Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Ние сме на другиот крај од континентов и излеа истиов вирус хара насекаде. Само што пишав тука дека бебе помина само со затнат нос, се јави кашлица, па температура, омалаксаност, шлајм,шлајм…подмукол вирус, јас две недели не можам да се опоравам.
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.729
    Допаѓања:
    21.419
    Пол:
    Женски
    Мајки на бебиња од 8+ месеци како стоите со килажа? Знам дека не се споредуваат бебиња, ама некако се фрустрирам што вагата веќе некое време стои во место. Убаво јаде, два оброци има и си јаде баш со апетит, количина за машала. Да не го урочам. Исто така и убаво си цица, имам доволно млеко.
    АМА заглавен е на 7 ипол кила. Вака не изгледа слаб, ама изгледа ситен. Од бебиња помали од него по 3-4 месеци се разликува само во должина и во тоа што е пожив и посвесен, нормално. Пишав и претходно, ама некако не можам да се утешам со муабетот ‘такво си е детето’. Жив и здрав е, фала му на Бога, ама не знам зошто оваа стагнација во килажата..
     
  3. Анџелина

    Анџелина Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2023
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Луѓе дали сте имале проблеми со сува кожа мојава има две дамки црвени кај стомакот еве сега видов и доле почнала да се црвенива исто така на некој делови од телото кога ке ја допрам како сува и е кожата и дали е потребно лекар за сува кожа?
     
  4. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.137
    Допаѓања:
    1.636
    Пол:
    Женски
    Девојки, кажете нешто ефикасно за црвенило на пеленска регија?
    Пробав со фризи дерм, веледа, судо крем, јекодерм ама не гледам никакво подобрување.
    Бебе е многу црвено, како опекотини има.
    Дали може да се јави од тоа што почна да јаде?
    Не ми е јасно од што одеднаш и никако не проаѓа.
     
  5. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.137
    Допаѓања:
    1.636
    Пол:
    Женски
    Мачкај бадемово масло. Нас тоа ни помага.
    Плус што нема 300 хемикалии во него а е убаво мрсно.
     
    На Анџелина му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.729
    Допаѓања:
    21.419
    Пол:
    Женски
    Оригинална павловичева.
     
    На Sun&Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.777
    Допаѓања:
    38.656
    Пол:
    Женски
    Пробај со кантарионово масло, крема Здраве.
     
    На Sun&Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.387
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    И кај нас е така, убаво си јаде, на 8ми месец на мерење имсше качено само 100 грама... Ама мн активно бебе е
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.387
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Маст за потпарено јас од еурофарм земав со едно мачкање се повлече
     
  10. Анџелина

    Анџелина Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2023
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Каде можам да го купам тоа масло?
     
  11. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    10.454
    Денес баш ја меревме, 8750кг и 69цм. Бутки и образи си има, ама вака не е нешто вонсериски буцкаста, точни и се алишта за возраста, само панталоните побрзо ги смалува.

    Секое дете си расте различно. Баш ми спомна матичната да не се секирам следниов период дека помалку ќе крева на килажа.

    Како и да е ако ти е на мисла, пробај секој ден да има балансирани оброци со протеинска компонента. Воведи млечни, мешунки, киноа - покрај месо и јајца и овие ти се добар избор на протеини, особено за денови кога не даваш ни едно, ни друго.
    Со цицањето задоволува добар процент од потребите, другото ќе си го надокнади со дохраната.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Да, предходно си јадеше, потоа почна се помалку и помалку да јаде. Мојот некогаш и на прв залак не сака да јаде ,и јас многу се нервирам .
     
    На Lina-Detelina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.704
    Допаѓања:
    4.531
    Пол:
    Женски
    Женски има ли некоја искуство со гребење и кубење? Ние сме 9 месеци без два дена, овие денови влеговме во 6ти скок и од тогаш така почна да прави додека пие млеко кога го успивам само,и на дневни дремки и ноќе,значи со едното раче на глава и гребе ли гребе па коса си влече,денес кога го спремав за бањање гол,и на стомакот така си направи па и црвенило гребаници баш. Ама изгледа кога ке го заболи па престанува.
    Што е ова вака,баш се загрижив..:worried:
    Иначе 6тиов скок е неподнослив,несака да спие ми станува ноќе и до 3 саат дремеме и ровари низ дневна со тоа дубакот,вчера и елката ја бутна,пола лампиони се искршени :D
     
  14. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.704
    Допаѓања:
    4.531
    Пол:
    Женски
    Павловичева оригинална ама подебели слоеви,или Судо крем ако тоа не помогне.
     
  15. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.729
    Допаѓања:
    21.419
    Пол:
    Женски
    Исто и моето е 100 на саат, ама сепак ме загрижува малку што стагнира. Да не јаде убаво ај да речам до тоа е, ама вака не знам..
    Млечно немам воведено, ама во план ми е од следна недела. Јаде три пати месо, еднаш јајце и три пати само зеленчук. Ќе пробам да зголемам на протеини како што викаш па ќе видам дали ќе има промена. Вака си е здраво бебе, хемоглобинот пред два ипол месеци му беше 124. Сега брзо не сме проверувале. Фала ти.
     
    На Giovanna, Снегулк@23 и АнаМаријаД им се допаѓа ова.
  16. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.008
    Допаѓања:
    8.477
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека немаш потреба за грижа. Детето какво е најбитно. Да е здраво, весело. Кажуваш убаво си јаде. Не си пуштај беспотребно црв.
    Претпоставувам дека во должина оди повеќе и дека е изнад неговата возраст во тоа.
    Ти се грижиш што е слабичко, а јас се прашувам моето до кога ли ќе додава така. 7 месеци а околу 9 кила. Не се држи в раце.
    Секогаш ќе си имаме некоја грижа на глава. Вака или онака.
     
    На Bella_Stella и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  17. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    10.454
    @Bella_Stella супер, сигурна сум дека си е добро детето, ние секако се анализираме повеќе од што треба. Лесно беше само на цицање со комплетен оброк, сега треба да мислиме како, зошто.

    Пошто имаш три да ги речам посни денови, за тие најмногу и ми беше препораката. Ако е зеленчук да има леќа или киноа на пример во оброкот, или урда, грчки, да не биде комбинација само на компир, тиквичка, кромид, овошје, палента и слично.

    Во меѓувреме не му се секирај мама, си расте детето, здраво си е, уживај во првите празниц :hug:
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.729
    Допаѓања:
    21.419
    Пол:
    Женски
    Фала мама. Среќни празници. :hug:
     
    На Giovanna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.112
    Допаѓања:
    111.024
    Пол:
    Женски
    Мајка да ти кажам искрено еве сега во моментов на иста мака сме, вчера излезе дека не само што не напреднал туку и намалил на килажа, а мене не ми личи ич така. Прво и основно на рака ми е натежнат, друго пелените ги кренавме за една бројка пошто му се мали веќе и трето детето ми е здраво, весело и среќно. После празниците ќе одиме пак на контрола да видиме што е работата, зошто според мерењето сега не само што сме се намалиле во килажа туку и во должина паднал 2цм а не е така пошто пред 1м носеше 74ка а сега веќе носи 80ка, во 74 не го собира. Така да кај нас или не се мерките ко што треба запишани или нешто друго е. Нејсе, мене бројките веќе ништо не ми значат, го гледам детето дека ми е живо, здраво и задоволно, доста ми е, не е под нормалата, не е слабо исушено туку е баш нормално детенце, активно нон стоп. А ко што гледам по сликиве и твоето е такво.

    Епа мајки ја ве напуштам, денес цуци мој наполни 1 годинка, мајка е полна емоции, не можам да опишам колку сум среќна :inlove:
     
    На 0ли, Pipismel, Lina-Detelina и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.729
    Допаѓања:
    21.419
    Пол:
    Женски
    Не знам до што е, ама пак ќе испадне муабетот такви си се децата. :)
    Среќен роденден! Да ви се множат живи и здрави! :inlove:
     
    На 1209 и AngelOfArh им се допаѓа ова.