Не ми е проблем цената. Туку од почеток со бекутан почнав и немаше никаков проблем. Ама сега еве излезе проблем,ако треба и нешто поскапо ќе користам.
Само биодерма, лосион за тело и маслена купка за капење, егземи се овие, се јавуваат претежно на ладно време, можи да се јават и од цитирусни овошја, нека не јади некое време ако јади цитирусни.
Majki dali imate relaksator za prodavanje neznam dali ke saka da sedi vo nego I zatoa ne mi se kupuva nov. 2,5 meseci sme
На син ми поголемиот му се појавуваа на студено време, првиот пат така беше околу годината. Еве и сега скоро 4 години, има околу вратот. Што да ти кажам? Мене тогаш ми рекоа мустела да користам, користев ама нешто особено немаше ефект, и масло му мачкав од мустела. Бекутан не користи повеќе. Инаку ниту мустела ниту биодерма не се со убав состав за бебе. Најди од Веледа или нешто друго барај. А можеш и со некое кремче да ја намачкаш, а купка за капење да земеш нешто меко нежно од веледа, а со кремчето да третираш.
Докторов па се запнал ставај канестен. Мене не ми се верува да е габично, ако беше габично ќе поминеше на нозе од канестенот. А летото имаше вака во вратот и на градите каде што се лигавеше и тогаш помина со канестен прво, па плус една недела декотал. Ама пак и тогаш само канестенот не даде ефект, мислам од декоталот исчезнаа. Не ми се оди по болници на кожно да одам поради вирусиве.
Мојава на пеленска регија и накај стомак се исфрла убаво, ќе и помине и пак. Мачкав Канестен, еднаш ставив алфодерм (или како и да се вика) и се смири дека кортико ама после не ја намачкав баш ради тоа, па земав маслена купка на Биодерма и да ти кажам само Еозин (црвента течност) ми помогна. Неможам убаво да видам дали е исто како кај нас, само споделувам искуство.
Кога го бањаш бебето водата да е поладна. Од потопла вода се воспалуваат. И поретко бањање,2 пати неделно. Јас сум задоволна од Биодерма што ти ги прати Лакигрл.
Што се случува накај 11ипол месеци? Детево навечер ми се буди со плачење, липти, нема воздух не може никој жив да го смири. Неколку пати во ноќта. И да е кошмар..па колку често сонува?! Секоја вечер по два пати минимум? Од се излезе дека е вирусна бактерија, така да не се ни забите што вришти во сон. А вриштела од заби, знам како е и е 0 наспрема ова. Како маѓепсана е луѓе, се тресеме дур ја гледаме. Уште секунда ми фали на бајач да ја носам е до толку е! (Шала) Скокот уште не е почнат, регресија во спиење гледам има накај 12 месец. Ама со вриштење во сон како од ѓавол тоа не знам дали произлегува од овие.
И тоа е дел од развојот, неколку такви периоди имаат, ко и се друго ќе помине, не се опулува, плачи, вришти, само гушкање и тоа е. Имаат и поголеми не памтам точно месеци ама зборуваше значи 2 год сиг и ни викаше да го носиме в дневна и таму се смируваше, па презаспиваше и така @Lina-Detelina тука најмногу помага крема со кортико, јас го мачкам бетаметазон кога му се многу воспалени бидејки ги чеша и крв си пушта нелогаш, се смирува одма од него и си продолжувам со биодерма, од сите медицински козметики биодермата е најдобра. За бебето 5 месеци е, користам веледа од раѓање ама немал досега проблем.
Здраво мајки бебето ми е 11 месеци и уште сама не се исправа.Вака за друг се исправа си стои сама се држи.Од кога почнаа вашите да се исправаат?
Не сфаќам баш. По мебел или на некој потпрена се исправа? Самостојно не стои? Така ли е прашањето? Инаку моето е 12+ месеци по мебел се исправа по мебел/гарнитура, маса, врати и се останато битно да е потпрена на нешто. Сеуште не оди самостојно. Сама подава рака за да се држи за некој и да оди.
6ти скок -изгледа порано ни доаѓа,со плачење се буди неколкупати ноќва и едвај се смири... Во раце спие и плаче... До скокот ќе е или друга мака си има(забче уште немаме) ?
Мајки дали е загрижувачко што бебе на скоро 9 месеци не носи апсолутно никакви објекти кон устата? За хранење му давам полнета лажичка или големо парче, па знае што треба да прави. Ама пример играчки, цуцла, глодалки, нишо апсолутно.
Пишав и претходно, вака ми правеше пред 10тина дена(7+ е) ама беше болен и на тоа препишував, сега е борба со заспивањето, ми се темни кога треба да го успивам.6ти скок за 10 дена ама веќе приметувам промени во расположение, пример врескање дека не му давам во штек да брка.