Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    11.715
    Пол:
    Женски
    Колку вода дневно отприлика треба да пие 9-10 месечно бебе?
    Моево вчера официјално научи да пие од цевка и имам чувство дека од што се препијува вода, не сака да цица после.
    Има некој лимит?
     
  2. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.740
    Допаѓања:
    21.433
    Пол:
    Женски
    120-150мл, така знам. Ако сум грешка нека ме поправи некој. Дај кажи како се научи до цевка?
     
  3. Mila_Mia

    Mila_Mia Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2022
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    Немаме температура и немало скоро. Матичната кажа испукани капилари биле или од козметика. Не го мачкам деновиве со ништо и ќе видам дали ке се повлечат.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    11.715
    Пол:
    Женски
    Прво пивнуваше малку од оваа, ама мислам се задавуваше од неа.
    jpg-version-80-prod-nuk-mini-magic-cup-boys-streetstyle-cap-500x500.jpg
    А од цевка почна со ова шише. Цевката е многу помека за разлика од Авентот, можда тоа било клучното.
    nuk-steklenicka-plasticna-1.jpg
     
    На Bella_Stella и Cence им се допаѓа ова.
  5. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    794
    Пол:
    Женски
    Од каде ги купивте?
     
  6. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Од таа првата се задавуваше? Јас пробав да се напијам од неа, треба прилично силно да вовлечеш за да надојде вода. Или се мести со која јачина да тече?
     
    На AniSk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Не е во врска со бебињата прашањево, за нас мајките е. Овде пишувам зошто сме поактивни.
    Колку време после пораѓај добивте прва менструација, а доите? Дали е разлилно од предходно, во врска со болки, количина?
    Јас прокрварував после некои 3,4 месеци после пораѓај, ама не може да се рече дека беше менстеуација, само неколку дневно оскудно крварење. После неколку месеци добив нормална барем за почетокот, траеше една недела нормално, а потоа уште една недела исто оскуден исцедок. Наредниот месец беше преобилна. И од тогаш наваму е редовна без доцнење, но пообилна од пред бременоста. Некогаш дури страв ме фаќа колку тече, ама не е како таа втората кога ја поминав со памперс. Нормално ли е да се сега пообилни крварењата? Еве сега добив и само си викам да не крварам многу. Инаку на ехо беше се во ред.
    И друго различно од предходно е тоа што не ми се сега болни крварењата, за разлика од предходно кога имав многу болни менструации. Сега овулациите многу поболно ги осеќам.
     
    На KarmaCudo и јolene им се допаѓа ова.
  8. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.699
    Допаѓања:
    7.670
    Пол:
    Женски
    Не доев. И претходно немав болки, а и сега не. Кај мене пак обратно. Претходно ми беа пообилни и некои 5-6 дена. Сега слабо крварење меѓутоа 6-7 па некогаш и 8 денови.
    Инаку добив на точно 2 месеци и добивам секој месец на 27-30 денови. Секогаш различно.
     
    На Lina-Detelina му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    3.212
    Пол:
    Женски
    Јас добив точно на 40 дена, само што престанав да крварам од пораѓајот. Доев до 8 ипол месеци. Исто ко тебе ми се случува. Порано користев always1 сега 3ка и менувам многу често улошки зошто обилно крварам. Добивам на време релативно. Пред бременост точно на 28 дена ко саат, сега меѓу 26 до 30, знае да варира. Имав многу болни менструации цел живот а сега се подносливи. Ама затоа овулациите се кошмар. Ми се случува и бруфен да се напијам од што ме боли или да ми се лоши. Ехо, брисеви, пап, се е уредно кај мене.
     
    На јolene и Lina-Detelina им се допаѓа ова.
  10. strelec231992

    strelec231992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    995
    Јас добив после 8 месеци од пораѓај, доев и уште дојам, за обилност кај мене малку пообилно скоро исто како претходно а и кај мене веќе не се болни менструациите туку овулацијата. Пред тоа без апче не поминував кога ќе добиев а сега ништо, ама затоа коа сум во овулација се трипам шо се дешава ептеен болки иам на моменти, а пред тоа никогаш не сум осеќала овулација.
     
    На јolene и Lina-Detelina им се допаѓа ова.
  11. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.185
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Не доам. Откако добив после 2риот месец веќе 4 редовни имам, но исто така се пообилни, а скоро па ич не се болни. Пред бременоста обавезно пиев апче за болка, а сега не. Овулациите исто ги чувствувам повеќе.
     
    На јolene и Lina-Detelina им се допаѓа ова.
  12. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    11.715
    Пол:
    Женски
    И двете во пакетчиња ги доби, јас веќе се бев откажала од купување шишиња.
    Сликиве ги симнав од АнниФарм аптека и бејбицентар.
    Да, пробав, и стварно треба сила, ама сепак не толку многу колку на пример со Авент цевката.
    Кога го учев како да пие од чаша, му правев звук како за пиење знаеш, како сркнување од лажица, ама така подраматично :D. И тој почна да имитира со ист интезитет и вовлекуваше многу повеќе од што треба и се засркнуваше.
    Само моја претпоставка.
     
    На Cence и Lavender13 им се допаѓа ова.
  13. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.964
    Допаѓања:
    12.265
    Пол:
    Женски
    Релативно брзо ми се стабилизира. Добив некаде после 4 и пол 5 месеци.
    Исто и јас сега не чувствувам многу болка од самата менструација, туку овулациите ми се леле мајко. Камења ко да имам во стомак, и многу некогаш гадно ми е, ме потсетува на вонматеричната. И така ежење ме фаќа на моменти.

    Многу нормално е да ти се смени обилноста, количината, типот на менструација. Само пиј вода повеќе и храна со железо.
    Ќе се нормализира понатака сигурно.
     
    На LiquidLuna и Lina-Detelina им се допаѓа ова.
  14. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    11.715
    Пол:
    Женски
    Добив после 7ипол месеци од пораѓај и сум слично како тебе. Болки ептен минимални, нетипично за мене, крварењето ем пообилно, ем подолго ми трае. Добивам на 30-35 дена до сега, пред бременоста на отприлика 28-30 дена во просек.
    На ехо сѐ во ред, пап и брисеви во ред.
    Јас сум благодарна што не ме боли искрено оти дете да чувам со болките што знаев да си ги имам, невозможно ќе беше.

    Е да, мигрената пред доаѓање ми се врати.
     
    На 1209 и Lina-Detelina им се допаѓа ова.
  15. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Исто овулацијата ме потсетува на вонматеричната и многу непријатно чувство имам. Ми се враќа филмот.

    Фала ви девојки за вашите споделени искуства. Јас при овулација кога така непријатно се чувствувам ставам топла облога, најчесто шише со топла вода и парацетамол пијам, што предходно се случуваше при менструација. Инаку благодарна сум и јас што немам такви болки кога добивам, не би можела за себе не па за дете да станам. Само уште да намали количински, многу ми е страв од обилно крварење, не знам ..
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Asja

    Asja Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.112
    Пол:
    Женски
    Мене денов ми беше напорен доста.Уште од минатата недела бебуш киваше,и беше растечено носето меѓутоа пробував сешто така да ја надмине настинката.Во саботата почна нешто повеќе да кашла а во понеделникот кога се разбуди,баш се слушаше како и свират градите.Отидов право во Козле,ја прегледаа,направија и кс со црп,меѓутоа се беше мирно,црп 1,леукоцити 9 и ми рекоа дека има бронхиолит,ама според кс,др ми кажа да почнам со инхалација со Атровент 7 дена,и таму ја боцнаа со Урбазон. Утредента ја однесов пак рано наутро,чисто да ми кажат како е на гради.Ми рекоа дека е подобра,и веќе во средата можев да приметам и самата.Ама денес од сабајле ми качи температура за прв пат,и само ја облеков,отидовме во Козле.Ми се погоди др Персида,многу фина инаку,ама само што ја виде ми рече дека е за антибиотик.Во меѓувреме,температурата ја снема,38.5 имаше пред тоа,ама и падна без никаков лек.За бронхиолитот ми рече дека е доста подобра ама ова рече е нешто ново.И направија пак кс,црпто беше 4 а леукоцити 15. Според тоа ми препиша Панцеф,и ми рече во сабота пак да ја носам,ако не е подобра,да не примат.Мене ми е многу несфатливо некако,штом на гради е подобра и кс не е толку лоша,плус температура не ми качи веќе,се на се еднаш и се покачи само,и сепак да завршам со Панцеф,ахх некако баш се загрижив.Сте имале вакво искуство?
     
  17. strelec231992

    strelec231992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    995
    Искрено немам искуство со ваков случај ама за др.Персида не можам да кажам доволно добри зборови, кога завршивме во Козле 20 дена она беше таа што на прв поглед без да го прегледа детето одма кажа дека има пневмонија. Не знам дали во случајот добро постапила со антибиотикот и колкави сте, ама ете го кај е сабота, ако пие два дена антибиотик нема ништо да биде па тогаш ќе ви кажат ако е добра можеби нема да мора да го пиете до крај. Не верувам дека докторкава би дала антибиотик безвеза, тоа е само мое мислење.
     
    На Asja му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Asja

    Asja Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.112
    Пол:
    Женски
    Што знам,10 дена ни кажа да прима.Јас се сомневаммда не се заби во прашање и за џабе да ја отрујам со Панцеф.
     
  19. strelec231992

    strelec231992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    995
    Ако те јаде црв оди на второ мислење, дали кај матичен или некој друг, јас лично не би оставила дете само да се лечи со инхалации чим докторкава дала антибиотик, бидејќи моето искуство за сосем друга работа од лечење само со инхалации и без антибиотик не однесе во козле на крај. Пак ќе кажам мајка прави како ти мислиш, пак ти си го гледаш детето како е подобро ли е, кашла ли како дише итн. ама јас со докторкава имам добро искуство.
     
    На Asja му/ѝ се допаѓа ова.
  20. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    2.334
    Пол:
    Женски
    И ајде како за последен пат да пишам во темава;(
    Има ли регресија пред годинка? Значи во сабота му е роденден, луѓе овие 2-3дена ме умре ама буквално.. заспива 20:30 и еве до сега 10пати стана со плачење, му давам одма да цица ќе поцица малку и се фрла со телото наназад се тегави:x

    И мислам дека мајкава е делумно спремна за одбивање ама бејби не ми изгледа за спремен баш… а баш би сакала да го одбијам и да си заспиваме гушнати на спална, а не на секое до цице:sweat:
    Напорно ми е веќе и не уживам во доењево ама ич :|