И мојата исто се поднакашлува како да и залетнува плунка. Мислам нема место за паника штом не е упорно кашлање. Исто матичен не раб на детско само може да призакачиме недај Боже.
Море сега го слушам некако влажна кашлица е, како од грло, а многу се тегне и за увото, јас мислев од заби ама може и гомима грло фатено.
И моето многу кака, не многу количински, али си кака квалитетно машала Не знам како да го одвикнам дете од спиење надвор, дома спие одвај 20мин, надвор 2 саата, ајде не е ладно ама ќе биде…денес болен и пак не можев да го заспијам од 8 сабајле до 12, прва дремка обично секогаш му е саат ипол по будење, денес не и не, ставив во количка и не стасавме ни до прва кривина, веќе спиеше.
Кога сме кај какањето.. моето кака преку еден ден. А последно се немаше покакано 3 дена, па откако дадов вода од суви сливи се искака два пати вечерта. Има и друго бебе што кака вака поретко? Вода многу малку пие си викам до тоа ќе да е. И суво кака скоро секогаш.
Не е до тоа, штом го внесам со количка ако е внатре на топло одма се буди, а директ дома со количка неам место да го шетам И моето пие малку вода, а кака доста, мислам дека нема веза, зависи од метаболизмот нели сите различен иаме, вајда и они така.
Најсреќна нова година да си имате мајки. Моето големо-мало бебе вчера наполни годинка, па време е да одам во другата група. Фала ви на сите за искуствата и советите, мислам дека 6-12м е доста захтевен период за нас како родители, бидејќи има многу брзи промени, воведување на немлечна исхрана, болести, заби, скокови, регресии, паѓања и станувања. Некако многу брзо помина...а толку многу работи се случија! Се читаме!
Пишав и погоре. И моето какаше преку ден, ама откако има и ручек си кака секој ден. Нормална му е столицата, денес еве е нешто потврда, ама деновиве натака навака и дадов на два пати купечки каши, па препишувам на тоа. Вода моето можам да кажам дека скоро ич не пие. Ја плука. Сум пробала секако да дадам ама не и не, ако имате некоја проверена тактика кажувајте. Исто немам начин ни водичка од сливи да дадам, не пие од шише. Пробај да дадеш каша од сува слива на Нутрино, еднаш ни помогна. Исто и тиквичка и круша многу убаво му делуваат кога ги има во кашата.
Никако не сака. Ни шприц ни лажичка. Пробав секако. Тоа е борба колку не сака да го пие. Чак му ја покажав waya кутијата и лажичката што му давам од него и се залажа и отвори уста, ама како ја доближив одма ја затвори. Го осети мирисот на сирупот. Уште два дена ќе се помачиме нема друго чаре з жал.
Мислев да не кака и твоето почесто како моето. Големото мое на 4-5 дена какаше, ма јаден, ма пиен, ма мајчино, ма ад, сеедно он какаше на 4-5 дена.
И овој несакаше да отвори ама кога мора мора, му ја фаќав устата и буткав шприцот. Не е тоа насилство, насилство е шмукање мрсули е тука има боречки зафати.
Е до таму фала богу немам стигнато. Секрет нема цело време го голта и вади преку столица. Уште од бебе бебе така е до носето. Колку е тоа добро појма немам
Исто така давав и јас на првото, тоа што мора мора, нема нејќам со лекарства, мора и никогаш жал не ми било за такви работи шприцот в уста и нос му затворав ако имаше потреба. После 2 години почна се да пие.
Ако има многу, убаво е да се собере за да не се спушти. Инаку нормално е да голта и препорачуваат пробиотик сабајле вечер заради мешето да не ги боли од шлајмот