Од денес со полни 6 месеци се префрламе во оваа тема. Воедно да прашам, од кога почнавме со вкусови нормално каките му станаа пооформени, посуви и веќе не кака течно како претходно. Проблемот е што на секое какање тој плаче, завива. Дали е ова нормално, можеби додека се навикне на промената, или има некој друг проблем? Не би рекла дека е запек бидејќи кака еднаш на ден, или еднаш во два дена.
Водичка не обожава многу ама му нудам, колку толку ќе голтне. Масло дали може маслиново? Ти благодарам.
Здраво, дали има некое бебенце на 6, 7 месечна возраст што не се превртува од грб на стомак и не покажува знаци за седење?
За вртење се врти од многу мал, ама за седење до скоро клапнуваше. Пред два три дена почна да седи повеќе и да е постабилен. Денес полни 9 месеци.
Моето пак не се вртеше, а седи стабилно од неполни 7м, сега се врти, лазе, станува на нозе и седнува, нема правила, секое со свое темпо. Нормално е да плаче оти не се навикнати дека каката сега е поголема и потврда, после ќе се навикне. Ама давај му вода колку можеш и масло.
Дали маслото го воведувавте три ден како нова намерница? Инаку денес бевме на мерење 7 месеци и 17 дена 8430 грама и 69 долг Докторката вели супер напредува машала. Изненадена и дека сам се исправа да стои. Она го фаќа за раце да го седни тој оп на нозе се исправи и му вели ааа па ти сакаш да одиш. Тоа бара цело време по дома некој да го држи, тој да дава чекорчиња и да потскокнува со двете нозе , ама е ко пијано пијано . Нека е здрав и жив кога ќе реши да прооди тогаш. Ние до тогаш ќе му исполнуваме желби
Не го седнував, се фаќаше за нас и се подигаше, исто и во количка се фаќаше за рачката и ќе седеше така, ако пробав да го легнам се убиваше од плачење. Го седнував во мене во скут или додека го хранам, ама онака со перници да го потпирам, не. Сега исто од лежечка сам се подигнува и седнува, менење пелени е веќе борба страшна, не можам да го задржам од вртење и станување, буквално како лав да облекувам.
Не. Има по малку масло пробиотиците. Вит д. Купени каши. Ја уствари ништо не воведувсм по три дена. Ден до два и толку.
Кога спомна веќе вода. По колку вода откако се воведува оброк се дава? Мислам дали веќе може да се нуди дете постојано колку сака или само за време на оброк? Еден оброк имам обид да и воведам.
И јас почнав по два дена од скоро. Готови каши два три пати имам дадено и тоа био органски и во нив нема масло. Пише на нив да ги подгреваш со малку масло ама јас тоа не го правев. Затоа прашав
Да ти кажам на почетокот заборавав да нудам, давав по малце после оброк и он не пиеше кој знае колку и така заборавав, после една како чаша со цуцла му донесе некој на подарок и сам почна да ја бара, па му ставав често, сега цело време го нудам и кога сака кога не, сма дефинитивно пие повеќе. Сега и почна стабилно да јаде, со парчиња со земање меѓу два прста, не јаде многу ама интересно му е и не сака јас да го хранам и шишето со вода му стои на хранилката и измеѓу залаци пие и вода. Генерално последниве две недели детево скроз е сменето, многу напредна наеднаш, многу разлика приметувам после скоков, сите промени се случија во рок од 10тина дена и ептен некако како да порасна
Јас нудам преку цел ден. И онака малку пие а преактивна е. Некако ми има логика дека треба да се хидрира. Го земав Авент шишето со клунче. Се распи дете вода да не ја урочам. Во повеќето купечки зеленчукови каши има масло од репка најчесто. Маслото е супер. По тоа што истражував и меѓу првите намирници што треба да се даде. Има здрави масти во масла погодни за бебиња што имаат супер нутритивна вредност. И помагаат за столицата секако.
Мајки идеа за забава, кутија од памперс. Не ми се верува детево цел ден со неа да игра ни една друга играчка не го интересира. И како шлаг на торта вечерва се исправи на нејзе и ја буткаше до крај на соба. Имаме две проодувалки и дубак стои само на нив со кутијава направи чекорчиња.
Тука ќе те цитирам да не сум оф топик таму. Ја бањаш со Биодерма маслената, така? После бањање со што ја мачкаш за дерматитот? И дали секој ден ја мачкаш?
А од кога почнавте во седиште во кола да ги седнувате? Нели пишува дека се од 6 месеци некои. Ние купивме едно и се си мислиме дали да го смениме макси козито или рано е? Има некаков наслон седиштето демек на изофикс, ама не сме тестирале уште. Не може да седи, далеку е од седење.
Ја бањам со маслената Биодерма секој 2,3 ден по совет од педијатар, да не се суши дополнително кожата (газе, лице миеме и неколку пати на ден, ова за цело тело бањање). 2 пати на ден, сабајле и навечер ја мачкам со Биодерма Атодерм кремата (со бело капаче). Јас би ја оставила во транспортер дур не го надрасне, односно дур не почне да и излегува главчето од лежиштето. Кога ќе менуваш транспортер со седиште гледај и седиштето што подолго да ти е свртено наназад.
На оваа крема мислиш нели? https://www.bioderma.de/sites/de/fi...products/{83947}_{}_{28146}.png?itok=4SJY8bgV Не знам јас како да ја одвикнам од бањање секој ден сега, она го поврзува со ноќен ритуал и уживање и беше до скоро. Сега и излегоа егземите и на мака сме. Абе можеше нешто друго од мене да наследи, аман. Доби некоја крема без кортико за егземите и средсво за бања, ама еве 4 дена не се повлечени уште. Не знам за колку време да очекувам да се повлечат. Малку како на интензитет се намалени само.