@Thinkerbell. @Pipismel @Miss_S @lackygirl Фала ви мамасити! Од бебе кркља на носот, брисеви чисти. Бевме настинати скоро и дур стававме антибиотски капки беше ок. Како се прекина терапијата повеќе се зачепи ми се чини. И ги голта цело време, преку кака исфрла, вака на нос ништо не тече. Само кога го ставам во близина на камилица зовриена тогаш излегува секрет, од топлината. Со аспиратор до сега немам ништо извадено. Чак и на уво нос и грло пробаа со нивниот електричен таму ништо не излезе. Ама сега мислам дека ќе извадам. Порано можев да ставам и капки, и да пробам со аспираторче, сега многу отпор дава, пораснат е. Ама изгледа ќе мора на сила. Вечерва ќе држам, мм нека аспирира. Тоа е
Докај 3тата година ако нема, сигурно треба да се загрижиш Ќерка ми првиот заб го извади на година и една недела, и прооди истиот ден. Од тогаш, еве година и кусур нема престанато да вади заби. На прв роденден празна уста, на вториот фул
@Ceneva ние завршивме на инхалации со наод на плуќа. Првиот пат кога ги правевме (тука сите инхалации се амбулантски, нема дома самостојно), нормално дека бебуш почна да плаче и да се трга, па јас му ја тргав маската, жал ми беше. И дојде сестрата и ми вика што правиш? Па викам плаче, се трга, жал ми е. Ми вика да, жално е, ама полошо правиш ако не го инхалираш. Па кое дете ми вика сака да седи мирно со маска на лице? Никое. За многу работи допрва ќе ти плаче, ама во оваа “врска” ти си возрасна единка која може да размислува логички што е добро, а што лошо за него, некогаш изборот е тежок, ама ако е за негово добро, тргни емоции на страна и размислувај логички. Ми дојде така малце како шамар, искрено и ме изненади пошо тука се воглавном многу фини, ама мислам дека ми требаше една таква перспектива.
И мајка ми беше таква со инхалациите, го жалеше ама јас не попуштам за вакви работи, доктор, боцкање, инхалации, прегледи, стискам заби и правам. Маж ми е повеќе жалостив за вакви работи, мене ме е жал ама за чудо многу сум смирена во тие моменти, некогаш си викам боже што е со мене зошто не плачам во ваква ситуација како да немам емоции ама засега сум изненадена од мојата цврстина како мајка. У глобала сум плачка и емотивец.
обиди се да не спие следните два часа. и доколку нема повраќање не би требало да е сериозно. не се плаши.
Здраво мајки бебе 6 месеца има ноќеска наеднаш се разбуди со пиштење го зедовмо и почна како да се рипа да се притресува тоа неколку секунди и ке престане ке почне да плаче ка уплашен таке правешенекое време бевме на доктор настинат е имасе темп 37.5 и слајм затнат нос дали има некој искуство со ова рипање незнам што е ама не извади од памет
Бидејќи сме веќе во Мк, ги споредивме листите за вакцини и бебе треба да прими бсж. Инаку има 6++. Сакав да ве прашам за мислење, малку е како настинат, кашла, му се полни носето, бевме на лекар но рекоа ништо страшно, чистење носе и ќе помине. Крвна слика не проверивме овој пат, па сакав да прашам, да го носам ли на вакцина или да почекаме? Претпоставувам таму ќе го прегледаат пак и ќе кажат, но да не одиме за џабе ако не се прима вакцина во ваква ситуација.
Ако не се лажам не живееш во мк? Јас се консултирав пред да патуваме за мк дали треба бсж, ми кажаа не. На другарка која патуваше за Пакистан бсж и беше задолжителна.
Вчера на сонце ги забележав беблаци дека кога се мрштат се како портокалови околу носињата. Некако цело време дома периодов на вештачка светлина немав забележано и сега чудно ми падна. Не им давам многу портокалови намирници, баш пазам, ставам многу малку морков во ручек, понекогаш јадат печена тиква и еднаш неделно батат, ама пак некако се обоени. Лек? Ќе пробам скроз да ги исфрлам тие намирници 2 недели, ама дали ќе помогне?
На 8++ колку е прозор на будност? Мојава максимум да издржи 2 саати. Трља очи, вика, нема шанси да ја додржам. Како да и продолжам будност? Или да се водам по неа? Ова ми е секогаш нерешено прашање.
Нешто слично праеше и син ми кога беше настинат, во сон плачеше и не се смируваше ни во раце, морав во друга соба да го однесам и да го разбудам за да прекине. Кога помина настинката прекина така да се буди. Ние имаме проблем со заспивање последните три дена, кога ќе го налегнам плаче на цел глас, минимум пола саат го заспивам и смислувам нови начини на заспивање, уште на лустер да се качам останува. 7+ е, има ли некоја регресија периодов или па 6ти скок порано ни почна
On nekako naednas ripase i togaj placese nekolku sekudni i ke prestane posle pak 37.5imase temp sega nema se smali i ne pravi vise dali od temp bilo na doktor rekoja moze od temp ama ne preplasni strasno
И што испадна дека е? Или помина па оставивте така? Матичнава замислете не ни даде одговор ама 85% вика дека е од заб дури четворките биле набабрени а таа двојка што се мачи да излезе два месеца исто. Крвна слика гранулоцити покачени според едни параметри ама според други не биле покачени..гради и нос чисти а грло црвенко ама од раце што пикала е. Препиша Цефалексин ако трае уште некој ден температурава да сме и дале. И декстаметазон капки за уво, имала како суви делчиња (не ја разбрав). Ќе спобудалам, одговор никаков, а детето 39,6 температура имаше. Мада од 5 сабајле до сега нема качено, ништо не ми е јасно.