Тоа со одвикнувањето пелени на неколку месеци беше хит кога свекор ми летото ми рече, оставај ја без памперс за да научи порано да кажува. Тогаш имаше 4, 5 месеци. Му се зачудив и викам кој ќе збира мочки и каки по цел стан. После на неколку пати следеа коментари дека многу се нервирал кога гледа дете со памперс, да не му се искривеле нозете. Абе ќути викам добро е што ги измислил некој. Боже мојј.
Маж ми проодел на 9 месеци наводно, а на 10 веќе не користел пелени. Грав јадел од 6 месеци. И само ова го зборуваат ко на лента. Се приближуваме до 9 месеци, детево е далеку од одење, и како се приближуваме муабетов е се почест. Форсирајте го, вежбајте го, бла бла. Значи аман викам, доста со овие споредби, не знам шо е поентава.
Девојки имате ли некоја финта како да го научам на инхалации? Многу кратко успевам да ставам маска, за брзо ја бута, ја гризе итн. Морам да го инхалирам, а се ми се чини дека нема шанси да се научи.
Учење нема, дека ќе сака тешко, односно ретко кое сака. Јас ја земам кај во скут како во столче седната, пуштаме цртани на Тв, ја држам маската на неа и толку. Исто ја гризе, се трга ама се надевам успева нешто да вдиши. Сама да седи со маската на неа, нема шанса.
За мене го кажуваат истото од многу мала сум била на нокшир. Всушност само што почнувале бебињата да седат ги ставале на нокшир. Тогаш переле пелени било многу помачно од сега и разбирам зошто сакале да не научат од мали. Јас не сум против тоа дете да се научи од мало и да се става на нокшир. Сепак со денешните памперси тешко дека ќе научи што е мокро. Моето прави година во лето, па би сакала да пробам да го оставам да се измокри сепак ќе биде жешко и не може да настине.
Јас мислам дека им се мешаат малце годините и месеците ама добро они си знаат. Се иде напред само денешниве деца уназадени за разлика од нас. Што чудо ќе беше тоа. Истиве муабети сум ги слушала одоколу и ич не ги перцепирам. И уживај дека на 10 месеци ќе одвикнеш дете од пелени. Тоа треба да знае што е кака, да каже кака, да добие асоцијација на какање со нокшир, за да има некоја поента све тоа. Не е одвикнување од пелени да ја гледам дека се стега за да кака (зошто точно знам кога кака) и да ја седнам баш у тој момент на нокшир. Ама океј, малце смотани сме денешниве мајки.
И мојава не е проодена, не моча во нокшир. А не прави ни други некои работи што кај деца на другарки сум ги гледала. За 10тина дена и ние правиме година, ги има кажано тата, тати, деде, баба, мама, дај, браво, ајде, фала. А од нив само мама кажува редовно, другиве еднаш, два пати, десет ги има кажано и толку, како да се заборавени. Од звуци ништо не знае и ме гледа како теле кога и зборам, ми личи како да ми се потсмева што мјаукам и мукам хаха. Сака да врти страни од книги, да растура, да вади, да фрла, да се гали (само кога сака), знае да се бацува (те лиже), мавта со рачето за чао, се врти на име ама не секогаш, правеше браво со рацете веќе прекина, игра на музика тверка со газето а едното раче и е во вис (некогаш станува од спиење за да игра и презаспива). Дава играчка ако и побараш, знае само топка што е. Не сака играчки сака качивања, скокања, тунели, такви физички предизвици. Сака да ручка, и да е сега јадена кога ќе види некој да јаде одма бара. Се држи сама, се исправа, се симнува од кревет доле сама се лизга наназад. Еден ден ќе направи 3 пати по 5-6 чекори, друг ден воопшто не ни пробува. Кога е со мајка ми ја гледам како се тресе и ја форсира да оди сама, дури фрустрирачки. Пошто нели сите сме прооделе на 5 месеци. Ми даде пари, за роденден нокширче да сум и купела, барем за какање зошто ја познавам на лик и дишење пред да кака. Мене ми е чудно зошто ќе научи нешто ќе го каже или направи и готово, не повторува пак. Читав дека веќе таа вештина им е научена и учат ново затоа не повторуваат, ама не знам. Пред некој месец се секирав, сега сум скрос опуштена околу тоа што има постигнато зошто не е фер уште сегс да се прават споредби, ај мама Марија веќе прооде ти абер немаш, Марија ги знае сите животни ти не ни гукнуваш. Гледајте само да не ја прекорачуваат границата, а и за тоа има лек и работа. Се гледаат повеќе работи во комплет за да се даде заклучок дека дете заостанува. Имам тројца познаници што до три години биле неми како риба, после тоа зборење без прекин. Ние влеговме во 8 скок, и онака имаше проблеми со заспивање, нек ми е Господ на помош сега. Толкава енергија добива кога ќе ја ставам на кревет, тоа е невидено, како на дроги, а не е проблем времето, дремките, умор или одмор. Матична ми рече пола б6 да и давам навечер, уште не сум почнала, не знам зошто ми е шубе.
Zdravo , dali moze nekoj od iskustvo da kaze dali nesto go maci i sto moze da bide , bebe 6 ipol mes. od pred nedela dena koga ke go legnam da spie vo krevetce ja mrda glavata levo desno po nekolku pati i prekinuva i zaspiva.vaka preku den za usinja ne se faka nitu ja vrti glavata koga e ispraven ili na mese.
Јас го седнувам во скут со едната рака го гушнувам за рачиња да не фаќа маска и трга, и пуштам песни да гледа на тел, а со другата рака ја држам маската. Знае да мрдне ама супер сме, и по 20 мин издржуваме. Ама искрено за затнат нос не помага многу. Секој ден инхалации правиме последната недела,имаше денови и по два пати. Никакво подобрување нема. Ке барам од педијтарот нови брисеви.
Мојов наполни годинка се држи за предмети и бутка кутии. По цели денови вика тато, тате а мама само кога ќенка. Исто збор што најчесто го употребува е туту и тоа му е светла и утикачи. Едно време правеше вуф,вуф, најгласно кога ќе ја видеше свекрвами уствари лаеле заедно по кучињата ама тоа е се. за сортирање нема абер, се става во уста, ренда мебел и се смее. Но искрајно не обрнувам многу внимание се ќе си дојде, а за педијатар ние го носиме кај марина во ремедика и сум презадоволна, одговара на прашања што уште не си ги поставил жената е цар.
@Lina-Detelina аргумент лудило @Lavender13 никогаш не ја сфатив потребата за тој натпревар кој кога проодел. Никој непрооден и непрозборен не останал, џабе цел притисок и паника. Ај ваљда нема и ние да бидеме вакви на нивни години
Така? И сто пати сум рекла, доста со тие споредби, индиректно ми правите притисок. Дошло детето на комшивката кое е две месеци постаро од син ми, и детето си оди веќе добри две три недели, и тоа прилично стабилно. И свекор ми вика еве, ова ве чека вас за два месеци, можда и порано. А ок викам шо ако биде покасно? Ее зашо да биде покасно, татко му на 10 прооде. Боже сачувај, ко да ќе е помалце вредно ако прооди покасно. А зашо не го ставате во дубак? Да му помогнете малце де. Господ нека ми е напомош овие две недели додека сме во Мк.
Zdravo koga pocnaa da vi se vrtat bebinjata sami od grb na stomace i obrarno.Moevo bebe ima 6 meseci ama ne saka mnogu da e na stomak,so moja pomos se vrti, sama ne.
@le.soleil кога ќе пораснам сакам да сум ти Некако секогаш со одговориве ме опушташ и си викам ај уш малце и јас така ќе почнам да размислувам и да ги прифаќам работите. За имињата и свекор ми така ме теши, вика дека цело време се со мене и ги викам, ме игнорираат, у стил добро де, тука сме цел ден, не досаѓај @Miss_S да, прематурчиња се, ама јас никако да го прифатам тоа и цело време читам баш за возраста што ја имаат, наместо што би ја имале и се потресувам. Иако сите доктори досега ни ги водат и прегледуваат според терминот за раѓање, па така досега не им нашле маана. Е за муабетот со стариве, не ми се збори. Ако и се верува на свекрвка, маж ми на 10 месеци конкретен муабет правел со луѓе во воз. Не знам зошто наукава не го прогласила за чудо од бебе штом знаел реченици на 10 месециПреку ден и спиел по 4 саати, да се чудиш, кој знае што имало под перница. Инаку да, леќа, грав и лепче ни давале на 3 месеци, животинско царство на 4, батачиња на 6. За проодувањето ми спомнаа дека обично деца што лазеле одамна, касно проодувале, затоа што реално немаат голем мотив, секако стигаат брзо секаде. Ортопедот дури и ни рече дека е многу битно да не скокнат фаза лазење правилно, на 4, затоа што така ги јачале сите можни мускули. Е ок тоа, ама гледам едново упорно пробува да се исправи сама без никаква помош, ама не и успева и е жива нервозна.
Од грб на стомак почна од 4.5 месеци. 2,3 недели го можеше само тоа кога наполни 5 месеци почна и од стомак на грб.
Ништо не го мачи, така се успиваат. Моиве многу мрдаа така, и брзо дури страв да те фати дека ќе се повредат. Тоа им е начин да се себе регулираат и со тек на времето се намалува или губи. Преку ден ако прави а не на заспивање може да го мачат заби. Не се секирај мајка нормално е.
Јас бев ти пред година дена. Веројатно и бетер, многу бев опседната и најтрагично убедена дека нешто не е во ред. Посебно за едниот што никако не ми се вртеше на име. Престанав да го викам по име и го викав само кога имав причина и се опраи. Ма да и до ден денешен знае да ме игнорира. Инаку не е очекувано да се вртат кога се занесени во нешто или кога си до нив. Тргни од себе, ако некој седи до тебе и те вика по име 5 пати нема ли да му плеснеш една? Која недела се родени? Секогаш следи им ги мајлстоните по корегираната возраст, си има причина зашто се такви препораките. Плус за близнаци се толерираат и дополнителни остапки зашто не е ист развојот на едно бебе у матка и две. Едноставно немаат исти услови. Исто така за зборење кај близнаци се чести каснења со говор. Има поише теории зашто е така ама најприфатена е онаа дека вниманието е поделено на двајца и добиваат дупло помалце шанси за учење. Дипломска можам да напишам на темава. Среќа па рано се освестив дека децата ми се ок и дека се фокусирам на глупости. Следам развој исклучиво преку asq прашалници и чеклисти со мајлстони од типот на година дена треба сами да облекуваат патики не ме интересираат.
Се вртеше од грб на стомак некаде пред да наполни 6м, а стомак на грб му беше повеќе страв па малку покасно, 6++. Туку да прашам, звучи можеби лудо, но дали е можно бебе да задремува со отворени очи? Или можеби само се замислува? Најчесто кога е изморен и пред спиење се случува, гледа во една точка и ако нешто тропне или некој зборува погласно како "да се буди".
Мајки зошто бебево се фрла наназад? Лази он, се крева на кревети кај најде да се фати се крева и одеднаш знае да се фрли наназад Страв ме фаќа ќе се повреди инаку 11 м е
Ќе падне еднаш два пати и ќе знае дека не треба. Поминавме таква фаза и ние ама правеа така само кога има некој до нив да ги фати