Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.232
    Пол:
    Женски
    Пробај дај со јаболко. Во кашите месни ставав јаболко и само така јадеше месо
     
    На Снегулк@23, 1209 и Lina-Detelina им се допаѓа ова.
  2. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.008
    Допаѓања:
    8.477
    Пол:
    Женски
    Синко има 37.8 температура. Што да правам?
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.112
    Допаѓања:
    111.024
    Пол:
    Женски
    Мене синко ми падна од многу високо директ на глава, не можам да ти кажам колку ми беше тешко, да не доживее мајка. На ургентен ни кажаа со оглед на тоа што е навечер, му се спие, да го заспијам слободно но да бидам будна и да пратам во сон да нема тикови, да не се грчи, да не повраќа, да го будам на 3 часа најмалку и да го проверувам, мада ќе биде дезориентиран дека му се спие али дека тоа да не заспие за навечер е невозможно. Така да слободно дај да цица, нека си спие и прати само нешто невообичаено да не прави.
    Освен да чекаш да качи не може друго. Ако му се студени нозете и рацете ќе качува, ако се топли можеш да го разладуваш, раслечи го, раскомоти го...

    За јадење месо односно нејадење да ви кажам дека од 3г до 7г не јадеше мојот дечко ништо од месо, па сега во ќебапчиња се крсти, така да не им се сеќирајте. На тоа нејадење месо имаше хгб 138 до 140 константно и железо 14ка, ама затоа јадеше јајце, јадеше спанаќ, јадеше леќа...
     
    На Lina-Detelina, Bella_Stella, Снегулк@23 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.386
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Спиењето е посебна приказна... Се буди често во ноќта за цицање?
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.008
    Допаѓања:
    8.477
    Пол:
    Женски
    Му варира од 37.3 до 37.5 цело време. Педијатарот не ни е денес на работа ми рече да го пратам ако качи над 38 да го носам на болница ако не утре да го носам таа да си го види.
    Он е ту весел ту кенкав. Рачињата и стопалцата му се топли. Тоа е добар знак нели? Дали може да е од запчињата ваква темп? Или сепак е вирус... Јас бев болна минатата недела, сега свекрва ми е болна. Ако таа не минува ич време со него, во иста куќа сме.
    Да се надеваме дека лесно ќе прекараме што и да е
     
  6. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.836
    Допаѓања:
    9.291
    Пол:
    Женски
    Од искуство - Жешка глава и тело,ладни раце и нозе се знак дека качува висока ТТ над 39.
    До 38.5 пробај да ладиш без сируп .
    37.5 не е страшна.
     
    На gothchick и Ceneva им се допаѓа ова.
  7. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.008
    Допаѓања:
    8.477
    Пол:
    Женски
    Не давам ништо. Оставам сам да се избори. Полесно го облеков. Па да се надеваме дека ќе биде добро.
     
  8. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    @Ceneva прати го, мојот со ладни камен раце крена до 38,3 и толку беше. Не дадов парацетамол бидејќи беше расположен.
    Викаат да се прати детето, а не температурата, доколку си е расположен тогаш нема потреба. Доколку дои, давај почесто, јас мислам нас само тоа не спаси, јас сум 10+ дена со грип, малиот освен затнат нос и една вечер со температура други симптоми немаше. Ама јас го кркав за обајцата.
     
    На lackygirl и Ceneva им се допаѓа ова.
  9. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.008
    Допаѓања:
    8.477
    Пол:
    Женски
    Фала ви. Ќе го пратам секако и него и темп. Прво дете, прва температура и реков чек да се допрашам со моиве мамасити. Ќе дадат некој совет од искуство :)
     
  10. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.229
    Допаѓања:
    24.660
    Пол:
    Женски
    Само форсирај доење, нуди почесто, ако не јади др не се нервирај, многу е битно течности да примат, да не дехидрираат, тоа и за поголеми важи, не јадат ништо со тт кога се, ама мора да пијат вода, течности, иначе ништо не е таа тт без гајле ќе му помини ;)
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.729
    Допаѓања:
    21.418
    Пол:
    Женски
    Ќе го следиш и ако отиде над 38.5 ќе си дадеш лек. Моето имаше ладни екстремитети и качи над 38.5 па дадов чепче. Кога се спушти беше расположен ама како одминуваше дејството он пак клапнуваше, буквално друго дете како да имав. Во 12 часа, со две чепчиња и една доза сируп му помина. Ако не качува повеќе од 37.5 може да е и од заби, повеќе од тоа сигурно е некој вирус. Друго што правев го мачкав со раствор од етанол и вода и го туширав со млака вода, доста му помагаше.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Што да правам бебе да јаде? Значи апсолутно дојдовме само на цицање, а скоро 9++ е, Секоја храна одбива
     
  13. kate89

    kate89 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.562
    Пол:
    Женски
    Кај нас така почна со 37.3-5, но не дадов ништо, а супер расположена си беше. Ама веќе наредниот ден цело тело мислам и беше жешко и стигна до 38.8.
    Крвна слика супер, црп мирно, нос, грло ништо, освен што беше мн омалаксана. За 24 часа со парацетамол и се спушти тт.
    Не верував дека качуваат толку тт од заби, ама после недела ипол и избија двата кеца горе и се испостави дека се забите.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    11.714
    Пол:
    Женски
    Да не ти се разболува? Колку време така?
    Исти сме.
     
  15. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Ист е како секогаш, некој ден само знае да е многу плачлив, си претпоставував заби оти нема ниедно забче, кај што е вака има скоро 3 недели , за некој ден имаме визита на педијатар
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.011
    Допаѓања:
    45.841
    Пол:
    Женски
    Да, ама деновиве намали малце дека уведов и вечера, онака хаос бевме.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Предходно јадеше се? Исти сме. Вчера не јадеше месо и зеленчук, си реков заради што никогаш не ги засака. Вечерта палента и павлака ништо пак, сабајлево чоколино исто не јадеше. Само леб сака да јаде детево и да цица овие денови. Ама излегуваат заби горе. Ќе препишам на тоа некој период, а ако продолжи да не јаде и после.. не знам. Ми личи на гладна. Кога ќе зготвам нешто чека со нетрпение да почне. Пробува еднаш, два пати, трет пат со сила и готово. Ау многу сум нервозна.
     
    На Amore123 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.008
    Допаѓања:
    8.477
    Пол:
    Женски
    Стигнавме на болница, 38.2 качи и малакса и многу плачеше. Црвено грлото, одма му вклучија антибиотик инекции три дена, а утре крвна слика и мокрача да се види што е точно. Ама се укажува на вироза. Од инекцијата се спушти температурата. Сега да не чува бог убаво да поминеме ноќва. Овде ни кажаа ако качи над 38 да давам сируп на 6 саати, а ако оди над 39 недај боже чепче и таблета за смирување да не дојде до згрчување.
    Многу било тешко да си го гледаш детето малаксано. Само се пика во мене и ми се жали. Душата ме боли ама тоа е ќе помине.
     
    На deniz333 и 1209 им се допаѓа ова.
  19. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.702
    Допаѓања:
    5.962
    Ко себе си да се читам. Па тој период некаде кога имаа 10тина месеци морав цел ден да бидам отсутна, се враќам цела возбудена што ќе ги видам, влегувам тие не ме регистрираат, си продолжуваат со играње. Ни пред тоа не покажувале некоја приврзаност посебна. Не знам колку месеци имаа ама сигурно после роденденот беше, се сменија преку ноќ, абе нит да им дава некој друг јадење нит да ги земе, само се тегнеа и плачеа по мене. Па откако научија мама да викаат све е мама мама мама. А растени се со луѓе, никад не биле само со мене. Нит па се некои гушкачи, едниот тек сега на 17 месеци почна самоиницијативно да дојде да ме гушне, другиов иако е поприврзан за мене ме гушка само ако некој непознат му се приближи. Ќе смени, не му се нервирај.
     
  20. girlboy

    girlboy Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2015
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    158
    Здраво девојки, некој совет ако имате. Веќе сме 8 месеци и секоја вечер по неколку пати се будиме со плачење вриштење (не е за млеко бидејќи тоа се случува дури и откако ке испие млеко, а пие на секои 3 часа) и веќе сме без сон толку време... викање спиење во раце цело време, само во раце се смирува штом ќе ја оставиме после некое време пак почнува и така се до сабајле.