Бебе има скоро 8 месеци и три цели оброци. Измеѓу оброците нудам цице и тоа беше успешно се додека влеговме во 6скок. Ја ставам да цица ме допира со раче на града и зачудено ме гледа и се трга не сака, не сака ни молзено во шише кое шретходно го пиеше. Ад нудам на бејбилов пие 20-30 мл додека го сети и прекинува. Јогурт, тетрапак млеко разредено пробав не сака, што можам да нудам измеѓу редовните оброци ?
Има на 12 месеци, пред роденденот. Колку трае нека каже некоја мајка. Мојов е под регресија и за мојот сон тоа значи нон сто агресија. Навечер се буди и ммка кемка, не може да спои сон. А пред две недели го ставив да спие во креветче, еден вид на тренинг т.е учење да заспива сам. Успешно беше. Ама тоа не значеше да почне да ја спие скоро цела ноќ. Не. Еве се буди, не може, нешто не му е по ќеф. Кога и дали некогаш ќе ја преспие ноќта, ама да е вака уште бебе помало Место цицање, пробај со чајче малку. Или ако фаќа цуцла. Не знам кој начин е добар а да е полесен и да се поминат ноќите. Завидувам на родители со деца што спијат цела ноќ.
Ништо, сито е штом не сака. Моето и твоето се на иста возраст. Јас давам наутро млеко, па во 9 доручек, во 12 млеко, во 3 ручек, во 18 млеко и во 20 пред спиење колку испие толку. Ноќе станува еднаш, вечера уште нема. Мало е за да има ужинки, давај вода меѓу оброци. На колку часа јаде?
Здраво, вчера на контрола ни рекоа дека бебе касни со моторичкиот развој. За некој ден полни 10 месеци. Докторката беше баш некако арогантна и немам доверба во неа, секако ке одам на второ мислење ама ајде и тука да пишам. Детето почна да лази убаво пред 2 недели и да се исправа на колена, претходно назачки се туркаше. Се фаќа за мене или за кревет и со малку помош застанува и чекори. Сама сеуште не оди држејќи се за мебел. Пинцетен фат развиен, се врти на име уште од 3-4 месеци, кога ќе прашам каде е *името* покажува на себе. Познава мама, тато, баба, дедо, тета. Разбира зборови, покажува што каде е. Имитира зборови, звукови, движења. Вчера не беше расположена на контрола не сакаше да си игра со докторката, си разгледуваше околу. Не се сврте на име, не сакаше да лази, ептен малку... На основа на тоа докторката заклучи дека бавно се развива. И реков да и покажам видеа од дома дека си лази убаво се исправа, пее брбори и тоа како си го знае и нејзиното име и на другите околу неа, на што ми се потсмеа и ми рече имам јас и други пациенти ќе ни треба уште еден саат да ми покажуваш. Знам декам сите деца се различни но би сакала ако можете да споделите како биле вашите деца на оваа возраст?
Дали бебињата се будат често кога вадат прво запче или не мора да значи туку е друго во прашање? И кои други знаци ги покажуваат пред запче? 7+ сме, прелоша ноќ имавме, се разбуди можеби 10 пати, плачеше, тешко призаспиваше и веднаш се будеше откако ќе призаспиеше.
Мојата има 10 месеци и уште не покажува со прст. Си брбори и се расправа редовно со некој нејзин јазик. Вика мама, тата, папа, баба. Прави браво, да пукне. Прави ѕе, она се крие и ни се појавува, ќе и кажеш ѕе и паѓа од смеење. Гризе се и бутка наредени коцки или предмети. Сама не реди ништо од играчки ниту пак е заинтересирана за сортери. Ги зема фигурите и ги удира една во друга или ги јаде. Лази, се исправа на мебел и шета потпирајќи се. Сака книги, ги врти и разгледува (кога ќе и здосадат ги јаде секако). Јас мислам дека на оваа возраст прави доволно и се како што треба. Те молам не се паничи и однеси го детето на второ мислење. Педијатар не може да даде таква проценка од преглед 10 минути. Веќе покажуваат карактер на таа возраст, се срамат, не се чувствуваат секогаш пријатно со непознати.
Последно од ноќните цицања е околу 5.30-6 , потоа каша околу 8. Цицаше околу 12 , сега тоа време мјаска со муце бара да јаде друго. Околу 16ч повторно јаде каша оти одбива цицање и пред спиење со плачки едвај 30 мл ад ако испие и тоа околу 19ч. Во 20 се спремаме за спиење и тогаш веќе кризира и така да цица.
Луѓе бебево последната недела/две многу се штрека во спиење, значи не спие мирно никако, само се врти, врз мене да спие, се стегнува, како моро рефлекс ама многу често, а баш немаше изразен моро како помал. Значи никако апсолутно не спие мирно. Цела ноќ е презаспивање, ќе стане ќе плаче ќе го земам, одиме во дневна заспива врз мене, пак во круг така цела ноќ, дали една или две ноќи преспа цели со мин. будење. Исто се буди со плачење и како во транс е, не реагира, се тресе. Стварно не знам што е работава, вашите правеле вака?
Moeto pred nekoja vecer taka stana so vristenje i se zatresuvase ke dopre pa po nekoe vreme pak pravese take do sabajleto bevmo na dokor ni rece virus nesto bese nastinat so malku temperatura ni rekoja moze od toa ili pak se uplasik nesto deka pocnuvale da sonuvaa toga 6+ e
А вечера кога има? Јас би ти предложила да пробаш на 3 часа да го храниш, така ќе има време и за цицање, и за оброци, и за ад ако даваш. Еве сега мојов распоред е без вечера, а кога ќе воведам вечера, доручек ќе си остане во 9, ручек во 12, потоа млеко меѓу ручек и вечера околу 15, а вечера околу 17-18 и млеко во 20 за спиење. Ноќе еднаш станува накај 1, па околу 6 наутро и си призаспива до кај 7-8. Млеко треба да си пие, мало е за ужинки според мене, тоа понатаму.
Ама моево е веќе во 10ти месец. Едино што почна скокот ама тоа сега не трае веќе 2 недели…јас мислам заби ама амн веќе до исчекување на нив.
Се прави и од ова што го наброи освен да оди држејќи се за мебел... И јас мислам дека си е нормално, а се фаќа пробува да се исправи кај да е ќе почне и да оди. Секако ке ја однесам кај друг, кога веќе детето не сакаше да покаже можеше да погледне видео а не да ми пишува дијагнози одма.
Кај нас се поклопија заби и 7ми скок и има промени во спиењето. Не се штрека ама спие понемирно од претходно. Дур да зацврсти се буди сто пати, среќа одма презаспива. Вчера жими не се будеше, ама затоа ми наплати во 5 сабајле спремен да си игра.
Дефинитивно детето треба да си се остава што е можно повеќе на подлога. Како му ја приспособив неговата собата со подлога и играчки за само два дена почна на лакти да лази, а предходно ја набиваше главата во подлога и дигаше газ за да се потурне. Има надеж да почне да лази како што треба и тоа ме радува. Епа сега послабо седиме во дневна ама ич не ми е гајле, ако сакаат да го видат нека идат в соба. Така кога тргаат подлога на секое. Проблемот со носот никако да го решам, а го инхалирам секој ден, ставам плус физиолошки, ама никако не успевам со аспираторот усен да му го извадам до крај секретот. Премногу отпор ми дава. Мм касно се враќа од работа за со ноското. Сама со него не можам. Битно навечер му попушта па може убаво да спие. Ама преку ден малку мака мачиме за цицање. Со душа чекам да му помине. И дали е до скок 6 ти не знам. Ама е смеење и по 30 секунди плачи и потоа пак се смее и така во круг. Ај доста беше се заборавив од пишување
Да пробаш со обично аспираторче оние со стискање место со ноското, мене некогаш и тоа ми брка работа кога сум сама а му видам мрсулче па прво го дувкам малце и некако дава во носе да му ставам да извлечам нешто ...
@Bella_Stella што најбрзо ти помага при мастит женче? Еве го ме докачи сега мене. Треска имам повремено и гадење, црвена и болна града.
Ај можеби ќе им текне да не тргаат, бог да чува. Со мало дете сакаат да им е нечепнато по дома Убаво си направила, нека вежба баткото И мојава се влече како војник, смешки ми е, а гледам дека повремено и на колена подзастанува. И се побрза и побрза е, оди наменски дофаќа работи, доаѓа кај мене ако седнам, кабли по дома тегне, оди до мебел и се фаќа, покажува знаци дека сака да се исправа. Влегува по сите соби и секаде е освен на подлога Најмногу сака со топчиња и со играчките од бато да игра, тоа турка колички, оди по нив, ги стиска да ѝ свират. Со показалец допира работи, а гледам дека и пинцета фат има, етикетите ги фаќа со палец и показалец. Сака да фаќа работи што висат, па на сите столици имам закачено по нешто што виси и интересно ѝ е. Се паѓа од смеење кога поголемиот скока на кревет, го набљудува кога си игра, се топам додека ги гледам. А тој па, на секое оди и ја гушка, ја бацува насекаде, ѝ кажува колку многу ја сака. Со оглед на тоа што на почетокот сакаше да ја мавне, еднаш ја касна, сосема се смена и супер е. Лежи до неа, ѝ подава играчки, а таа па му се беси, го фаќа за глава, му дрпа уво, а тој си лежи до неа и ја остава на глава да му се качи. Одвреме навреме ќе си се испружи на земја до неа, ќе ѝ се припие и така си лежат Ако седнам со него на неговата подлога, веднаш почнува со лазење да доаѓа кај нас и не мрда од таму, сака да се дружи, писка, потскокнува со цело тело, вика.