Се редактирав назад, можи е 1 туберче (врв) од 4ката. Кога ќе можиш провери. Гледав на тик ток со чаша стаклена проверуваат.
Ни избива второто запче и затнато носе комбинација. Жален е. Дајте совет што со носето. Секрет нема за лек, некаде назад му се слива и го исфрла преку какушка. Капки ставаме наривент и физиолошки, инхалации му правам колку што дава ( оди многу тешко искрено ) Ништо не помага! Ставав лимон со сол покрај креветче ни тоа не помогна. Едвај цица и се нервира, што е нормално.
Дали може ориз да направи проблеми со варење? Трет пат му давам, и трет пат е исто плачење навечер, едвај го смирувам. Не знам дали се гасови или нешто го боли, ама дефинитивно е поврзано со оризот.
На мојата ориз воопшто не и годи. И прави гасови и прдка, има потврда столица и се мачи да кака секогаш кога го јаде па го избегавам.
@Bella_Stella, да се здрави и бели како бисери @gothchick , нема да е утешителен постов ама ќе ти пишам. Мислам од после 11 месеци детево се промени скроз. На прсти се брои кога заспала мирно, еве веќе и роденден помина. Значи менуваме памперс, ставаме пижами и вреќа и одиме во спална. Претходно дава знаци за спиење. Давам млеко и тука после пиење на млекото почнува "журка". Вртење по цел кревет, опција 2 е плачење, како да вршам егзорцизам врз неа, а не успивање. Па почнуваме да разгледуваме и читаме сликовници, па пуштам приспивна музика, па вртењето продолжува во 748392 позиции низ цел кревет. Менуваме де во нејзиното креветче, де до мене на спална и така во круг едно 1,5-2 часа. Тука веќе повторно е гладна на сето тоа беснеење, па додавам уште малку млеко. Е после може конечно ќе се реши дека е време за спиење, а може и не. Битно во одреден момент како на дугме заспива. Уплав имам јас, како што се ближи време за успивање. Е да е поинтересно, пред некој ден во игротека, седната си игра со играчки, значи гужви, деца, викање, музика. Госпоѓицава моја само ја навали главата на една играчка и за 10 секунди заспа и тоа не и беше ни време за спиење. Се надевам дека е инаку ова мачно успивање само фаза и за брзо ќе ја надминеме.
@Bella_Stella дали има заби на повидок кај твоето? Луѓе кога треба да почне да ме загрижува немањето заби? Генетски во фамилија и кај мене и кај мм сите сме имале рано заби, моево лигави веќе со месеци, нервозен е кога глода нешто, општо цело време е со нешто во уста, се трга за уво, мава глава лево десно, сите знаци ги има со недели, освен тт, а заби нема. Веќе на мисла ми е искрено.
До толку не заспала, ама во кола или во раце заспива како топ да не можеш да ја пробудиш. Како престимулирана да е а ништо претерано не правиме, повеќето ја оставам сама да си развива игра. Замижува и отвара очи како на некои дроги да е и со елстремна сила почнува да мрда, прета, игра. Денес ептен и се налутив плаче од што и се спие плаче од што не заспива. А гледам помалку да ја држам во раце зошто сум трудна, па мм ме замени ( во раце ни е одвикната ама веќе очајна бев) и ни тоа не помогна. Веќе цела недела, три пати дневно ме измачува. Ме измачува психички зошто ја гледам, ја гледам како се мачи и се спие се трља, кенкава е, ќе легне ќе стане. И тоа три саати да го гледаш охх. И јас се надевам дека е фаза, гледам има регресија во 12 месец, долна двојка никако да и пробие веќе два месеца ја мачи а другите излегоа, гледам во скок ќе влеземе (па да не е почнат порано). Секако се тешам за да знам дека ќе има крај. Крај..а да не е далеку И да исто, само некој клик и се дешава и заспива секундарно. Или ќе тропнам, викнам, било што што ќе ја штрекне ќе се свести ќе легне со брзина на светлината и ќе заспие(ама ова пали некогаш после саат време мака).
Пиша погоре бела дека имаат запче. Ке излезе и кај вас, нема тоа правило. Нервозно е зошто го гледаш се мачи, а ги нема уште. Ама штом прави се тоа што наброја готови се ке избијат.
Пиша Бела дека има запче. Не се секирај, ќе дојдат кај и да е Син ми на 8 месеци и 10 дена првото запче го изваде и за еден месец 4 му излегоа. Едното прсте секогаш му беше во уста на местото каде што ќе излезеше ново запче. Девојчево уште нема, само се набабрени непцата, па баш ќе видам дали во приближно време ќе извади како бато.
Е стварно пишала, јас брзав да пишам а не видов, епа @Bella_Stella да се редат бели како снег. Да и нему стално едното прсте му е во устата и како да го чепка непцето, дури некогаш ми се причинува дека гремнува на нешто со ноктето ама не успевам да видам ниту да осетам. Не дека ми се брза ама оти го гледам дека му е мака и некако се замислив. Буквално гледам бебиња 4м слики со колачиња и си викам да не е нешто загрижувачки. Фала жени, ќе ги почекам @Ceneva
Така синко не ми даваше да видам за првото запче, и земав метално лажиче и му го ставив во уста и се слушна како тропка. Потоа едвај видов, само врвче беше излезено. Така проверувај ако не можеш да видиш.
Јас после оброк му чистев непца со силиконска четкичка и така користев да пикнам друг прст да проверувам дали грепка некое. А малава не прави проблем, се смее и цела е раскезена кога и' допирам непце да видам дали има нешто.
Јас чистам со влажна тетра пелена, со прстот после оброк ама одвај и тоа е борби. Не можам ниту гелче да му ставам од што не ми дава да бркам. Он мислам има трауми дека пие атб нели за бубрезите и веќе и него одвај му го давам, па мисли ќе му пикам нешто. Него на позитивна страна денес почна да вика мам мам и да трга со раце накај мене, сабајле кога го слушнав ќе ми пукнеше срцето. Никој не ме спрема дека е толку емотивно кога прв пат детето ќе те викне мама Уште не е баш мама ама знам дека тоа мисли
Мама фала, поскоро и кај вас. Не за друго, него да ти се тргне мислата од глава. Нормално дека е нормално што нема уште, не се сите бебиња исти. Јас човек без заби немам видено, така да ќе никнат кај и да е, нема кај да одат. Иначе со симптомите бевме исти како вас. Сѐ се глода уште од 4 месеци. И јас се фрустрирав повеќе од луѓето околу зошто кога не знаат што друго прашањата на сите им се ‘има ли запче’, ‘цица ли’, ‘а каши сака ли’ итн. Кај нас единствено различно пред да излезе забот беше тоа што почна мн немирно да заспива и две три ноќи имаше лош сон со често будење и барање да цица, а во принцип спие многу мирно и се буди само еднаш. Плачење немаше, само еднаш силно викна во сон и одма презаспа. Претпоставувам тогаш пукнало. Е да, почна и многу да си ја чешка фацката, нос уста, дури сам си правеше ‘дабадаба’. Си играше со еден лампион кај баба му и чукна. Јас викам да не чукна запче, другите као не не. Ама дома кога дојдовме цица и паузира за да жвака рака, па нога. Викам чекај да проверам и гледам никнало.