Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Pipismel

    Pipismel Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    1.136
    Пол:
    Женски
    Ние имаме од кеги едни со патент ама докторот ни рече зглобот да биде слободен и уште немам земено други.
    за џмучки или за какви било удреници ми ја препорачаа на фрези дерм од зегин до сега ок се покажа.
     
    На gothchick му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Нас еден ортопед ни кажа дека може да земеме од проодувалките на Кеги, со патент, земавме, на второ мислење отидовме со нив, тој доктор ни спомна дека као ок се, ама не ни мора толку скапи, побитно било да се виткаат кај прстињата. Јас од љубов кон Nike им земав flex runner 2, најдов мали бројчиња, вака напред меки делуваат, убаво лежат, ама не знам како би биле при движење, госпожа одма ги соблекува. Пробува да се пушти да оди, ама исклучиво боса, и чорапите ги соблекува, константно е боса на камен ладен ламинат.
    За модрици и јас барам нешто, по ноџиња се лом од по земја шо беснеат, а богами секој ден имаме и по една нова џумка, маргарин мачкам, земав поголемо пакување:lol:
     
    На gothchick му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Pipismel

    Pipismel Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    1.136
    Пол:
    Женски
    Еве го тој путерот
     

    Прикачени фајлови:

    На Tess36 и gothchick им се допаѓа ова.
  4. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.600
    Допаѓања:
    1.840
    Да да и јас вчера и пробав по дома одма ги вадеше, само летни се , сандалчиња ама сакав да видам како ќе оди со нив како ќе реагира, за 5 секунди ја фати склет почна да офка да ги трга, па почна да плаче дека не можеше да ги извади. Моево еднаш се пушти само и толку, само се држи негде или за едно раче ние го држиме.
    Пробав вчера маргарин, успешно, нема модрица само гребнатинката остана.
     
  5. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.447
    Допаѓања:
    25.156
    Пол:
    Женски
    За модрици маргарин имам мачкано, ни крем ни ништо, маргарин обичен одма ко ќе се удри.
    Дома и треба да се боси, не во топлинки, патичиња, боси по чорапи како било, и моето не обожаваше чорапи, нон стоп бос беше, еве и сега е таков нон стоп слекува чорапи.
     
    На oblace1 и gothchick им се допаѓа ова.
  6. Shekjerna

    Shekjerna Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2019
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Женски
    Може ли тие што имате бебе девојчиња да предложите од каде да купам посвечено фустанче за прв роденден и крштевка? Гледав чико, манго и зара ништо нема. Фала
     
  7. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Не, нема начин да внесам кај детево месо некако. Освен преку млеково мое, ако се смета за нешто. Како може да не сака месо, сите сме месари. Додуша до второ, трето одд трошка не ставав во уста не па месо.
    И зеленчукот го одјаде дека го нудев комбиниран со месо, не дека претходно беше некој фан на зеленчук. Е денес такво плачење ми удри како да ја истепав зошто и понудив месо и зеленчук. Вчера исто се гадеше за повраќање. Пробав секако. Потечно, покашесто, ќофтиња со месо и зеленчук и не, и не. И накрај ја седнав со мене и си се најаде леб и урда. Па си викам барем нешто нека јаде, не дека не се нервирам, пукам ама тоа е.
    Жолчка уште воведувам, вчера дадов пола прв пат. Бар неа нека ја јаде аман, ако ја сети во каша и неа не ја јаде. А уште овошјево ако го одјаде и не знам...
    Па вака имаме еден оброк житарка, еден оброк млечен и еден овошје. Бар ова доволно е?
    Во меѓувреме цица 3 до 4 пати на ден. Не можам помалу да давам, ме тегне и рика додека не добие цицка. А кога не сум тука не бара.
    За месец и половина 400г имаше качено. Како сукалка е, ама и не застанува.
     
  8. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    22.241
    Пол:
    Женски
    Моето месото го јаде без проблем ако има праз и сладок компир, морков или тиква. Мора малце да му наблажнува нешто. Пробај вака.
     
    На Lina-Detelina му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Pipismel

    Pipismel Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    1.136
    Пол:
    Женски
    Мојот со павлака полесно му оди, пробај така
     
    На Lina-Detelina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.389
    Допаѓања:
    47.593
    Пол:
    Женски
    Луѓе и мене ми падна од гарнитура, одма заплача, сега се смири, не го видов а до него бев. Баш сега му е време за спиење , колку време да го пратам да не му давам да заспие? Да цица може?
     
  11. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    22.241
    Пол:
    Женски
    Два саати следи го, не му давај одма да цица. Со помин мама. :|
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.389
    Допаѓања:
    47.593
    Пол:
    Женски
    Дека немаше шанса да не му дадам одма накај града се тегале, ама добар е за сега, веќе се расположи, ама ми кисне за спиење, он веќе беше скоро успиен кога падна, сега како да знам дали за спиење е млитав или од падот, аман аман. До мене беше, значи за секунда го тргнав погледот, а на мм му викав да не го остава така. Се изедов, уште се тресам. А нема ни џумка ни црвенило.
     
  13. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.600
    Допаѓања:
    1.840
    И јас вака ко вас бев, ама веќе е три пати падната и само гледам како паднала и дали е ок. Отрпнува човек. А за удирање, ехе.

    На која возраст стануваат свесни за мама и тато? Си викам рано е..
    Значи мојава кај некој скроз непознат да ја оставиш, нема око да и трепне за мене (или татко и). А со мене е 24/7 веќе 10 месеци. Со саати, денови мислам дека воопшто нема да ја дирне. Битно и е само да не е сама, ако е сама во просторот одма плаче (липти) и сака внимание. Ама тоа внимание и е потребно, не мама.
    Дали грешам и си правам лоши филмови?
    Или да сум среќна што не е толку приврзана?

    За прв пат беше одвоена од мене, повеќе од 5 мин. Баба и ја чуваше некои 3-4 часа. Јас што се изнаплакав се изнаплакав, 9месеци во стомак 10 месеци надвор залепени лепенки сме.
    Ниту праела проблеми, да ме бара и сл, ниту се израдува кога ме виде. Буквално влегов, цела возбудена што ја гледам, она не смени никаква емоција ниту да тргне накај мене..
    Претерувам?:D
    Преемотивен ден за мене, па може поинаку гледам на работите, маж ми се згази од смеење…:punch:
     
    На Zumbulche и 1209 им се допаѓа ова.
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.389
    Допаѓања:
    47.593
    Пол:
    Женски
    Абе лош ден избра за паѓање:D и парацетемол му дадов оти имаше тт од вакцина и сега од се може да е поспан, нема спиење за мене вечерва.
     
  15. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.447
    Допаѓања:
    25.156
    Пол:
    Женски
    Хахаха сосема нормални чувства, не си прави филмови, тебе те сака најмногу на свет, ти си и се :inlove: бев и јас љубоморна чат пат со првото, исто така ми било, сега секој момент користам да оставам бебе и да излезам со големиот :wasntme:
     
    На gothchick му/ѝ се допаѓа ова.
  16. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.298
    Допаѓања:
    1.934
    Пол:
    Женски
    Незнам дали е нормално ама и јас сакам понекогаш да е така и да не ме бара мене,5 минути да ме нема во тоалет да отидам кога ќе се вратам мислиш цел ден сум ја оставила,се радува и не ме пушта да претнам наредните 10мин,инаку 9м има.
    А од вторник треба да ја оставам 8сати,почнувам на работа,како ќе биде незнам,се плашам многу.
     
  17. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.600
    Допаѓања:
    1.840
    Ќути аман солзи ми идат кога читам хахах
    Ох се собрало се. Ќе помине:muscle:
    Епа се чудат зошто моево уште не тргнало..
    Само наоѓам некои изговори, болна беше, па коњуктивит, па лошо време, па на лева нога сум станала, па да не настине пред одмор, сега на одмор, после градинките на одмор. Имам страв, сите ми викаат дека ќе биде прелесно со неа, ама стравот е изгледа како мене ќе ми биде тоа тргнување во градинка:lol:. Ќе биде два три дена плачки и после ќе се среди се и ќе се навикнеме на новата ситуација и тек на денот.
    Преемотивно гледам на се, никако да се опуштам кога станува збор за неа. Може треба да седнам сама со себе да си поразговарам, ако не иде па и со стручно лице(facepalm)

    Како и мене ми викаат така ќе ти кажам, ќе плаче, ќе преплаче ќе се навикне. Мачен период ама некогаш мора да помине.
     
    На lackygirl, medena147 и 1209 им се допаѓа ова.
  18. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.986
    Допаѓања:
    6.269
    Пол:
    Женски
    9 месеци е бебе не де двои од мене деновиве, не можаж да го оставам на 5 мин до вц да отидам... Дали е до периодот или...
     
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.389
    Допаѓања:
    47.593
    Пол:
    Женски
    Моево е скоро 9 и иста приказна, случајно ако успеам да го одвојам и ако е заигран со друг, ако му се појавам во виден круг одма е плачки и жалење, ништо не успевам да сработам деновиве, а и врз мене спие по цела ноќ, да има како чинам во кожа ќе ми влезе. Ми на крева блузата и ми легнува на гол стомак и така спие, хаос.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    22.241
    Пол:
    Женски
    Ако ти кажам дека на следното паѓање ќе ти е полесно ќе речеш што и е на оваа. :D Вчера на фотосесија ни се стркала од едно ниско како месечинка креветче доле на ќебе. Он си подзаплака и се смири за 5 секунди, а ние бевме лабави како секој ден да ни паѓа. До душа и паѓа веќе втор пат во една недела. :tmi: Важно е да не се повредат лошо, со нив и на тилот да имаш очи некогаш е џабе колку се брзи и непредвидливи.
     
    На oblace1, medena147, gothchick и 2 други им се допаѓа ова.