Не знам. Утредента го однесовме на преглед и тој ден веќе немаше температура. Договорот со докторката беше ако пак качува да направиме крвна слика, ама за среќа не качи. Најверојатно некое вирусиче било. Он најмногу до 38.6 качуваше и одма давав лек, туширав со млака вода и го мачкав со алкохол. Од забите не ми се верува да оди толку високо, особено што и грлто е црвено, а и увото. Сигурно е некој вирус, само лесно да поминува.
Заби може да се, и моево вака прави, ама мислам дека веќе почнува моево да има кошмари, оти заби уште нема. Моево е 9+ па уште макс 2.5 сааа е буден.
И моето нема долги прозорци. Колку и да се трудам, не можам на сила да го терам. 2-2 ипол, ретко 3 саати му се.
Вратени сме во Мк, и тука ќе треба градинка да оди, па секако ќе мора бсж да ја прими. Таа му недостасува бидејќи воопшто ја немаше во нл. Ви благодарам девојки
Темава ми е ко магично катче. Пуштам мисли до универзумот, ми се враќа ко бумеранг се спротивно. Се жалев дека не се врти/не лази, следниот ден бам, ко од секогаш да ги знаел вештиниве, само чекал јавно да се пожалам, па да ми демонстрира. Spoiler А кога и да се пофалев за спиењето, вечерта ( и многу следни после неа ) ме чекаше борба… Е сеа дојдов да се жалам, нема веќе фалење. Фамилјарно сме настинати повеќе од месец и пол. Мислам дека се две различни настинки, првата ја поминавме еден по еден, кренавме уши неколку дена, сега сме туто комплето сите болни. Втор пат одложувам доаѓање во Мк заради ова, значи налет. Нејсе, додека беше болен бебуш, беше борба да се касне што било, па преминавме на пасирана храна, и тоа јас му давав, наместо да го оставам сам да се храни, како што практикував до тогаш. Иначе следевме/следиме блв. Ова ми беше голема грешка, бидејќи детево како да заборави се што научи, значи нема шанси сам да си ја држи лажицата повеќе, камоли да јаде парчиња од раце. Буквално губи фокус кога му служам парчиња, се му е поинтересно од храната. Со пасирана храна немаме ваков проблем. Ај што нема да касне нишо, туку тоа шо не јаде си го надокнадува навечер со цицање, за него комбинацијава е вин-вин. Чаре некое? Да форсирам или да чекам? Вторава настинка не е толку страшна, има само мрсулчиња, ама сепак е настинка.
И моево е на моменти кога како му текне, ја не го форсирам, за вечера обично му давам каши и кас го хранам или му ја полнам лажицата, ручек кога е месо дека морам да го мешам со банана да го јаде секако е пасирано. Како ми текне така правам, се водам по него де. Секако борба е јадењето вака барем знам дека нешто ќе јаде. Денес многу беше смешен, знам дека случајно ама го гледам дека кака, се црвенее и во еден момент вика кака е умрев. Него колку месо е доволно за 9+? Немам вага, негова шака мерка, парче сварено доволно е? А јас пак таман се жалев не спие, два дена по ред заспива 9, се буди 9 со по некој прекин, со две дремки. Милина.
На малата преска и дадов каша со јаболко и кајсија, за да внесам кајсија. Тоа сред зимо, ја кајсија ќе давам, сега на умот си се чудам. И после и излезе црвенило околу уста и накај вратот. Ама и лигави и сега не знам, дали е реакција од кајсијата или од што лигави е. Поцрвено од вообичаено, ама локално е само. Како би се препознало дека е од храна реакција?
Ќе дадеш пак и ќе видиш, може и од лигавење и дека киселкаста е кајсијата ама нема како да знаеш освен да пратиш дали има рекација пак кога ќе дадеш. Мада не мора сега, здравје кога ќе има свежи.
На мојата со слива и се случи. Баш ко уртикарија имаше. Црвенило локално околу уста. На 2 пати дадов, два пати истото. Ќе чекам сезона на сливи и пак ќе пробам.
Мислам дека е од кајсијата. На моето од малини и млечни производи му се случи да се нафрли околу устето и на брадата, на вратот немаше. Сега ги паузирам.
Да не ве цитирам сите. Фала ви . А на вакви осипи не мачкаме ништо или? Само со памукче се бришаат лиги и тоа е тоа, така? И би требало само да се повлече нели? Она не покажува дека ја боли и не се чеша.
Не ја боли, не се секирај. Измиј си ја со водичка само, не треба ништо друго, ќе се повлечат сами за брзо.
Pa moze i kosmari neznam seva ne naprawl od sabbajle taka ama i dokotort rece ova ne e napad ili nesto takvo dali od temperatur ili se uplasil vo son neznam pa rekiv da ne ima nekoj jsustvo vake zosto eptrn ne preplasi
Пред да дадеш намачкај ја со крема некоја мрсна за да нема директен контакт на кожата. Може е само контактно локално. Јас цел живот кога јадам праска не лупена се нафрлам околу устата ама не ми е алергија(на тестови не ми ја јави). Ако и со крема се нафрла може е алергија
Истата реакција се јави и кај ќерка ми само од тиква. Ставав биодерма 2,3 пати во денот бидејќи ја имам таа дома. И помина за брзо. После недела дена дадов пак тиква но немаше реакција. Мислам дека и беше од некоја плишана играчка бидејќи гризе се што ќе најде.
Јас дадов купечка каша со кајсија и банана, исто околу усте имаше повеќе мозолчиња ама мислам од киселоста од кајсијата е, оти тој си ги има веќе тие ситни мозолчиња од лигавење, др ден му дадов пак од истата кашичка, исто беше, купечкиве ги давам по 2 дена, стојат во фрижидер. Големиот ми јави алергија од стоби флипс од кикириките и беше баш црвен околу уста, не како мозолчиња туку црвено цело.
Абе ти викам, што и да пишеш на темава, те демантираат за два дена макс. Мене ме загрижува што мојов јадеше самостојно, давав и пасирано ама во секој оброк гледав да има некое парче што може да го јаде самостојно. Сега уопште не сака ни да проба сам.
Имаше и моево период таков околу скокот, траше некоја недела/две и не сакаше во столче да јаде туку да го држам во скут. Мисламдека е период, не се грижи.
Излегоа прво вакви на ноџињата. Др рече габично е, ставај канестен и декотал. Не помина од тоа, после ми даде вазелин со невен да ставам. Се повлекоа на нозете, ама останаа како флеки. Сега еве и на грбчево се појави. Забележав и дека после капење особено се јавува. Користам бекутан пенливо и шампон. Да ставам маслена купка? Друго што? Дома се грееме со клима уред. Можеби и тоа придонесува.
Пробај смени ја козметиката. Бекутан имаат стварно лош состав. Подобро земи Бејбилав од ДМ. Исто поефтина, а далеку подобра козметика.