Дајте идеја што би можело да се купи за бебуш мој за нова година. Мал е ама и прва нова година му е. А со идеи сум нула
Колкаво е бебето? Според мене е нон сенс советот на педијатарот да го одбиеш од доење за да почне да јаде цврста храна. Прво не можеш да бидеш сигурна дека не јаде зошто повеќе сака да цица. И моето бебе е страствен цицач и често знае дур јаде оброк да почне да ме гледа упорно во гради и да вика мам ам и да бара да цица. Се трудам да касне колку повеќе може од оброкот, ама не форсирсм, давам да цица кога бара. Друго апсурд е да одбиваш бебе од доење во сезона на вируси. Со оглед на тоа дека си во тема 6-12, претпоставувам нема годинка и сепак него примарна храна му е млекото, а на другата сеуште се навикнува. Причини за нејадење може да има еден куп, не значи дека доењето е причината. Скоро сите бебиња имаат периоди кога одбиваат или многу малку јадат цврста храна. На твое место јас не би го одбила. Би пробала да го сменам распоредот на оброци, да понудам различни комбинации, ако до сега јаде само каши, би понудила парчиња зошто може ја нејќе таа структура и слично. Ова е само мое мислење, но сепак размисли убаво пред да донесеш одлука.
Со дигитален мерам, под пазуви. Со бесконтактен матичната му мереше кога бевме на преглед и мереше на градите. Ама и сама искоментира дека не верува многу на таков тип на топломери.
Пишав назад во темата. Пробано е се значи од каши, до блв, парчиња, сам да јаде и јас да му давам, со цртани со баби со се и сешто. Едноставно детето нема интерес за храна, се е на молење ако касне некој залак и после си бара цицање. Вечер се буди нонстоп и е цела вечер на цицка од што не јаде преку ден. Овој совет за одбивање не е нонсенс ради тоа што све е пробано и детето повеќе преферира цицање од јадење, а да не спомнувам дека е 7.800 а за 4 дена полни годинка. Едноставно веќе го немам тој луксуз да јаде колку му се јаде па да му давам 5 пати да цица пошо и цицањето му е 5 минути и се трга, малку цица и е под 4ти перцентил според килажа за негова возраст. Прво ќе пробам да го прекинам вечерното доењето дали ќе вроди со плод за дневно јадење и ако не бива и тоа едноставно немам друг излез, ради тоа што веќе на година не може цицањето да емпримарна храна, а тоа што одбива да јаде не е период туку е така од кога сме почнале со храна, имаше само периоди кога малку повеќе јадеше ама тоа кратко траеше. И да, јасно ми е дека е сезона на вируси и нормално дека најмалку што сакам е да го одбијам од цицање, ни јас ни тој не сме спремни, ама мислам дека мора да пробаме да знам дали тоа е причината за тоа што не јаде, не знам...
Јас само бесконтактен користам и секогаш е точен. Не мери на различни делови, на секој топломер во упатството си пишува како се мери. Јас мерам меѓу веѓите на 5цм оддалеченост, матичната со друг тип на топломер му мери на слепоочница. Мојот е микролајф.
Мислам дека добро размислуваш, ноќните подои гледај да ги тргнеш.. јас да сум на твое место би нудела цицање само наутро и навечер по еднаш, така пак ќе имате бенефит од доење а ќе му требаат на бебуш повеќе калории и може ќе се разјаде
Извини. Моето мислење беше базирано на недоволно информации зошто не те прочитав од погоре. Во право си и како мајка знам дека го сакаш најдоброто за бебето. Јас самата сум бебе што до 12 месеци нејќело да стави ништо во уста, само на доење сум била. Ама сум немала проблем со слабо качување килажа, вашиот случај е веќе друго. Разбирам зошто си загрижена и збунета. Ете да пробаш со чајчето што ти го посочија погоре и со редуцирање на ноќни подои, друг совет не би знаела да дадам. Сигурно е фрустирачки, ама ќе се средите. До пред пубертет бев слаб јадач, со молење седнував на маса, ама после се сменив и сега сум гурман. Проблеми со здравјето немам како последица од тоа нејадење, така да ќе бидете добри не се секирај.
Тоа е планот, после нг ќе пробам со тргање на ноќно цицање и нудење храна по цел ден па после ако не бива ќе го тргаме скроз цицето. @Bella_Stella таман работа за извини, знам дека секој совет тука е добронамерен, ама и јас живци искинав со детево, само се пробува нешто само се расправаме со мм пошо не знаеме едноставно шо да праиме повеќе и сме ептен исфрустрирани и загрижени шо детево слабо напредува и секое седнување за да јаде ми е стрес најголем. Инаку и јас сум била ситно дете, во 1во одд бев 17 кила и мајка ми цел живот ми даваше све и свашта за апетит за да јадам ама исто до средно слабо јадев, после тоа почнав да јадам. Ама сите знаеме колкава нервоза е дете да не јаде, докторкава вика не е проблемот да е слаб ако јаде, проблемот е што не јаде. Ќе видиме што ќе биде, ќе пишам апдејт после празнициве...
Јас комбинирано. Моментално сме со температура и прво проверувам со бесконтактниот, таму ако покаже висока, премерувам со обичен да знам дали да давам далерон или блокмакс. Инаку и кај мене дава голема разлика бесконтактниот ако мерам на чело, слепоочници, грб.
Исто беше и кај мене. Се водев по таа на чело зошто беше најблиска со дигиталниот ко ќе успеев да и измерам. Со лесно нека проаѓа само.
Исто. Многу голема разлика, дури на бесконтактниот ми дава различно, на исто место и далечина мерено. Добив коментар дека не требало ни да дише премногу брзо бебето за да измери точно, да немало никакво движење во превод. Најдете ми такво бебе. Со жива веќе се тргаат од продажба, а на моево жива/дигитален можам да мерам само кога спие. Ако имате можност земете си ушен, подобар нема! Мене не ми е од Македонија ама гледам има некој на томи типи.
Мајка да ти дадам еден совет кој јас го приметив и кој се покажа како успешен, а бебињата ни се тука некаде, некој ден разлика. Ако пие од шише давај му 1 оброк формула на пладне, пред спиење или како ти одговара, цицањето си е цицање, ова да му дојде како дохрана, а ако не пие од шише давај му некој оброк млечен како ужинка. И додавај вкусови во оброците, пример во зеленчуковите додај праз кој бебињата го обожаваат, во овошните каши додај цитруси кои многу менуваат вкус и во житарките додавај или сируп од урма и сува урма со топла вода омекнат и смачкана, во месото додај лимон и зачини. Бебе е, ама не е 6м да јаде се што ќе понудиш, си сака вкус да има храната веќе, почнуваат да разбираат. Откако воведов шише млеко на пладне бебе му се прошири желудничето и сега и сам бара повеќе и почесто храна. Се случуваше да фрлам цел оброк, да не изеде ни пола, а сега не, се случува да бара и уште. Исто така како опција земи го и додавање на нешто што сака во кашите, пример моево обожава јаболко, во се додаваме јаболко, во манџи, во ориз, во риба, во се баш, јаболко и сок од лимон ако има врз јадењето, очекувај дека ќе дотураш уште. Моментално најважно е да го научиш дека треба да јаде, што велат постарите да му се прошири желудничето, па понатака ќе видиш промени. Исто бевме и ние, одеше во висина а килажа никаква, 3м се на се нецели 500гр качено, рекоа ако не успеете со режим на исхрана кој вклучуваше протеин во секој оброк за ручек, па така јаде 5 пати месо, 1 риба и 1 урда и јајце во ручек, млечна каша со додадено ад за вечера и бар 1 ужинка, ќе одиме на ендокринологија, ама со овој режим и шише млеко сама што воведов на пладне, за 1м качи скоро 600гр.
Muppet kids toplo gi preporacuvam. Nekolkupati imam poracuvano I obleka I bebeska torba,se bese korektno od nivna strana. Inaku topla preporaka za spikozni I bodinja imate i za Dak shop,pobarajte gi na fb. Matrijalot e epten mekan, usluzlivi za zamena,I cesto znaat da pratat I nekoe podaroce.
Фала мајка на советите, ќе пробам да ги применувам па ќе видиме како ќе се покажат. Риба не му давам, му дадов пред извесен период и покажа реакција со црвенило околу очи и чешање па ќе паузирам месец два со нејзе, после ќе пробам пак. Јас пробувам скоро во секој оброк да е застапен протеин и повеќе масти. Месо скоро секој ден, јајца давам почесто во доручек како палачинки со едно јајце, грчки јогурт и сл, ама некогаш ќе изеде повеќе некогаш три лажици/залчиња и толку. Инаку не пие од шише тоа ми е голема мака шо не го научив на шише и не ми прифати ад ама тоа е, ќе пробам со млечна каша за оброк па ќе видиме, дури ни бисквити и млеко не сака да јаде Денеска ме изненади го изеде и цел ручек (пилешко со сладок компир и грашак) и цела вечера (цело канче грчки јогурт со кришка леб), со изигравање кловн цртани и лажење за да отвара уста ама кога немам избор се снаоѓам шо да правам... Дајте мајки некои идеи за вечера ептен не знам шо да давам само се туфкам, доручек ручек ми се стандард ама вечерниве дека не сака ад и само павлака грчки кисело млеко такви работи му давам за да е млечен оброк...
Јас давам за вечера готова каша некогаш од кутија со ад, кравјо не сум дала и не планирам, давам палента со урда, абц и фета, давам мелен ориз со ад и цимет, давам грчки со лепче и јас, воглавно тоа е вечерата и мене ми е комплицирана. Е знам пример да сварам повеќе компир и морков за ручек па давам и за вечера од тоа со ад малку или грчки, ако останало од ручекот а нема месо му додавам грчки и за вечера, така ме има советувано и матичната. Додуша ретко ова, ама се дешава. Кај мене најчесто доручекот идеше топ, се ќе изеде, ручек така така, вечера ништо, измеѓу не давав да грицка, мајка ми почна со тоа овошје чат пат, смоки од дм, шмукалче и сега веќе давам ужина озбилно. Планот ми е да му тргнам после роденден цице освен за спиење па ќе фурам повеќе на ужина. Ќе цица значи само дење за спиење и навечер, па полека да се одбиваме. Сакав да цица колку е можно подолго, ама реално почна да бара се почесто и тоа мене ем ме уморна ем ем фрустрира ем почна наместо да се ретчи да зачестува.
Јас мерам со безконтактен, доктор ми рече да мерам и на чело и на слепоочница за споредба инаку на слепоочницата е поточно зошто било потенко и затоа дава секогаш повисока