Да таа ја имаме. И кај мојава не се повлечени скроз ама се смирени. Нема толкаво црвенило и не е изиритирано да ја чеша. Летоска супер беше, како залади лом
Секоја зима исто, 5 год е, моментално на газе е ваков, јас мачкам бетаметазон 1 или 2 пати одма се смирува, потоа биодерма.
За непијачите на вода ново ‘откритие’. Прво пробав со шприц од сируп и почна да пие малку повеќе од со било што друго. Не е идеално знам, ама мора некако да прима вода. Денес ми текна да пробам со водата кај што се вареше овошјето = win win. Ја ставив во шише и испи дури околу 90ина мл. Значи жеден е, знае да пие од шише, ама бира што.
Па и да нејќе вода, што му фали да му додадеш малку вкус, не е страшно некоја капка. Познавам многу и возрасни што пијат така вода. Или почни да намалуваш полека полека, пример ако денес исцедиш пола мандарина после некое време помалку, помалку, па на крај со неколку капки ќе завршиш и скроз ќе ја исклучиш. Подобро вака отколку без ич.
Да му купам waterdrops. Јас сум таа што нејќе вода, чај незасладен пијам, вода со лимон да, ама чиста вода само на сила зошто знам дека морам. На мајка му е метнат, не е крив човекот.
Блазе си ви. Мене таа финта не ми пројде. Првин пробував со водата од овошјето што го варам, не сакаа. Ден, два им беше интересно и толку. После викам ај барем малку од оние сокчињата на хип ќе капнам, ептен растворено со вода, и така не проаѓаше. Чај не сакаат да видат, ништо течно, и каша со потечна структура не сакаат. Ги купив и магичните чашки на нук, ги изгризаа, едново демек пие, ама од другата страна и од таа од напред се и тече на неа и се прави утоп,којзнае дали 5мл пивнува. Освен млеко друга напивка не ни проаѓа, не знам што ќе се прави. Воведов и мандарина, тоа беше драми, киселење, плачки, а си викав ај барем цедено ќе пијат. Само од цитрусните лом им се направија газињата, па сега мака мачиме да ги оправиме.
и ова мое бебе не сака вода ....се тешам пошто цица ама до толку ич не пие има шише со клунче знае да влече и а осети дека тече нешто си го зема и го грицка за играчка
Јас знам од хипп сокчињата да ставам на дното од шишето 20/30 мл и вода до горе 150мл. Маж ми ми вика дека сум штедела, а јас ова го викам дека пие сок, зошто не сум љубител за давање уште сокови.
Ќе славам денес луѓе. Моево бебе преку ноќ се смени за водата. Си ја пробав среќата чиста дадов после ручек, без никаков вкус и си испи 60мл, ептен сум среќна. Мислев не знае да пие од шише пошто само го џвакаше, ама ете знаел. Сѐ во свое време, не бива ништо со форсирање.
Мојава исто ама само ги вадии за било што да е само вади, влече, трга, растура а никако да врати на место. И топчиња да ги пика и исеков кругови ни тоа не сака. Цело раче го пика за да ги извади а никако да пика. И играчка имаме со форми да става, ма какви. Смешки ми е. Не и се притресувам ама ич еве ја збореше мама баба ајде не, сега уста не отвара неколку недели. Сите кога ќе ја видеа како оди со помош (раце, проодувалка) викаа оваа ќе прооди на 10 месеци. Еве ја уште месец дена годинка и тоа абер нема. Сами си диктираат, ништо не ја форсирам видов дека нема фајде. Уште една идеа за тие што сакаат да вадат, потрошени влажни, пикнете во дупчето марама или некој долг тенок партал за да го влечат што подолго.
Ajde i jas da se prefrlam ovde...imam 6mesecno bebe. Koga letna vremevo. Sto se odnesuva do placenjeto i nie go imavme toj problem. Mu pomina so tek na vreme i so nekoja espomisan kapka.
Ги вадеше и мојот на почетокот, ама по месец два почна и да става. И со топките исто до скоро само вадеше, сега веќе почна и да става. 15 месеци направи денес, разбира веќе и кога ќе му кажам да ги збереме играчките право оди кај кутијата за топки и ги собира
И мојов става, не форми ама вади пример облека од корпата кога простирам и пак ги враќа, исто играчките од кутијата, чорапите ги става во неговата кутија. Не знам уште дали свесно го прави како да раздига или му е игра, ама мислам мал е за свесно. Него јас ете одвај го презаспав, од 5 попладне буден дури у 11ипол заспа, а почнав у 8 да го заспивам и не сакаше дете и крај. Не знам што ќе се прави со ова спиењево веќе, мислам цело време е хорор ама неделава се надмина. Никако не се успива и плус денски мора врз мене легнат да е за да спие, веќе ни количка не сака, значи заспива 11 мин и се буди 9 сабајле, ама длабок сон има се на се 3-4 саата, после тоа е презаспивање на секој циклус… После цел ден е струја, јас не знам од каде има толку енергија. Почна да плаче на бањање, а беше толку радосен, сега го бањам на 2-3 дена за разлика од летото и како да заборава што правам, се убива од плачење. Кажете ми кога веќе ги седнувате во корито што ставате одоздолу да не се лизга? Мислам дека веќе сака да седи во водата, а не да е во мрежа, а и така во мрежата му искачаат нозете, може и ладно му е така па плаче, ама пробав со седење и се лизга. Кога ќе си правам нова кујна ќе ставам длабок голем мијалник и жими се таму ќе бањам деца.
Мајки препорачајте ми некои патики за бебе? Во фаза на проодување е пушта по 1-2 чекорче, ама повеќе ми се за шетање надвор а и да ги носи кога ќе прооди сакам. Уште го шетам со два пара чорапчиња надвор, голем е веќе Знам дека треба да се меки и да можеш да ги свиткаш како топче ама ај ако имате искуства Првите со кеги ми проодеа ама ортопед ми рече не такви, а и е ми се убави некако