Сум ја приметила кога лежи во креветче, пред да заспие гледа така како во една точка и после се врти и затвара очи. Ама тоа е еден од знаците дека на бебе му се спие. Гледање во празно. Јас да те прашам колку оброци до сега имаш воведено? И друго со млеко од тетра пак не брзај. Ни рече педијатар пред година не. Гледај у градинка, ако треба ад носи им или ако имаат алтернатива прашај прво.
Само доручек сме до сега, мислам за 2 недели така да почнеме и со ручек, тогаш ќе е 7 месеци, но ќе се консултирам со педијатар прво. Вие? Благодарам на советот, за жал ми кажаа ад не давале, би разговарала пак ако имаат некоја друга опција.
Еден имаме фиксен. Нешто меѓу доручек и бранч ќе му дојде . Од 9 до 11 зависи кога како стигнувам. Некогаш ја нудам и за ручек накај 15, некогаш јаде се што ќе и понудам. Некогаш само две -три усти. Навечер кога ние јадеме и давам од цуцлите со овошје малку замрзната крушка. Ем да истера нервозата со забите. Ем "јаде" со нас. Ама мала е не го разбира концептот уште. Се си мислам овој вториот оброк некако многу скоро и дојде, па не ја форсирам секој ден. Ама она бара со уста некогаш и ај не му дај. И ќе изеде. Некогаш е зеленчукова каша. Некогаш е банана и авокадо како закуска само. Искрено толку многу ми е ова со јадењето непознато и се осеќам ко се нешто да грешам и поима немам кај терам. Од 7 сакам веќе се да и дадам полека и реално мислам и три оброци ќе и дадам ако и се јаде. Педијатар рече понуди и, ако јаде давај. На пријателка нејзиното на 6 месеци кога го носела и рекле да му воведе директно сите оброци. И затоа ми е се хаос. Оти има сто вида на листи. Сто начини. Сто препораки од земја до земја сите различни. Точно е да секое бебе е различно, ама збунувачки ми е ептен. Еве да го искористам постов да ги прашам @Lavender13 и @1209 да кажат они со колку оброци сте и од кога од прилика? Бројче ти воведе се скоро или грешка сум?
На 3 е моето, од околу 8ми месец, претежно оти не сакаше да јаде многу, па вака си велев барем колку толку ќе јаде на сите три по малце. За доручек обично давам житарка со овошје, некогаш е каша, некогаш палента со грчи и плус парчиња овошје. Дали банана, портокал, кива, некогаш во овесна каша ќе измешам готова од оние малите овошни, често давам и банана леб или палачинки со тиква/банана и јајце. За ручек ми е најмака да мислам оти не го сака месото, морам да му го блендам со банана или јаболко. Ама неколку дена е месо со зеленчук, неколку јајце како омлет или кајгана. Ако сум дала јајце во доручекот тогаш му правам веџи ручек. Пример леќа, грав, спанаќ и ориз, макарони со некој домашен демек песто сос, крокети од тиква и компир…му давам некогаш салата рендан морков, цвекло и краставичка со ручекот со малце маслинов и лимон(ова обожава) Некогаш и парче леб. Вечера скоро секогаш е млечна каша со плус малце овошје за вкус или тиква со цимет, исто ориз со кокосово млеко варен како сутлијаш и банана и цимет многу сака. Вечерата ја јаде цела, ама оти ручекот е секогаш најнеуспешен па вајда огладнува. Некогаш измеѓу оброк ако ми треба да е мирен некоја минута ќе дадам еден бисквит Лино или парче банана или малце банана леб, обичен леб и така се занимава. Абе не дека јас знам кај терам, ама со тек на време некако почнав повеќе ред да фаќам, на почетокот стварно врска немав па некако ништо не ни јадеше, не знам дали до него беше оти нејќе каши или јас не го погодував јадењето. Петок бевме на контрола и ок е на килажа, така да вака ќе продлжам. Инаку јас веќе не се ни замарам со внесување, реакција немаше скоро од ништо, јатки немам се воведено, сусам и морско(риба не сака воопшто) па од проба не сметам за воведено, ама друго се давав кога и како ќе ми текне освен со алергените ќе пазев наутро да дадам и барем два дена. Сега веќе скоро се јаде, освен сезонско овошје што не погодив сезона и ова од горе.
Дечки со 12 месечни бебиња кои сте во скок, дали и кај вашите ако им земете нешто, имате мини тантруми, неколку секунди љутење со затресување? Ми е страв од тантруми. И ова ли ќе има?
Потполно исто прави и моето. Сега почна и со главата да прави лево-десно, горе-доле.. Мислам дека е фаза, интересно им е. Се надевам дека ќе помине побрзо.
Ние сега влеговме во скокот, легнува на земја од лутина пола минута и заборава станува. Ама мислам дека ова е почеток..
@јolene ние не сме некој репер пошо сме болни повеќе од месец дена, изгубивме ред со јадење и со спиење. Ама официјално е на два оброци, сакам да воведам и вечера ама не можам да стигнам на ред, ова не е можно, верувајте дека секоја недела некој нов вирус имаме низ дома. За доручек му давам (давав) или житарка со овошје или палачинки со банана, овес, јајце, јадеше и јајце ама сеа ми го одбива и тоа, иначе правев или омлет или варено јајце пасирано со авокадо на тост. Воведов путер од кикирки, бадеми и костен и некогаш му мешам малце од тоа за екстра протеин. Ручекот е главниот оброк, тука јаде апсолутно се, месо, риба, тестенини, мешункасти, зеленчук. Немам ред на давање, гледам да мешам ама не се оптеретувам. Е сеа за вечера од што читам низ темиве се даваат некои полесни комбинации, или попара со кисело млеко или зеленчуци. И тука ќе бидам малце порадикална можеби со размислувањето, ама мислам дека вечерата ќе ја служам на ист принцип како ручекот, може пример ако за ручек сум дала месо за вечера да дадам мешунка. Ама нема да биде традиционална вечера како тоа што го читам низ темиве, туку ќе биде дел од нашиот оброк, а кај нас главен оброк е вечерата, не ручекот. Посекако следна недела сме на педијатар па ќе прашам за ова. Е сеа сме во Мк и тука неам баш избор на растителни јогурти/грчки јогурти, иначе му давав и од тоа. Бар за тоа не се мислам кога сум горе, има од пиле млеко, тука ми е стварно проблем.
Уххх си реков накапав и со ова дете. Денес имаше реакции невидени досега. Ако му земеше некој предмет од рачето, се затресуваше, вртеше низ соба наоколу како ептен налутен и како да не знае како да се справи од лутина, плаче нервозно. Отров. Секое дете засебно. Првото моторно полесно врвеше во скокот, ама затоа когнитивно и емоционално од 2 и пол години, а особено по трет роденден цела година мамата ни се плака. Како наближува четврти роденден, некако се постишува пу пу пу да не го заречам, ама откако се роди малиов лани цела година крш ми беше емотивно. Арно ко се додржав психички, пошто доев не земав терапија, ама затоа неколкупати бев на разговор кај психолог за поголемиот. Ајде овој нека е моторно побавен, ама когнитивно и емотивно нека е полесен. Напорно дечкии. Се исповедав воедно
Јас не знам што им е на свекориве! Пред некој ден маж ми зборува со татко му, и му вели ајде малиов ја трга мајка му, какан е да му сменеме пелена. И овој му вели ааа штом не трпи значи побрзо може да се одвикне. Јас уживај си викам, го изгледавте тој филм во 60тите, што се замарате сега. Па уште коса ми се крева кога мајки се фалат со тоа. Лани на роденден од поголемото така спомнавме дека сѐ уште не остава пелени, нејќе, а правеше 3 години тогаш. На што јатрвата додава не знам мојов лесно се одвикна за два дена. На помала возраст е одвикна нејзиниот. И јас А навистина бевме загрижени зашто веќе кога се какаше огромни купови гледаш дете веќе пред тебе а сѐ уште во пелена. По роденденот за некој ден татко му го запна, сега овде секое утро ќе мочкаш! И верувај за 5 дена стекна контрола и за мочкање и за какање. Беше спремен веќе само можда чекаше поттик, храбрење и да посака самиот. Верувам дека му беше голем скок во развојот самото одвикнување, една удобност му се скрати. Е тоа фалење не знам чему ама ај. Па здраво право дете кога ќе дојде на ред, ќе се одвикне.
Да, се е ова логично и исправно, наместо да уживаме во секој нивен мал чекор и успех, како притиснати сме отстрана и опседнати да постигнат се кога "требало". Овој твој муабет ме потсеќа и на посетите кај Талески, човекот цело време се трудеше да ме освести дека за близнаци морам да ги намалам очекувањата, ем затоа што нели такви им биле условите од зачнување се натака, ем затоа што се прематурчиња. 36та недела се, матичнава не ги перцепира како прематурчиња, ама ортопедов тоа најмногу гледаше, нели уште цел месец да биле во меше е многу голем период и за се ги прегледуваше и ни кажуваше совети согласно коригирана возраст. Од вештини гледам дека од една страна прават работи за кои се многу малечки, од друга не прават некои работи за нивна возраст. Ама очигледно не може да се сите по книга и едно единствено сценарио. Само не смеат веќе бубачкиве да ме фаќаат, на здрави, прави, комуникативни деца само маани им наоѓам. Нека ми стои ко потсетник да не го правам ова веќе. Инаку многу е смешно ова со форумов. Пред некое време спомнав дека ме загрижи матичната дека многу напредуваат во килажа, јадеа се. После недела дена, едново реши да стане нејадач и од тогаш се мачиме. Сега спомнав дека не ми се обраќаат. Еве ги денес низ цела куќа се влечат по мене и само викаат мама мама. И дедо им кога ги праша кој им дал едни кутии за играње, кажале мама. Па ваљда разбираат повеќе работи, само стварно сум им здосадила
Вие стварно се измачивте бе човек. Мислам дека цело време кога пишуваш се сте болни . Се надевам барем малку ќе можат да ве потинтрат дома, колку да одмориш и собереш сила. Остави им го и малото на два саати и отспиј малку. Не дека не знаеш ти што да сториш де .
Ама јас не слушнав ништо што не прават а се очекува за нивна возраст. Одење не се смета за задоцнето до 18 месеци, ај некаде накај 17 би се можеби загрижила. Веќе имаат зборчиња со значење, разбираат и повеќе од очекувано за возраста (дури и реалната, а не корегирана). И нормално е дека не може да бидат исти како други деца, самите деца бираат на што вештини ќе се фокусираат. Остај муабети од страна и споредби со други деца, ти имаш две за споредување, доста ти е да увидиш како се различни И јас све си наоѓам по нешто да се замарам, кога ми поминаа бубачките за развој почнав да се трипам дека не качуваат на килажа па само ги форсирав да јадат, болна паѓав кога бојкотираа. (А тие килажа и висина поголема од деца една година постари од нив) Сега па се трипам многу јадат, да не качат многу на килажа, а и мешиња пуштиле Едвај чекам да почнат да зборат и да ми кажат да не ги замарам
Секој понеделник без исклучок од 18ти декември на некој му свети црвено живата од термометарот. Дали си ги поддаваме вирусиве не знам стварно, поминавме и респираторни и гастро и корона и грип и стрептокока и пневмонии. Нека завршува зимава.
глобално е ова со јадењево, кога јадат се, леле да не качат многу, страв ми е, кога не јадат, леле, крвна слика ќе расипат, ќе се разболат. А во ситуацијава, ние се разболуваме од грижи. Искрено, и јас одвај чекам они да зборат, јас само да им одговарам или ќутам, вака осеќам ко да ги гњавам и замарам. А бубачките, не знам дали се само бубачки или напорниве баби. Еве мајка ми е убедена дека јас на 2 години сама сум читала сликовници, а свекрвка дека син и разговарал со луѓе пред да наполни година. Е сега кои години ги измешале они, не знам, ама и мене ми се смачи да ги слушам истите муабети. Еве ја, го гњави едново цела недела да каже колку години ќе прави, и он кажува и покажува со прсте една, па ме напна дека се ќе го научела, имал голем потенцијал Дури ни јас не сум толку упорна и напорна, ги оставам сами да си играат, секако они си се разбираат на нивен јазик. Јас разбирам само кога си викаат ајде ајде, за да орават беља.