Мајки бебево ми е со ларингит, денес трет ден, два дена го инхалирам со cortair и физиолошки(сабајле и вечер), денес некако повеќе ми кашла и по разводнето. Што можам уште да направам? И дали се препорачува прошетка кога се болни? Он си е весел вака и нема температура.
За ларингит треба ладно да диши тогаш му се отвара ларингсот, извади го на воздух, полошо неможе да биди. Обично и за 3 дена поминува со инхалациите.
Патики вакви има само друга боја, меки се и се виткаат убаво. https://www.sportvision.mk/mk/obuvki/8555042-nike-revolution-6 Ама често одиме на планина, со патики ладно е, па му земав и чизмички како овие. https://k-k.mk/product/zimski-obuvki-barefoot-8
Им давате ли леб на возраст од околу 9м? Моево ќе де потеша за леб кога не гледа дека јадеме, му дадов некни парче и го глодаше ептен со мерак. Не сакам ради сол и квадец ама ако смее да се дава можам да направам домашен без тоа.
Смее да се дава. Не сум дала ама на таа возраст многу даваат и купечки. Јас не би, можеш да си направиш домашен.
Ние и дома си го правиме со сол и квасец. Па давам од 8м и таков и купен. Секако нели се даваме купено. Колку сол може да има во еден леб, ако е толку солен нема да има неутрален вкус. Многу сака леб и мојата.
@Ceneva Никако да ти одговорам. Добро сме, само ете некако не стигнувам да пишувам често. Ни Кеги ни Цицибан. За проодување барај по спортски продавници и меки се сите што се за трчање. Поголемото порасна во ваков модел, само разни бои купував. Ептен му беа погодени и 3-4 пати му ги купував со ред само поголемо бројче. Има адидас разни модели, најк, рибок, чемпион. Ѕирни и по аутлети ако имаш време. А може и кои било само да се свитливи кај прстите и влошката да е скроз рамна, да нема испакнато перниче. Во принцип, најлесни и најфлексибилни се трчачки модели.
Ги зедовме овие по препорака на форумот. Многу се убави, меки, лесно се виткаат. Ептен му се згодни за одење
Мајки здраво. На мака сум. Детево мое (8+месеци) ми фати страшен вирус пон вторник и среда изгоре од темп, едвај ја спуштавме, налет помина се. Последно ми јадеше во понеделникот, од тогаш не сака ништо да јади. А ќе види лажиче ја врти главата како да е налутен шо го форсиравме со тие сирупите за темп. Зш со сила ги дававме. Пробав и парчиња да давам, узалуд. Понудив све шо претходно јадеше (печена тиква, грчки јогурт) и џабеее само смоки знае по една две да касне… живци искинав, само на цицање е веќе неколку дена. Од што имтензивно го ставав на гради, почнаа ко луди да ми прават млеко.. тамн почнавме да имаме убави два оброка и сега сме само на млеко. Срцево ме боли, го осеќам ослабен, мешето му се стопи… Имаше само грло, не се спушти надоле, и како маалку да му е белко јазичето. Давајте совет шо да правам…
Пред нг моево беше болно. Три дена тт над 39. Пред да покаже симптоми не јадеше 10тина дена (си имал мака, а ја не знаев), откако го стаса вирусот, не јадеше уште толку. Значи добри 20 и кусур дена немаше изедено сѐ на сѐ една каша од 200г. Многу, многу се нервирав, си велев со детево ќе си имаме мака со јадењето... Само цицаше и тук таму некоја смока за да чеша непца. Еве веќе оздравен вратени сме горе долу по старо, така да штом не му е арно, ќе штрајкува, биди трпелива ќе се вратите во нормала. Со сила не можеш да му даваш, добро е што цица. Ти пак нуди, пробувај комбинации, начекувај моменти, ама зборот ми е да не се нервираш очигледно.. болно дете не јаде. Ќе се освежите и ќе се нормализирате.
Мајки што доевте ексклузивно и тргнавте на работа со 9+ месечни бебиња, како се организиравте со доење во работни саати? Изводливо ли е? Ќе ми намали ли млекото ако го дојам само пред и после работа?
мене мали ми беше пред нова исто болен со бронхит со антиб 8 сме сега добро е што намали со јадење ама јадеше и цицаше по совет на матичната давам well baby сируп за иминитет и тој гледам дека го разјадува ....види со док можда не сега одма но кога ке биде бебо добар тоа може да му го врати убаво апетитот Во однос на леб јас немам дадено како дел од оброк но ако ние ручаме а нему не му се седи сам а не му е време за јадење знам да му дадам корка си ја глода не гледам ништо страшно и да јаде на крсјот на краевите секако ке јаде со тек на време
Цицаше сабајле пред да идам на работа и после кога ќе се вратам. Ќе се навикнат градите на тоа темпо на доење и ќе се регулира производството на млеко според побарувачката. До годинка цицаше три пати дневно, сабајле, кога ќе се вратев од работа и пред спиење. После го скратив подојот после работа да остане само сабајле и навечер, а сега цица само пред спиење. Ноќе кога се буди некогаш го нудам (за побрзо да призаспие), цицнува 5 секунди и толку, па тоа не го бројам. Имај во предвид дека додека направи годинка бебето имаш право на плус еден час пауза. Јас се договорив да си идам порано од работа.
Мене ми е страв дали ќе стигнеме се да воведеме до 9 месеци тогаш ќе тргне во градинка Сега почнавме со вкусови(на 6м) од 7м планирам појадок,од 8м ручек,од 9м вечера. Е сега,он би седел во градинка до 12и30,а во тоа време имаат појадок,ужинка и ручек. За ужинка ќе биде мал,страв ме фаќа дали ќе седи гладен додека дојде време за ручекот кога би бил дома можеби би цицал.
Мојот на 10 месеци почна во градинка, се имав воведено, освен зелка, тоа таму прв пат проба. Прва ужинка овошје им даваат во нашава градинка. Мислам дека што и да е ужинката ќе му даваат и нему секако.
Во право си,откако пиша ми текна дека го имам сликано менито. Прва ужинка е овошје или компот. Фала ти,ми ја реши дилемата
И јас го гледав менито, зарем ќе им даваат мед под годинка? Нели беше забрането мед до годинка. Друго се ќе воведам ама тоа малце ме мачи.
Првото дете кога тргна во градинка(на 13м) ме прашаа дали е алергичен на нешто и дали имам дадено мед и јајце. Мед немав дадено тогаш,па не му даваа. Претпоставувам нема да му дадат нешто ако не е претходно воведено. Сега ова е од друга градинка сликано.