Како природно да се исчисте бебе од шлајм? Кога кашла како да и варат градите и откако ќе искашла е океј. Има 8 месеци но сакам со некое чајче да и помогнам. Во дпиење се закашлува а и има покачена температура па не ми се чека до утре до на лекар
Температура до 38,8 може да е од забите? Се качува на секои 6 саати ја контролираме со сируп. Нема друг симптом, вечерта малце го грчеше стомачето и испушташе гасови може 10 пати, после тоа еве цел ден никаква мака со стомак, каки или повраќање. Ни кива, мрсулави, кашла. Баш баш ништо нема освен температура. Мм е сигурен дека е од заб. За уринарна знам идат повисоки температури. Утре ќе испитуваме ама и матичната втора смена е.
Пред еден месец истово беше и со мојата. Не беше заб, вирус беше. 3 дена температура само имаше и помина. Крвна слика веројатно ќе покаже точно. Кај неа црп беше благо покачено
Мамасити, за греота е моево сонце. Почна да гребе и второто запче. Лигави како никогаш. Ама и носето затнато едвај цица. Пробавме носко, само што го уклучивме така се штрецна и се пикна кај мене и почна да плаче. И каде така наплашен. Со камилица зовриена го инхалирам, кога почна да течат мрсули, прозирни, а вака никаде ги нема. Чаре како да го прочистам? Да терам со таквите инхалации, дали ќе се подобри ситуацијата?
Ќе испитаме, веќе и бактерија, инфекција мислиме дека е зошто со испиен сируп пред 3часа качи 39,6. А фативме почетокот на јануари вирус со температура, мрсули, класичен. Преку глава ми е веќе.
Ако вријат градите нема спас со чајче, за жал. Инхалации, тапкање на гради, и доколку има наод, антибиотик.
Имам и такво аспираторче за да влечиш со уста, не дава воопшто да му се доближам. Одма плачи и мава со рацете и ме турка. Мака имам
Не би требало да е од заб. Пред месец дена иста ситуација имавме. На 6 часа кога ќе поминеше дејството на лекот качуваше. Се на се 12ч траеше и утредента беше како ништо да не било. На преглед плуча и грло чисти, во носе никаков секрет. И ние се сомневавме на прво запче, ама ете го тек пред два дена излезе.
Како го инхалираш со зовриена камилица? Земи инхалатор ако немаш и пробај со физиолошки да го инхалираш. Би требало да му помогне. 3-4 дена пред да се породам бев затната до гуша, само инхалации ме спасија.
Нема. Мене ме гризе со месеци, 9 ипол има. Има фази кога намалува и прекинува, ама моментално со новиот заб е многу важен и изиграва Грофот Дракула.
И инхалатор не сака да види. А као прво му давам да си игра со него а кога треба да се стави маската одма се буни и не дава. И да со завриена камилица, и се врткам со него околу парата, излегува доста секрет ама не знам дали е доволно.
Не ризикувај така со врела вода околу него, како што се брзи и непредвидливи, и онака ефектот е скоро нула. Инхалаторот пробај прво мушни му го кога седи пример во хранилка, одоздола без маска, па стај си ти маска да те гледа и стај му на него. Пробувај различни начини, нешто белким ќе упали. Исто можеш врела вода во бањата да пуштиш да тече и да го внесеш да поседите внатре 15-20 мин.
Секако не го оставам дур сме околу пареата туку ми е во раце и не сум дирек над тенџере. Не она како порано што правеле и покривале деца со крпи, не знам како не ги било страв тоа да го прават, самата помисла језа ме фаќа. Пробувам инаку разни начини со инхалаторот, до сега само го гризи оној додатокот за во уста што е ама со него нема никакво подобрување. И си велам дур се убедиме барем ова со камилицата колку толку излегува секрет и поубаво спие.
@Ceneva јас пеам песнички и изигравам кловн кога треба да ја инхалирам. Некојаш пали, некогаш не. А за аспираторчето и мојата плаче кога ќе го види ама ја држи маж, јас влечам или обратно, колку и да плаче. Жално е знам ама за нејзино добро е, инаку затната не може ни да дише ни да спие.
Боречки зафат, ќе седнеш ќе го ставиш меѓу нозе, со твоите нозе ќе го опфатиш со една рака му ги држиш рацете и одиш од зад грб. Ти треба и помошник што ќе работи на усисивачот. Не е ич хумано ама подобро тоа отколку да се спушти.
Ние вклучуваме цртани на Тв за инхалација. Не е најдобра опција ама бар ќе седи 5-10 минути до мене. Е сега јас ја држам маската на нос/уста кај неа, не сака со ластикот да и е поставен. За вадење секрет со аспиратор плачи, вреска, не дека не. Ама кога се мора, подобро една минута да вреска отколку на секое да симнува на гради и да завршуваме со антибиотик. Малку "насила" изгледа од страна ама тоа е што е.
На сила беше се кај нас, ништо не сакаат со убо, тоа што мора мора.. Тек на 4 год почна сам да го држи за инхалација. Пред тоа никако. Ако плачеле па уште поефективно било инхалирањето повеќе се отворале дишните патишта, ова на амбуланта ми го кажа доктор. Еве го малово не сака аспираторче ама ко ќе има мрсули тргам, тој плачи јас тргам, ич немам грижа, не ми е грев за вакви работи за здравјето (давање сируп, прскање спрејче, ставање чепче, тргање мрсули).