И јас си се чудам сама на себе веќе, трет пат фаќам. Уште еднаш ако се деси тешко дека ќе продолжам. Нека се живи и здрави, ама и ние имаме душа бе.
Фала мама. Генерално доењето не ми претставува некаква мака. Ама кога ќе почнат фазите со гризање и запушување канали ми се плаче и сфаќам колкава жртва е потребна некогаш за да доиш. Се надевам ова ќе биде последен пат зошто станувам нефункционална. Толку губам сила што не можам во раце да го земам, а не е тоа поентата..
@Bella_Stella за жал некои жени се поподложни на мастит без разлика на околностите. Мајка ми го имала овој проблем со мене. И околу година нагло снемала млеко. Од крајност во крајност. Ти посакувам сила и истрајност да издржиш колку сакаш ти секако со доењето. Јас ептен се измачив првите 2 месеци и последниот со гризењето. Снемав млеко па природно некако престанавме. Инаку мислам уште ќе се мачев.
Тој па тој, аман Да си ја местиш на секое подлогата, ич да не ти е гајле. Важно е сам да научи да оди без паткања и држења, така е битно да научи да паѓа на газе и да се дочекува на раце. Понатаму доста ќе паѓа, па најдобро е да си знае сам да се заштити, да не ти паѓа на глава. А и нозете од паткања поинаку се местат, нема да оди како што треба. Мести си подлога, оставај го и сам да се исправа и да оди, сам да заоди, сам да се пушти. За рака се оди со проодено дете, кое којзнае кога ќе даде рака за така умно да си шетате Ќе сака сам, нема да сака за рака да го држиш, ќе трга раче, ќе се буни, ехеее Големово има скоро 4 години, за рака нема шанси да оди, само на пешачки дава и толку. Си сакаат слобода. Иако ти изгледа среќен кога го шеташ за раче, лоша услуга е тоа И за проодувалка имаше спомнато претходно, не успеав да ти вратам тогаш, во право си дека не треба. Буткањето нанапред телото го носи нанапред, стапалата немаат правилен од и потоа ќе оди нанапред и нема да е стабилно. Дури ни столови по дома не треба да бутка, и тоа е буткање. Мислам дека @gothchick имаше спомнато за користење проодувалка. И во креветче не треба да скока на стапала држејќи се за ограда бидејќи сепак е помеко долу и вака /\ може да почнат да се искривуваат нозете и стапалата нанадвор. Инаку, истото ми се случи со син ми во креветчето. Отидов до друга соба, но среќа секогаш на камера го набљудував и одев секогаш и секаде со телефонот, го гледам раце на ограда и на колена, сака со глава надолу. За секунда се најдов во собата не знам ни сама како прелетав и го фатив. Потоа спуштив ниво на душек и немаше гајле.
Јас иако молзам, не дојам, многу имав мака. Исто температура 3 пати имав качено, со болка од под пазува, црвенило, се по ред. Малку да го зголемев времето меѓу молзења, одма ме болеше. Неповрзано, сумамед ми дадоа за вагинална бактерија и не знам како ама и градата се среди. Сега на 9, 10 саати молзам и ич мака немам. Не е истата ситуација ама еве да споделам искуство можеби ќе помогне на некој.
Мој совет, масичка скроз да се трга и да не се враќа на место, не знам, некако биди упорна. Првото беше така живо сребро шо викаме исто на 8 месеци одеше по гарнитури и почна со прегрлање од масичка на гарнитура, ај денес ај утре никако да ја трниме некако се вежбаше на неа, додека не си расцепи непцето, е тогаш маж со секира ја тргна
Зезнато е да се разбереш со стари што мислат дека тие знаат како треба со твое дете, но мора упорност и да се тера како што родителот мисли дека треба.
Ја тргам ... Ама си добив подобра идеја... Ќе му ја прилагодам неговата идна соба да му биде подлогата нон стоп поставена, има и таму кревет ќе има на што да се фаќа. Па тогаш може сами се ќе расчистат за да го гледат детето
@0ли таман работа да сфаќам погрешно, сфатив и јас дека кога се преуморни се хиперактивни и затоа не можат да заспијат исто какоми ние де, јас мртва уморна не можам да спијам. Затоа пазам на прозори на будност и го глеам он кога дава знаци на спиење одма го успивам. Се препознава мојов кога му се спие, одма се трла за нос и трга уво, не му дозволувам да се премори. Ете вчера успеав да ја скратам последната дремка, последнта заврши во 5 и околу 8 веќе даваше знаци дека му се спие, истеравме рутина, и го успав за 5 мин, смирено без борби во 8:30. Спиеше до 12 со малце ќенкање повремено, во 12 го презаспивав со малце нишкање и му дадов цуцла без доење и во 4:30 после точни 8 часа од заспивање он стана и не успеавме да го презаспиеме, пробав во спална, не го изнесов, со нишкање, доење, цуцла ама пн веќе беше активен, качување на спална, станување на нозе, лазење, и на крај хистерично плачење оти го терав да спие. Беше буден до 6:30 и после заспа и тоа му беше прва дремка уствари. Денес ќе пробам пак вака ама ако се случи истото немам намера да го успивам порано и да ми станува во 4:30, не сум спремна денот во толку да ни почнува @Lavender13 моево научи наеднаш да лазе после завршување на скокот, (онака како ти што опиша правеше)прво неколку дена војнички се влечеше на назад и после преку ноќ почна на напред да си лази и ете сега му нема застој, не сака веќе ни во раце, само да лази. Сега се учи и да оде, веќе се подигнува на се што ќе стигне, ограда, маси, комода, гарнитура, некогаш го држиме и прави чекорчиња убави, ама уште не е стабилен. Мислам дека неспањето е последица на учење на ова и плус заби, ама ќе видиме. Јас очекувам за месец дена да се пушта да оди. За јадењево што зборевте, моево месо не сака да смисли, на милион начини пробав да го зготвам и единствено што прифаќа е од готова каша И онака малце јаде ама месово е посебна приказна. Цица многу па не се потресувам ама сепак сакам постепено да намалам доење. Сите бебиња со свои умови, ќе издржиме, едно, па друго, ќе се средат како растат.
Девојки за забите да прашам. Можно е тројки да излегуваат на 10 месеци? Дали има некоја такво искуство? Мислев дека ми се причинува и не е можно ама работ се гледа, црвено е жар местото, и пренервозна е и баш таму си мести глодалки за гризење. Не е многу рано?
Обично им доаѓа природно, голем е рсспонот на нормално некои почнуваат на 9 месеци некои дури на 17, 18. Да стимулираш е со моделирање, прво во книги а после на далечина.
Да не ви реплицирам на сите. Очигледно ја имам таа ‘среќа’ да сум склона на мастит и тоа цело време е на истата града, овој пат само го смени местото. Барам Лецитин да почнам да пијам, требаше уште тогаш кога ме фати втор пат, ама коза. Го нема кај нас низ аптеки, гледам Ани Фарм го имаат па ќе нарачам. Белким ќе преживеам дур да стигне.
Леле,како лета времево!Буквално ми се чини како од Труднички муабети се префлив тука Првите 6 месеци со бебенце човек никогаш не знае да ги цени и да ужива како што треба,а толку се слатки,само кога ќе помислам на тие мини суштества. Денес полни 6 месеци со мојата принцеза,за која неизмерно му се заблагодарувам на Бога,не сум била свесна колку ми била потребна една ќеркичка Е сега,почнаа тие други маки со јадењето.Вкусови пробуваме од 5 и пол месеци,денес и дадов киноа за прв пат,со банана и јаболко,меѓутоа само две лажици изеде со сила,како да се гади,избегнува.Жал ми е и да го фрлам оти остана повеќе,како постапувате со кашите што ви остануваат,реков да пробам пак покасно ако се предомисли..
На почеток така е, јадат како глувчиња, ама покасно ќе се разјаде. Јас остатоци никогаш не чував и да нудам покасно, дојадував. Сега веќе на 9+ месеци нема остатоци.
3 ките излегуваат после 4ките, ама нема пишано правило... Иначе после 1ци, 2ки излегуваат 4ки па 3ки па 5ки. 3ките се најтешките
Знам за правилото ама еве мојава извади прво единици доле па двојки горе, па единици горе и сега гледам горе пак букнато. Не дава да видам убаво и не знам дали се 3ки или 4ки. А од двојки доле абер нема.