Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Panovic

    Panovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2020
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    573
    Книгите ги има @Spidy, таа има доста истражувано на оваа тема, доколку има време и желба може нешто плус да ви каже.

    Програмите,тренингот не се само за преку ноќ, туку постојано преку ден и преку ноќ.
    За да биде се успешно мора да се има ред кој мора да се следи, без никакви отстапувања.
     
    На Spidy и 1209 им се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.022
    Допаѓања:
    45.903
    Пол:
    Женски
    Дневните дремки ни се константни на нас, не отстапува од нив и спие секогаш исто, истрениран е. Како што кажував веќе проблем е последната дремка т.е он ја смета за дремка, а не за ноќно успивање, има фолс старт уствари за ноќно успивање.
    Нејсе да не замарам со тоа веќе, може Спиди ќе сподели па да видам и со тоа:)
     
    На Panovic му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.970
    Допаѓања:
    14.729
    Пол:
    Женски
    Книгите можам да ги пуштам на мејл, слободно кој сака може да ми пушти адреса тука или во лп. Јас сум при крај со втора бременост, и планирам повторно да го применам овој тренинг и со второто дете. Што порано се почне, толку подобро.
     
    На princess5, Secret-Angel7 и lackygirl им се допаѓа ова.
  4. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Мене за чудо трпението уште ме служи :D
    Скоро месец и пол ме фати за да ја научам да спие во креветче, да презаспива сама, да не ми заспива во 11 и на секои 30-40 минути да не се буди за да ја заспивам одново и одново. Сигурно тоа можеше и побрзо да биде, но поминавме најбезболно, сама си смислив темпо и полека успехот си дојде. Тоа беше ново за мене, поголемиот од раѓање имаше ред најверојатно бидејќи пиеше и ад и му се знаеше редот. Спиеше и заспиваше сам, си знаев дека такво нешто нема да ми се повтори.
    Сега од кај ми беа нервите навистина не знам, но спремна бев. :D
    Ноќеска првпат врза сон 6 часа и само еднаш стана за млеко. Тоа ми е награда за трпението :D

    A, чек, во книгата од Спиди има за тренинг како се прави? Ја имам книгата, но што е за право, не сум ја читала цела, само распоред гледав по возраст. Во кој дел има за тренинг? Би сакала да ѕирнам, чисто ме интересира што применуваат таму.

    Инаку, не седи стабилно, се клати. Се фаќа за послужавникот од хранилката и обрачот од количката и така се исправува, но се придржува. Додуша јас на друго место и не ја седнувам.
    Кај вас каква е ситуацијата?

    @1209 И јас не сакам да сум погрешно сфатена, но би сакала да кажам мислење и од искуство дека може бебе/дете кога е хиперактивно, тогаш да е такво поради тоа што е уморно. Кај некои деца не може да се забележат знаци на умор како зевање, триење очи, па знак за умор да е зголемена активност, можеби раздразливост и сл. Некои деца ќе си клапнат главче и ќе си задремат каде и да се, а некои па се вклучуваат како на струја.
    Поголемово дете кога ќе го фати умор, почнува да збеснува, најголемите глупости ги прави кога е изморен и наместо да си легне да одмара, тој уште повеќе трча, скока, станува поактивен. Си велам ако ти се спие дете, легни си, полежи и сл. Не, тој е пораздвижен од умор. Исто и бебево. Кога ѝ се спие, почнува да мрда како во струја да е, мафта со тоа раце и нозе, вика, писка, ти се чини сон не ѝ треба. Додуша и јас сум таква кога сум изморена, ме фаќа нерва колку повеќе сум уморна. Не ни можам да сум смирена и успорена, баш тогаш сум најраздвижена.
    Ист проблем како твојот имав со малава навечер, само што ќе заспиеше, ете ја за 30 минути плаче за презаспивање. Тоа ќе се реши и нема да те бара кога ќе научи само да заспива. Токму затоа се решив да ја научам и ми успеа. Навистина долго траеше, но сама си бев спремна на тоа и решена бев да ѝ средам спиење. Оттогаш веќе не се разбуди така и врзуваше по 4 часа, а конечно ноќеска врза 6. Ама и со 4 бев задоволна. Раатот си го видов и ем јас имам време да седнам и можам да поспијам ем таа е наспана и не е уморна. Не ти сугерирам ништо, не ти велам да го учиш ништо, тоа секако си е твој избор, само мислам дека тогаш ќе се среди тоа станување и неспиење кога е време за спиење.
     
    На kozuf, Secret-Angel7, Lavender13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Panovic

    Panovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2020
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    573
    @0ли не седи уште стабилно, си се исправа во количка и во хранилка и така со едното раче се држи на послужавникот,а со другото се фаќа од послужавникот(храна,играчки) а)ама сама самостојно без држење не седи:)

    Книгата пишува за да не дојде до тренинг треба уште одма да се почни со распоред на дремки,цицање,пресоблекување и сл.

    Јас се сложувам потполно дека секој родител треба да прави како што сака ама сонот е најважен за бебењата ама и за нас како родители. Некои родители викаат дека веќе се навикнале на станување и супер е тоа ама искрено се надевамс дека нема да ви се одрази понатаму во несоници бидејќи не им сме потребни на децата само кога се бебиња туки и понатаму кога имаат побурен раст и развој.

    Браво Оли за истрајноста, баш долг период е месец и пол за учење, ако викам дека немам трпение второво на ред беше после 40дена за резултат да видам на четири ипол месеци :wasntme:
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Како ја научи Оли? Можеш да споделиш?
    И дури си тука, вежби за лазење треба или не? Претпоставувам не, ама да прашам.
     
  7. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Напишав набрзина во темата за спиењето, ѕирни таму.
    Не треба вежби, секако :)
    Ќе лази или пред проодување или после. Поголемово дете рано пролазе, па прооде и после проодување си лазеше уште, побрзо му беше да стигне до некое место каде што сакаше да оди ако лази.
    Се движи ли некако на под? Крева газе нагоре?
    Моево се врти во круг, се влече нанапред, се турка наназад, но на колена не лази уште.
     
    На Ceneva и Lavender13 им се допаѓа ова.
  8. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Се врти во круг скоро два месеци. Се обидува да тргне напред, ама само го крева газот, не му текнува уште да тргне со нозете. Вака е подолг период, затоа прашувам, како да тапкаме во место (буквално).
     
  9. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Знам дека така се осеќаш, ама сигурно нешто друго прави во меѓувреме.
    Може да го стимулираш со ставање пред него работи за да сака да ги дофаќа. Така мојата се витка како гасеница и се турка нанапред, се тегне за да дофати нешто и се влече.
     
  10. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.840
    Кога сте кај спиењево, мојава неколку месеци си заспиваше супер, ќе ја ставев до мене, со рачиња се држиме, бел шум некогаш и пеев и кома. Сега луѓе тоа се борби со лав, како навечер така и денските дремки. Тогаш е најхиперактивна, не може никако да се намести само мрда, сака да игра, врз мене доаѓа, некогаш и врз лице ми легнува пробува да заспие. ХОРОР. И се спие, ај што и е времето него ги дава и сите знаци за спиење, одиме во спална и почнуваат драмите. Пред некој ден саат ипол се тетеравеше на кревет дур заспа.
    11 месеци е.
    Имаше една промена, бевме на гости во друга држава, плус беше болна. Значи смени клима плус од настинката спиеше по цели денови.
    Дали тоа и ја предизвика променава не знам. А си имавме и распоред со по пола саат одстапки кој сега не го тера, секој ден е различно.
    Не можам да ја вратам во колосек, пробувам! Пробав и да ја разбудам и поинакво заспивање да воведам и сама да пробам да заспие ии да ја оставам со една дремка (ми збореа дека може сака да скрати ама дефинитивно не е тоа и треба уште две дремки). Со промена на распоредот и обороците ни се сменија. Од 6 на 5 оброци бевме, таман мислев средив еве денес пак само 5.
    Ужасно ми е!


    Кога правите стапалки? Почна да се пушта и сама а и ние кога ја пуштаме по 4-5-6-7..чекори без проблем. Кога не обрнува внимание тера без гајле.
    А може и тоа и пречи во заспивањето, учи нова голема вештина..
     
  11. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.013
    Допаѓања:
    8.488
    Пол:
    Женски
    И моето оли е како гасеница веќе два месеци. Не обожава многу на стомак. Сака да седи и почна да се исправа и станува ама не е ич стабилен што е нормално, за една недела ќе прави 8 полни месеци во 9 тиот.И бара само да го водиме да оди. Првите денови на прсти како некој балетан беше. Сега си гази убаво на цело стапало, ама далеку сме од проодување, ко пијан е :rofl:
    Инаку за проодување босо да е детето е најубаво нели, да не му земам обувки?
     
  12. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Мојава си седи на стомак, нема гајле, па ќе си се истркала на друг крај од соба, па се пика под столици и под маса, понекогаш се прашувам каде се пикнала сега. Па ќе заглави со ногарка од стол меѓу нозе и кенка затоа што не може да се сврти на грб, да се истркала. Е пробува да се дофаќа на мебел, но не се исправува. Има обиди, но рано е.
    За дома босо, не со обувки и избегнувај да го водиш за рака :)
    Остави го за да научи да паѓа на газе, паткање најмалку му треба, не му помагај. Сам да се исправува и да се движи, ни да бутка нешто не треба.
     
    На Ceneva и Bubish26 им се допаѓа ова.
  13. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.220
    Допаѓања:
    26.232
    Пол:
    Женски
    Ќе тргне, ставај играчки пред негп и ќе се обидува да го дофати. И ние бевме долго време само со ротирање и преку ноќ почна да лази, само авионче предходно правеше :rofl:

    а за паткање дa, не треба да се паткаат и да им се помага. Обезбеден простор само и оставање само да се научи.

    Туки, јас секој ден нешо вадам од уста од ќеркава, душа неам веќе, колку и да собирам, големава знае дека не треба да и дава ништо ситно, дури вчера она живото и го спаси оти ми кажа дека матка нешто плаво во уста, пред да и дадам нешто или оставам на под проверувам, она да ти го скршила некако.. ма нема шанса јас така да го напраам, како ли успеала, предходно од етикетите тоа пластичното го нашла на под:?: вие немаме представа колку ситни работи има ќерка во Виена, уште сме Ск па ме фаќа страв сега кога ќе си одиме како ќе не биде.


    Моево ништо не јаде, ни 10г не јаде, кај бе 120 на оброк. Она ја има титулата за најнејадач, и дада и ја зезнала.

    Долго неам пишувано, па се наеднаш.
     
    На 1209, Sofi.ja, lackygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Му ставам работи маааалце подалеку, значи таман да се поттурне некако за да ги дофати. Ама ќе се истегне еднаш, ќе види дека не може да го дофати и губи интерес инстантно. И се врти и бара нова играчка. Не дека не е мобилен, се врти ко хелихоптер, од стомак на грб и обратно знае по сто пати да се сврти, глеам сеа последниве денови и се обидува да стане од лежечка во седечка, ептен минимално ама го гледам движењето. Ама пример не е нешто претерано подвижен, и во спиење не се врти многу, само лево десно, на стомак никако.
     
  15. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Како што научи да се врти во круг, да е подвижен и да се превртува, така и другото ќе си го научи, не се грижи. Продолжи да му ставаш, може и повеќе играчки во близина и ќе се заинтересира пак. А и без играчки сигурно си вежба тоа што му треба.
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.013
    Допаѓања:
    8.488
    Пол:
    Женски
    Јас се укочив кога го видов како се исправи сам во креветчето. Го оставам да седи и да си игра со некоја играчка, дур средувам. А оградата не на највисоко наместена. Фала богу што одма кога го ставив и оп ја дофати оградата, па на колена и се исправи и преку ограда со главчето, ќе се фрла дечкото. И од тогаш оградата ми е највисоко ставена. Ако уште од лежење не седнува сам, ама е прашање на време, зошто пробува тоа во последно го гледам.
    А за тркалање се тркала и моево.
    А тоа за да го оставам сам да се научи се, немам баш некој услови. Тоа е кога не сме се уште сами со сопругот. Гледам максимално да прави се сам како и до сега, ама ова за паткањето незнам колку ќе можам да го избегнам. Зошто подлогата ни е ставена на место што околу нема на што да се фати да се подигне да би одел сам. Сто пати ја местам подлогата кај гарнитура и тргам масиче. И одам го успивам, се враќам, се раскренато. Се објаснував зошто, ама се е џабе. Ама треба изгледа на секое мести ја и белким ќе му здосади на свекорот да ја крева :lol:
     
  17. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.735
    Допаѓања:
    21.426
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно учењето нови вештини им влијае на сонот/заспивањето. Во последнава недела секој ден нешто ново прави и заспивањето ни е како борба со лав. Среќа 90% од времето спие мирно, ама кога ќе дојде ред за успивање ми иде усвет да фатам!
     
    На Lina-Detelina, gothchick, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.013
    Допаѓања:
    8.488
    Пол:
    Женски
    Ууу тоа да. И плус кога е поактивен преку ден, ако збеснува. Вечерта ми се буди со плачење едвај го смирувам.
    Денес пак за некое чудо, ај да не се заречам, дневните дремки супер му беа, две подолги и една пократка, и заспа во 21:15, дали ќе дочекам уште такви денови ќе видиме.
    Ама дефинитивно влијае тоа што се случува преку ден т.е. од неговите активности, како ќе спие и начинот на кој ќе заспие.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.735
    Допаѓања:
    21.426
    Пол:
    Женски
    Еве не, во 4 сабајле он реши да не спие и да си игра со етикета. Ќе се мрднам! Па уште и со мастит сум на сета мака. Ми се плаче! |-)
     
  20. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.013
    Допаѓања:
    8.488
    Пол:
    Женски
    Ох мила. Ти загази со тој мастит. Ти се восхитувам што продолжуваш да доиш на таа мака.
    Инаку, ете го само што презаспа, трет пат се буди ноќва.
    Нека се живи здрави они ние ќе преживееме некако и обелиме во косите
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.