Јас од што се тресев и тахикардија имав, тоа секогаш ми се случува при треска. Да баш како грип да имам и главоболка имам исто јас.
on pocna da se vrti na 4meseci od grb na stomak...se podiga na racinjata ama neznae da se svrti obratno...nozete t.e.palcinjata gi stava vo usta veke nekoe vreme...ama od denes ja stavam na pod da ne ve citiram site...vi blagodaram za sovetite
А зошто бебињата да не се вежбаат? Ме интересира, бидејќи многу спротивни ставови има на темава. Мене дури ортопедот ми рече сè уште не седи дека не си ја ставала во таква положба. Да си ја седнувала од 6 месеци досега ќе седела (7 месеци сме и не седи). Како сум сакала да седи ако не сме ја седнувале, немала како да научи. Стварно е збунувачки ова сè. А ете ги и fizio.aktiv.kid на инста кои нудат вежби за бебиња за помагање на совладување превртување, седнување, лазење, одење.
Еве од прилика со варирање од половина час, за некој ден ќе прави 8 месеци. 5:30-6:00 млеко 7:30 станува 9:00 доручек 9:30-10 спиење 12:00 млеко 13:00-13:30 спиење 15:00 ручек 17:00-17:30 спиење д0 18:00 18:00 млеко 20:00 млеко и во креветче 1:00 млеко Затоа што можат сами да научат. Твоето е 7 месеци и не е дека нешто доцни со развојот, па ајде да брзаме да го научиме. Иако, нели, твој е изборот дали ќе оставиш да совлада само или ќе го учиш. До 9 месеци од прилика би требало да научи, дотогаш нема потреба и доволно е во количка и во хранилка. Не дека некој не си го седнува во скут или потпрено на гарнитура, со перници, купуваат перница има се продава за седење. Кој како што си сака. Поголемото дете на точно 8 месеци само седна од лежечка положба на земја, претходно од положба на колена си вежбаше, па на пола газе седеше и потоа си седна на цело со права кичма без клатење. Ова второво има поинаков развој, нема до 8 месеци да седне на тој начин сама, друг тек има, но ич не паничам и чекам да вежба. Во хранилка се фаќа и се крева да седне, а и во количка. Зар нема да седне без да ја ставам јас на 90 степени? Ако не седи до контролниот преглед кај ортопед што е меѓу 8 и 9 месеци, тогаш ако каже вежби, ќе правам. Дотогаш ќе оставам. Секако, тоа е мој избор и не мора и некој друг да постапува така, само споделувам. Ортопедот глупости збори дека немало да научи ако не го седнуваш. Ако досега не седи самостојно, не значи дека не може само да совлада. Опушти се. Секое дете е различно и има различен тек на усовршување на вештините, но здраво право дете е способно само да совладува. Ќе земеш ќе правиш вежби за лазење, а тоа не е сега спремно за тоа, му се мешаш во развојот. Можеби сега вежба друго нешто, си имаат самите некој тек што си го тераат. Ете има моменти кога прекинуваат да се вртат, на пример, од грб на меше, почнале нешто друго да си вежбаат. Ама тоа си е нивни избор, тие треба да си одредат што следно ќе прават. Еве се влече моето, така лази сега, не земам да ја вежбам на колена да лази, ќе дојде и тоа. Зошто би ја вежбала? Или заодување. Зошто да правам вежби за одење кога треба да стане сама од земја и да застане на нозе. Па ќе има можеби период кога во место ќе стои, нема да прави чекори. Кога ќе се осеќа сигурно, тогаш ќе почне да оди, ама претходно ќе научи да паѓа на газе, стабилно да стои на стапала, да оди сигурно, да знае да се дочека на раце ако падне.
Јас ја подседнував. Не скроз под агол од 90, туку така во скут или на перница. Меѓутоа кога го прашав ортопедот ми рече форсирање не. Сама ко ќе сака тогаш. Е сеа тоа ко ќе сака сама што му значеше не знам, сигурно нема да каже сакам да седам, туку кога ќе почне сама. Почнав да ја оставам повеќе на подлога, откако научи да лаза научи и да се префрла во седечка положба сама.
Фала ти мајка многу за двата одговори. И јас од сам почеток функционирам на тој начин - без форсирање, го следам цело време нејзиното темпо. И од 3, 3 и пол месеци сме на под кога е будна. Јас се презачудив од одговорот на ортопедот, па сакав и тука мислење да слушнам да потврдам дека сум постапувала правилно досега.
Многу различни ставови има помеѓу ортопедиве кај нас, почни од тоа дали требало или не широк повој, разни рокови, вежби, помагала, дубаци. Мојата ќерка оди кај истиот ортопед како и децата на Оли и по истите препораки тераме. Освен што сум ја оставала на подлога од раѓање по малку, а после трет месец по цели денови е на под, друго ништо не сум ја учела. Се си научи во свое темпо и многу пати кога личеше дека нема напредок изненади преку ноќ со нови вештини. Така беше и со вртењето и со војничкото лазење, а последно малку пред осмиот месец одеднаш почна да седи, да лази на колена, да се исправа и движи по мебел. Буквално во неколку дена почна сето тоа да го прави. Дека неколку месеци ништо ново не покажа ја мислев којзнае кога ќе почне, она си се спремала инкогнито и многу се радувам дека е баш цврста, убаво си паѓа, сама се труди нешто да совлада. Ништо посебно не и помагам, само и расчистувам простор и ја набљудувам. Утре друго дете да имам и да не оди по ова темпо нема да се загрижувам, затоа што сепак сите деца си се различни и се ќе си направат во свое време.
Моето е на подлога да не речам од еден месец по малку. Како расте така и се најголемува времето кое што го поминува на под. И се жалев и не ми беше јасно како може да не се врти до 6 месеци, а беше нон стоп доле. И нозе во уста и на страна и се. И така еднаш ја оставам и одам до кујна, се враќам, а мадам си се врти мака нема . Буквално нинџа. На контрола некна супер беше. Доктор рече супер е навежбана, и пак е далеку од седење. Ама се исклешти на глас кога ја крена да седне. А па кога ја дигна да стои, готово ќе летне. И нив им е здосадено од лежење цело време и мислам у моментот кога сфатат дека можат да се кренат, постојано само тоа ќе го прават. Ја друго сакав, на моето главчето од подзади како спелскано од постојано лежење ли, од генетика ли. И јас не сум со убава дефинирана глава, ни па маж ми. Среќа коса крие. Доктор ништо не ни рече, ама мене нешто ми е шубе. Дали да купувам некои перничиња. Дали на ортопед да ја носам, ама темин ни е у март..до тогаш 8 месеци ќе мине. Дали малку ќе се исправи од себе.. Искрено мене се исто ми се фаќа. Само да ми е жива и здрава, и правилно да ми напредува. Повеќе ми е дали можам нешто да направам или не? Имате ли некое искуство? Мислам дека не е нешто ептен екстремно инаку ќе ни дадеа шлем сигурно. Ама ќе прашам само кога ќе да е. Да не е прекасно ми е. Следен преглед и е за 4 месеци од сега кај педијатар. Ќе биде 10 месеци тогаш. И уште ова. Од колку и дали ги возите на 60 степени во количка? Дали е во ред да ја оставам по неколку минути подисправена повеќе да види или уште не?
Бебе не треба да се форсира за да седне на газе. Самото бебе ќе седне до 9-10 месеци. Поретки се тие кои седнуваат порано околу 6 или 7 месеци. Кога бебето има здрав развој, самото мозоче кога ќе е спремно ќе даде наредба за да почне да се вежба вештината. Какво е тоа учење преку вежби? Џоа математика вежбаме Мислам дека единствено вежба за лежење на стомаче, друго ништо не е потребно, бидејќи подот е доволна подлога за бебето да започне со моторниот развој. Ако тие се ортопеди, и јас можам да бидам
Главата се оформува до 2 години. Големината е генетика, а сплесканоста е од лежење. Сега на пример и да земеш перничка, таа нема да ти седи мирно, не е новороденче, а плус нешто многу и не помага. Мислам дека ќе се потсреди со тек на време како што нема да лежи многу, сега е поподвижно, на меше е, ќе седи, ќе оди и ќе лежи само кога ќе спие. Јас на 60 не ја возам, но зимската вреќа за количка е дебелка и попоткрената е од 45, инаку наслонот ми е наместен на 45. На 60 планирам да ја возам кога ќе седи исправена, а на 60 ќе стои за да може да си се потпре ако се измори и сака да одмори. Инаку, мислам дека може да ја ставаш на кратко на 60 според логиката дека може да седи на 60 додека јаде.
Со полни 4 месеци ја исправив на 45 степени, така ми кажаа тогаш и педијатар и ортопед. На 45 потпрена и колку може сама да се крева нагоре, без форсирање. На 6 ипол сама се исправи и седна.
Мене пак ме фатија бубачките со развојот, па да подосаѓам тука пред да си одиме од темава. Ќе полнат годинка за некој ден, ама кога им викам кажи мама, тато, било што, не кажуваат. Они си баботат нешто по нивно многу одамна, слогови и се, ама да кажат кој е мама, кој тато не. По име кога ги викам или двете се вртат или ме игнорираат. Е ако им викне некој друг, тогаш си се вртат на име. Едново пробува да става форми во сортер, играчки во некој сад, другово сака само да ги растура. Некогаш ја гледам ќе стави топче во чашка и се смее, па зема и ја гризе. Секоја играчка и е глодалка,не само играчки, и подлоги и мебел и јас, се. Муабетот ми е, што мора да знаат пред да наполнат годинка? Еве знаат да ми донесат играчка ако им побарам, ги разликуваат, ама пример звуци на животни и такви работи не. Ако ме видат во кујна, знаат дека е време за амам, ама друго јок. Уште не одат сами, иако лазат од седум месеци, воопшто не се пуштаат, само стојат на нешто да се држат со едно раче или одат помагајќи се по мебел. Матичната воопшто не е детална, каде да ги однесам на подетален преглед? Или некој приватен педијатар да препорачате детален?
За скоро една недела полниме годинка. Мојата си зборува на некој незин јазик. Мама, тато исто не кажува. Ама мислам дека знае дека сме ние тие, бидејќи не бара со поглед кога ќе кажеме мама или тато. Знае која е жирафата, рибата, мечето, бао(топката) од играчките, каде е окото на бебето(куклата), знае каде е цицето, ми ја крева блузата и го бара. Пробува да облекува сама чорапи и блуза. Кога ќе и речам ајде гола, гола знае дека ќе се соблекува и се радува, кога ќе речам капуш капуш исто знае, се смее и покажува со рацете како се капела со водата. Ќе одиме да се возиме кога и викам, прави бррм. Кога фрла нешто и викам каде го фрли и ми покажува каде е. Со игрчките не знае многу да игра, повеќе ги растура. Иако крофните се обиде да ги реди пред некој ден. Кога и викам сега ќе ти дадам лебче прави њам њам. Кучето правело ам ам и покажува дека надвор било кон прозорецот. На име не ми се врти секогаш, посебно кога вниманието и е на друга страна. Стои исправена на нешто, маса, комода, кревет, да оди сама за брзо ич не очекувам, воопшто не е стабилна. Лаза со 100 на час. Мислам дека ова е се од способности сега за сега, ако нешто не испуштив, ги нафрлав, ама како што ми текнуваше така пишував. А да и еве моментално на тв има музика и игра потпрена на маса со раката крената на горе, изглеа играорка ќе биде. Исто и "ѕе" научи да игра деновиве, ова го заборавив.
Девојки, што смеам да пијам за кичма или мачкам, бидејќи дојам? Ме фати нервот, одвај одам, а од утре сама со нејзе цел ден како ќе ја кревам. Хелп!
Роденденот ќе го правиме после пладне, односно после првото преспивање. За второто преспивање ќе бидиме уште таму. Што значи ќе го прескокниме. Мислам таа нема да бара да спие, секако вториот пат кога ја заспивам се преморувам, од што заспива со сила. Нема да е проблем ако еден ден не преспие два пати?
На музика и моиве играат, одамна, само секој месец менуваат омилена песна. Сега сме на бејби шарк, полудувам. Играат, пр.простум ама до комода или гарнитура да има нешто да се потпрат, додека плескаат со рачиња. Ѕе прават исто одамна, со тетра, ќебе, сега со книгите се кријат, или позади столови па се закачаат под маса сами. Мене ова со името ме плаши и со животниве. Читав дека треба да ги знаат веќе звуците и да ги препознаваат, уште од 7 месеци ги форсирам со звучни азбуки и играчки со животни, ама не, таква способност не покажуваат воопшто. Или ако пробам да им ги покажувам во книга и јас да правам звуци, само се смеат, па ќе ми ја грабнат книгата и ќе ја грицкаат. Ајде за проодување нормално се смета 12-18 месеци, ама овие други работи многу ме загрижуваат. Ќе ги носам во Систина на крај, да не ме јаде бубачка.
@Tess36 , мислам и твоите се прематурчиња ако не сум грешка. Е сега моето наполни година веќе - Лази, се исправа по мебел, си стои потпрена, сама не. Не оди сама - На неколку места низ куќа имаме нејзини кутии со играчки, знае со лазење да стаса до нив или да подаде рака и да ја "паткаме" до таму ама повеќе сака сама - Ѕе игра одамна - Разликува топче или коцки, на пример ако речам дај топчето знае да ми го подаде - Во книги што често ги вртиме, знае да ја најде мачката, кучето - Звуци на животни не кажува - Си брбори мама, баба, тата, деде, даде, тете, нешто на нејзино. Кога и викам речи ова или она не го кажува туку кога таа сака - Знае кој е тато, мама, баба пример, кај е масата, кај е огнот итн. Е сега ако прашаш некој постар ќе ти речи дека и моево и твоите се многу назад. Пример една баба пред некој ден ми кажуваше дека синот на 10 месеци го одвикнала од пелени, дека внуката сите делови од телото ги знаела пред годината да ги покажи и не знам што. Искрено не се потресувам. Гледам учи нови работи, дали на 13 месеци пример ќе прооди или на 15, па и не ми менува многу. Не се сите деца исти.
Не навлагам во другиве работи, мојава е помала од вашите и не знам што треба да прават на таа возраст. Иако да бидам искрена по пишувањево сите ми делуваат на деца со нормален развој. Ама стриктно овој муабет од тетки и баби не ретко го слушам и коса ми се крева. Да ги слушаш нив бебињата нивни од родилна сала стихотворби рецитирале. Замислувам само како е возможно и реалистично на оваа возраст дете да го тргнеш од пелени и не ми оди во глава, па колку сака нека е напредно. Ќе да помешале лончињата. Само нервоза ствараат со коментарите и искрено на игнор ми се сите вакви душегрижници.
Ај не се трипај и не ги носи по доктори, супер ти се децата. За името и вртење очигледно е дека пречесто ги викаш и те игнорираат, штом се вртат на други значи се вртат на име. Го имав истиот проблем и се трипав исто ко и ти. Ако викаат ам ам за јадење тоа е веќе едно зборче со значење. До 15 треба да имаат 3. Кај мене едниот прв збор имаше на 9м другиот на 11. После роденденот и другиот се пушти и доби доста зборчиња. За разбирање сметам дека се супер за возраста, до година треба да знаат да погледнат ако прашаш каде е мама, тато или некој предмет од секојдневието. Треба да знаат да ти подадат играчка ако им пружиш рака и тие ја држат во рака. Давање играчка што бара да ја најдат и да ти ја дадат без да им покажеш со гест се очекува до 15м. Ако веќе го прават значи имаат супер рецептивен јазик. Околу 12ти месец треба да ти покажуваат играчки, дали со кревање во рака или давање без да побараш. Ономатопеи никад не им биле јака страна на моите. Освен ав ав и ржење за сите други животни ништо посебно не кажуваат и сега а богами нит посебно сум се трудела да ги учам.