И мојов беше болен и не сакаше ништо да јаде ми рекоа да давам само течности и електролити. Не се секирај штом цица. Пробувај да му даваш штом ќе е подобро ќе почне да си јаде
Ке си има 3 оброци и ужинка, моето така беше додека бев на работа, сабајлето доење па му даваа доручек, па ужина, па ручек кога ќе си дојдев цицаше, па вечера, пред спиење и ноќе цицаше, така од 9 до 14 месеци. Млеко никакво не прифати, воопшто не пиеше ама вода пиеше многу. Потоа го одбив и единствена течност вода му беше. Ни јогурт, ни чај ништо.
Исто како што има пишано @lackygirl. Само мојот идеше во градинка. Млеко не прифати никакво, ниту па шише фати.
За една недела сме 7 месеци, едвај еден оброк има засега. Се надевам ќе успеам барем два целосни пред да почнам.
Дали некој го имате ова користено и дали е практично? Скоро 10кг е неможам да го држам в раце, за низ дома.
Не би требало да снемаш. Мене ова ми беше исто недоумица како ќе биде, особено и што се вратив на работа кога ќерка ми имаше 3,5 месеци и никаков друг оброк до 6 месеци. Сеуште успешно дојам, ќерка ми има веќе 9 месеци и многу ретко пиела адаптирано, само ако не дозволувал денот да се организираме поинаку. Инаку доев пред работа, на пауза и после работа. Во меѓувреме оставав и едно измолзено. Сега веќе е многу полесно откако има оброци и пак имам доволно млеко иако е намалено цицањето. Е мојава си цица и 1-2 пати преку ноќ, не е од тие што преспиваат, тоа исто земи го предвид како дополнителна стимулација. Не знам кај вас како е, ама оптимист сум дека ќе е добро. И да, убаво те посоветува Мандела, ти следува пауза до година, така што гледај ако можеш договори се на работа како да ја користиш.
Знам дека е индивидуално, но после колку време отприлика бебенцата може да почнат да остануваат 4-5 часа во градинка? Колку трае адаптацијата - кои се ваши искуства?
Зависи колкаво е бебето. Првото мое дете тргна на 13м и се адаптираше за скоро 3 недели. Со престој 5 часа. Тука фаќаше и едно спиење.
Зависи до детето. Мојот почна на 10 месеци, ама имавме тешка адаптација. 2 месеци траеше. Освен што плачеше, максимално одбиваше да јаде таму. Па се организираше цела фамилија со одмори и слободни денови за да го чуваат. Други деца од неговата група од втората недела веќе се адаптираа. Сега па ем не можат да го донајадат таму, ем не сака дома да дојде. Муабетот ми е дека со децава не можеш да знаеш што да очекуваш, секое посебна приказна е
Секое дете е различно, ќерка ми тргна на 9ипол месеци и кога отидовме првпат во градинката демек на запознавање, играше со децата половина час и си заспа. Од намерата да се адаптира по сат два,испадна детево да си преспие без проблем и без плачки. Другиот ден намерата ми беше пак 2 часа само, да не е наеднаш детево "фрлено" во градинка . Ама мајстори ни дојдоја и тек во 14ч ја зедов (а од 8 однесена). Јадела и си преспала без проблем. И само првата недела беше со земање побрзо, после веќе си ја оставав од 8 до 15ч. Така да зависи само од детето.
Колку дремки имаат вашите бебиња од 9+ месеци? Син ми уште е на три, две од 40мин и една од саат ипол. Пробав да му скратам една, ама некако не му одговара. Споделете кој ред го терате во текот на денот со јадење и спиење. Ќе воведувам вечера за брзо и морав да ги подместам порано доручекот и ручекот. Доручек имаше во 10 ипол, ручек во 4 ипол. Од денес почнавме малце порано да стануваме и доручкуваше во 9, а ручек планирам околу 1-1 ипол. Не знам ок ли е вака? Колку растојание имате меѓу цврст оброк и млекце? Некако ми фалат саати во денот. Изгледа нешто правам грешка..
Пред да почне со градинка го имавме следниот распоред отприлика часовите 05:00 - млеко 8:30 - појадок 11:30 - млеко 14:30 - ручек Околу 16:30 малку млеко /половина доза 18:30 - вечера исто повеќе од 100гр не јадеше 21:30 - млеко Млекото е Ад кај нас Кога тргна во градинка се водиме според распоредот од таму Наутро околу 5:00 млеко. Се повеќе се случува да го отфрли ова 8:30 - појадок 11:30 - ручек 14:30 - ужина/млеко е кај нас сеуште 17:30 - вечера 20:30-21:00 - млеко и спиење Е сега преку денот знае да касни парче овошје мислам на резанка, не цела овошка или смоки пример. @Bella_Stella
На 9 месеци веќе имаше 2 само мислам, ретко кога 3. Се будеше на пример околу 8:00 и првата дремка со првото млеко околу 11:30. Следно дремка околу 15:00. Ако е вторава ептен кратка знаеше и околу 18:00 да дремни. Со градинка станува и пред 7:00 наутро. Таму спиеше околу 10:00. Па следно спиење околу 14:00/14:30 со млеко. Сега на година е во некоја транзиција од 2 на една дремка и така да секој ден е различен.
Дали сте приметиле дека силиконскиот прибор за јадење има сапункаст вкус? Случајно приметив, имам неколку силиконски чашки и нудев вода само од нив, бебе не ја пиеше. Денес случајно си реков ќе ја испијам останатата вода од неговата чаша ( читај цела чаша ) и се изненадив од вкусот, дефинитивно имаше вкус на сапун. Не ги мијам во машина за садови, само на рака, имам неколку различни брендови, и тоа не се некој шкљ брендови за да се сомневам, ама кај сите е истиот вкус. Му дадов да проба вода од мала стаклена чашка за ракија, ја испи цела чаша. Многу ме изненади. Дали сте приметиле нешто вака? Како го миете силиконскиот прибор?