Моево два дена не сакаше да јаде ништо освен да пие вода, чај, сокови и освен некое парче овошје ако каснеше. Цело време беше во движиње. Интересно му беше да се држи за маса и да се движи околу цела маса. Еве го сега си јаде пак нормално
Здраво да ве прашам нешто ќерка ми на газето има црвенило со бели точки дали знаете што е тоа дали го имало и кај вашите деца утре ќе ја однесам на педијатар но сепак реков да прашам
Исто. Мака мачам со недели. Почна од пред да се разболи и до ден денес многу слабо јаде. Се надминав во кујна и целиот труд ми е џабе. Не знам што да праам огромна нервоза ми е. Сите велат давај му го тоа што му е омилено, битно да внесува нешто, ама он веќе ни омиленото ме го јаде. Еве капки едни демек за апетит му давам, до сега не се од помош.
Исто со недели. Денес дојдовме кај баба и и дедо и, дали е до тоа не знам, јадеше некое лажиче. Да не имаат колективен штрајк со не јадење дечкиве периодов.
WellBaby. Ги давам веќе можеби 20 дена со надеж дека ќе сторат нешто околу апетитот ради вит Б, ама досега не гледам разлика. Инаку се повеќе за имунитет. https://zegin.com.mk/mk/vitabiotics-wellbaby-multivitaminski-sirup-150-ml
Од денеска ви се приклучуваме овде мајки, пораснавме ❤ Бебево веќе неколку дена ја врти главата лево десно, како да прави не. На почеток ни беше интересно, мислевме дека си игра, ама почна и во спиење да го прави истиов потег, како тик и е, не знам...6 месеци денес направи.
И моето така прави, пред 4 дена наполни 6м. Јас мислам дека е знак за вадење заби. Се случува и во спиење и кога не спие, и кога му е време за спиење.
Можат ли да се прејадат? На доручек изеде 250гр каша и одма после тоа бараше да цица и цицаше скоро како да не јадел претходно. Не знам знаат ли колку им е доста. Страв ми е да не го боли меше од толку јадење, ама од друга страна како да не му дадам кога бара..
И моето прави. Братучетка ми ми кажа дека наводно така го развивале центарот за рамнотежа, колку е точно не знам. Не мислам дека е поврзано со заби зошто моево прави веќе месец дена може, а нема ни З од заб.
Мене педијатар за првото ми кажа ќе му даваш да цица секогаш кога ќе побара без оглед што јадело каша. Е сега,јас гледам бар 30-60мин да се поминати од оброк.
Цица на барање од прв ден, меѓутоа кашите веќе подолг период му заменуваат оброк и најчесто не бара да цица после доручек/ручек. Се случува како денес да бара, ама ретко. Не можам да чекам 30-60 минути зошто упорно бара и се нервира ако не му дадам.
Јас секогаш после 1 сат од оброкот давам млеко, го сметам тоа како ужинка. Можда грешам ама супер ми се е распоредот 6:30 млекце(цице) 8:30 спиење 10 појадок 11:30 млекце 12 спиење 14 ручек 15:30 млекце 16 спиење 17 млекце па после уште пред спиење Е сега додека сум тука да прашам, пред 2 дена почнав со ручек, да не очекувам од старт дека ќе изеде 150гр од ручекот така? Бела дали дечкото почна да седи стабилно? момава моја на столче сама се крева да седи на 90 степени ама не можи долго да доседи и се враќа назад на 60 степени и после пак се крева?
Нашиот распоред го пишав мислам пред скоро, ама изгледа вака некако со +/- пола саат: 8 млеко, 10:30 доручек, 13:30 млеко, 16:30 ручек, 18:30 млеко, 20:30 млеко и спиење. Е сеа тоа што некогаш бара да цица и одма после доручек/ручек е друго, ама не го ставам во распоред зошто не е често. Инаку не е скроз скроз стабилен, ама има значителен прогрес во седењето и тоа во последните два дена. Седи неколку минути сам без да е потпрен и без да го држиме. Он е бебе што нејќе во раце, нејќе да седи ич, само сака на земја да си ровари и затоа мислам дека уште нема седнато стабилно. Поинтересно му е на меше, седејќи не се прават бељи.
Денеска едно големо изненадување ми приреди моето дете. Оставање во креветче да седи и јас седам тука покрај него ( за среќа ), тој фаќање за оградата и исправање и оп со главата надолу, ќе се фрла господинот. Прво самостално подигање на нозе, за тоа пресреќна мама ама оградата се подигна највисоко ниво одма во моментот. Ако сеуште од лежачка положба не може да седне ама е прашање на време и тоа да се случи. Инаку почна пак да цица, сета мака е била тоа што добив менструација денес, изгледа почувствува преку млекото. А тоа што мислев дека ќе ми се средат циклусите по пораѓај падна у вода. 40 ден денес од циклус, ама ај пак да се надевам, сепак втор пат како добивам по пораѓај