Значи добро е да се користи по ова што пишува овде. @Thinkerbell. Баш прашај. Да не се потпира членката на моето кажано @0ли да се јави, најмногу знае на оваа тема.
Ме замисли сега, еве ја мојава само проодувалка користеше, ни џампер ни дубак. И се пушта да оди ама оди нанапред со горниот дел на телото и паѓа. Ние мислевме од што и се брза пошто е прехиперактивна, темпераментна, нема трпение за ништо. Ама може и да е до тоа.. А со проодувалка шиба или било што да има напред, од страна. Секогаш паѓа нанапред, назад или право да седне не.. Офф
Јас споделив што ми кажаа, а дали е така не можам да тврдам. За дубак читав зошто не е добро. Син ми доби дубак кој се прави проодувалка два пати го имам ставено во дубакот закочен кога сум сама за да идам до вц. Си стои така. Ќе биде неискористен поклон ама тоа е.
Моето последниов месец качи само 100гр,8 месеци е,искрено и ништо не јаде,каши никако,почнав парчиња но додека се научи му треба време, а и болен е постојано последниов месец па незнам дали и тоа има влијание што не качува.
На крај пак ќе речиме такво е детето, на прва брачеда детето еве го уште 4 месеци 5 год ќе прави одвај 14кг е, а се јади, поќе јади од моето кое е само 4 месеци поголемо од него и има 25кг. 11кг се разлика и повеќе од 10см во висина, такво е од бебе мало, ситно, исто како мајка му, таа беше иста. Додека па моето е исто како татко му од бебе, еве исто и второво расти, 9+кг е на 4 и пол месеци само со доење, уште не сме почнале со ништо друго. Штом јади немој ич да се нервираш, ама ич, нека е здраво и живо машала супер е, кукла (го гледав горе на слики). Штом јадат не се грижете, за нејадачи само трпение, трпение......
Моето правеше така, се удираше по глава и се кубеше кога цицаше. И сега знае од време на време ама викам не, и ги тргам рачињата за да не и стане навика
Најверојатно е така. Се познава дека ќе биде висок, зошто се должи повеќе од што става килажа. Од кај сопругот сите се високи, а и општо не сме ни јас ни он ситни луѓе, нормални сме. Нека се само сите дечиња живи и здрави, секако си се најубави.
Welcome 6ти скок. Борба за заспивање, постојано пискање, барање внимание и желба за менување околина Кој сака нека честита. Од добрите работи: почна пак повеќе да цица и маааалку повеќе да сака да се вози во кола (сега за сега) Кој е со нас?
Женски и јас се приклучувам на клубот на мајки со болни деца, мали од вчера со температура, омалаксан кенкав. добра работа што сака да се гушка цело време предходно не не фермаше од што побитно му беше да ровари по дома. Сега има време за нас
Син ми на 5 јануари ке прави 9 месеци. Е сега прашањето ми е.. ноќе често во последно време знае да се сврти на меше и така да си спие, дали е безбедно? Да го оставам или да го вртам на грб?
Мојата почна многу порано и мене ми беше страв не спиев ден два. Еве ја 10 месеци е омилено и е на меше па и со газето во вис. Ќе видиш нема простор за паника, ќе се опшуштиш
Мамасити ај помош, како давате сируп. Вчера без проблем денес уста не отвара. На сила му бутнав, ама не е решение. Ќе се наплаши ич нема да сака да пие.
Ако фаќа цуцла од шише пробај така преку неа да го испие. Моето има пиено така ама беше мал, сега можеби ќе сфати
Не знам што му стана. Вчера лижи и бара уште денес запечатена устата. А со шприц му давам. Пробав и со лажичка, не бре никако. Сирупот ич не е грд, сладуњав и на некоја овошка ми мириса. Дали што предходно капки му ставав во носот, тоа ич не дава. Вечер ќе пробам прво сируп па после капки во носето.
Само што се завртиввв значи, стоејќи на комода падна. Не видов како, кога се завртив беше цела испружена. Под глава имаше книгата со приказни и чаршавчето од маса што го замотала околу неа, највероватно на него се лизна. Има скоро 45 мин откако падна. Плачеше во моментот после се смири и си играше. Сега и е време за спиење и почнува да кенколи да трие очи. Што да правам, дали да ја заспивам? Значи памет не ми остана више. А незе да и дојде никако, еве уште повеќе се пентери по кревети.
Јас го успав кога падна, ама будна бев и го пратев да не има некои испади. Него моето нешто се накашлува денес, ама екстремно лигави, значи премногу и како да му залетнува плунка, ама пак и на носот ми фрчеше ноќеска. Матичната не работи, сигурно и утре нема, детско кај нас е што да ти кажам, не знам што да му правам. Онака си јаде, нема тт, добар е. Мора за кашлица итно да се носи на лекар?