и да и ги облечеш.
И јас да се пријавам со еден дечко седумесечен што е ептен зависен од цице. Навечер се буди ќе цицне два три пати и спие, не е толку за глад колку што е навикнат на града.. Не знам што ќе праиме како ќе се одвикне ама повеќе е навика. Мајки како ги заспивате навечер бебињата? Моево или на града или нишкање, бицепси ми пораснаа од што е тежок Дајте совет како да почнам да го учам сам да заспива при тоа да не плаче… Инаку за бенињава шо не сакаат месо, јас му го мешам со сладок компир, тиква, праз, брокула, намирници кои имаат подилен вкус па такс се лажиме… По 3 пати ли давате неделно месо, и колку грама?
Не заспива со цицање моето веќе некои си 3-4 месеци. Цица, ќе се посмешкаме малку и го држам во раце со цуцла и заспива многу брзо, не го нишкам. Многу сакам и јас да го научам сам да заспие, да се најаде и да го оставам. Ама секундарно се врти на меше колку и да му се спие и пошто е најаден повраќа. Ако има некој проверена техника нека кажува. За јадењето и јас така правам, ако има нешто што малку наблажнува како морков, сладок компир, тиква и сл. јадењето ми е со сигурност изедено. Давам 3 пати неделно месо, 1 јајце и 3 пати само зеленчук. Месо околу 40гр ставам во оброк.
Незнам дали некој пишал во темава не сум начекала можеби за чајот од бекутан за добра ноќ. Откако почнав да и го давам на малата подобро спие не се буди на секој пола саат. Мами што имате бебиња неспијачи пробајте, после 10 месеци конечно и јас да поспијам малце да одморам.
Моето големото (5год) сега доби апетит од Бекутан со омега сируп, витамински. Го пие последниве 3 год во зима, бидејки мака мачевме после годината за јадење, од бекутанот секогаш има ефект, после година се пие. Иначе крупно бебе, дете ама со јадење тежок случај.
Почнуваат ли инатчиња и вришталчиња да стануваат од кај 8, 9 мес или зависи од детето, скокови, регресии, чуда? За се живо плаче, со солзи, со мавање, нервози со се. Тргнал накај штекер, го тргам почнува со плачки, малку ќе поткарам- плачки, пресоблакање со плачки, 5 мин во игрална до вц да одам- плачки, пред спиење дигаме зграда во вис
Nie za zhiva glava ne fativme cucla. Tri vida smeniv i dzabe… zatoa cicanjeto go pretvora u cucanje. Bradavicite mi se uzhas…
Nie sme 7+ i slichna situacija.. cel den kenkanje za nishto, ne zna shto e ama osekjam doprva kje e interesno
Не плаче ама дефинитивно покажува рогчиња, не е за џабе Овен. Пресоблекувањето одамна ни е боречка вештина. Ако е татко му дома изиграваме кловнови, еден анимира друг пресоблекува. На земја строго оди кај што не треба. Џабе подлога кога он решил да изиграва џогер и да лази по плочки и паркет. До штекери уште не стигнува, ама затоа кабли влече како да е вработен во Евн.
Фала мајка, сега земав пиковит пошо давам молерс со омега ама следно може да го пробам и бекутанот, ќе видам што ќе вроди со плод. Денеска бевме на контрола и добивме совет да се одбиеме од доење бидејќи ради тоа не јаде како шо треба. Знае дека после јадење ќе добие цице пошо све е џабе колку и да се трудам не јаде и плаче да стане од хранилка и ме тегне да цица, а сами се чуваме и немам опција да избегам да не му дадам. За празнициве ќе бидеме кај свекрвата и таму ќе пробам прво од ноќното цицање да го одвикнам, ако не вроди со плод тогаш и целосно. Многу ми е тешко сакав да си го дојам барем до година ипол ама тоа е што е, за негово добро е на крај на денот..
Дајте слика од чајот, или еден е тој на Бекутан? Да го земам што има позитивно ефекти. По колку милилитри давате?
Како мерите температура? Со каков топломер. Имам дигитален и бесконтактен. Со дигитален е борба а бесконтактниот ни покажува на различни делови различна температура и не можам нзс да најдам. На слепоочниците е топла на чело не толку. Како да знам кога да дадам сируп?
Мајки сте порачувале ли од страната Muppet Kids? До сеа нишо неам нарачано, сакам да порачам шпикозни, ама некако ми е сомнителна страна за квалитетот. Много производи шо сум ги видела кај нив ги има на али експрес. Сите шпикозни ни се смалија па сакам од некаде да му порачам убави а да не се изгор скапи.
Исто мака и јас имам со бесконтактниот па решив да се водам според дигиталниот. И во Систина му мереа со дигитален, па веројатно се поверодостојни. Мојот дигитален за 10 секунди покажува, па некако успевам да го додржам.
@1209 бројче сеа баш ми искочи ова, ми текна на тебе https://www.instagram.com/p/C1Kq9pjM8n9/?igsh=MTM0MW0zMHRjczVrbw== Види може ќе ти се најде
Еве го. Ама еве гледам 3+ пиши тука на мојот дома 1+ пиши. Немој сега да го одбиваш во сезона на вируси, настинки никако. Нема врска тој што јади јади секако, ко ќе не јади не јади...