Леле @Tess36 едно имам и тоа на термин родено, па кога читам што и како треба да прави за неговата возраст се шашнувам одма. Тебе кога те читам, си викам алал да и е на мајкава како си воспитала и научила децата и кој ред си го ставила за да може две да ги чува и игра. Нормално е сите да не фаќаат вакви бубачки повремено инаку како ќе си правиме дополнително стресови.
Искусства со Dr Good Night од инстаграм, односно Сања Ѓорѓева, сертифициран тренер за спиење? Бебо ќе има 6 месеци за недела дена и со спиењето бевме супер сѐ до 4 месечната регресија во спиење (се буди на 45 мин, сака да презаспие само со цицање) па толку сме уморни и очајни и после 7 непроспиени недели очекувавме дека регресијава ќе заврши (спореф нет трае 2-6 недели) ама изгледа не се менува ништо, па размислуваме за тренинг. Дали вреди, успешно ли се спие после тренингот?
Ми е страв оти кај нас е сето плочка, имам тепих кај што си е он ама не можам цела куќа да ја покријам со теписи.. Се надевам ќе му мине фазава понабрзина, оти ова дете е дивјак И да, исто горе долу со главата прави, седнува на газе ме гледа во очи и си ја удира главата долу во плочките ама полека, ги тестира
Јас сум скроз за ова да си го направиш распоредот за јадење според вашиот и да го уклопиш. Здравје после годинка и јас сакам да јаде како нас, секако адаптирано за нејзина возраст ама да не готвам 15 јадења во денот зошто нема поента. Мислам дека вин вин е ситуацијава, помалку готвење, ние ќе јадеме поздрава храна и намирници што не ги јадеме често а она ќе створи навика за храна со наше темпо. Е сега ја си фантазирам дека вака ќе правам а тоа што беба затвара уста и протестира па се молиме е друг муабет
Истото ама баш истото е и кај нас. Со душа ги чекав тие фамозни 6недели биднаа и 10 веќе. Некако ко да не иде на подобро работава. Легнуваме па за 10 15 мин пак станува па пак презасповаме и пак станува па некако до 1ке преживееме али после 1 до 5 сабајле хорор...стани легни стани легни. Ми се има десено и малце погруба да бидам .....после ќе се утепам од плачење. Битно она спие на цице спие у скут у креветче се на се 12 13 пати стануваме. И јас барав совет искуство со Гооднајт аки очигледно никој не споделил. Јас прашав и сакав али 12000 18000 илјади немам баш за давање. Со среќа и те молам сподели ако побараш помош ти.
Ќути си каков јадач имав јас до кај година и 3,4 месеци, да ти е мерак да го раниш, ама сеси јадеше, почнаа 3ките дс излегуваат и отиде се упм, да се молиш леб и сол д јади
@Shaya истата приказна и кај нас, до 4тиот скок и регресијата на спиење што траеше 6 недели бебе спиеше супер. Тие 6 недели до сега беа најтешки од се. Мислев дека после нив ќе заврши тоа и ќе се вратиме на старо ама не, бебе продолжи да се буди на секои 40 мин, од 8 кога ќе ја легнев до 5,6 сабајле. Истото и за дневните дремки. Ја научив да ја презаспивам сп гушкање, допирање, галкање и само така бараше за да презаспие. Се мрднав. Еден ден решив дека ќе пробам без допир да ја заспијам. Ја легнав до мене и само и пеев и шшш, без допир. Повремено само за да знае дека сум тука и одма се тргав. На некој начин како да ја учам да заспива сама (истиот принцип од др гуднајт). Не знам дали е до тоа, ама почна да ја преспива цела ноќ, за ден два.. се буди ама сама си се презаспива. Можеби ќе смени и пак ќе престане да спие, не знам.. сега следи регресија во 8ми месец, па ќе видиме. Во секој случај може да пробате и нешто слично на ова, можеби и кај вас ќе помогне... не се издржува без спиење.
Леле сега гледам не било јадач Обратно сватив, ко така зборувај можи ќе смени да јади оти ако кажам нешто другиот ден одма обратно се дешава Иначе нема полошо од дете што не јади, нема...
Абе секое јадење и заспивање стрес ми прават. За се друго е златна, ама за основни функции што треба да ја одржат во живот маме ми расплака
То е карактер, од раѓање се познаваат, еве со второво гледам разлика, првото 5 год е во скок нема излезено а уствари то му е карактер и џабе све само броев месеци кога ќе ја преспие цела ноќ и конечно се деси на 2 и пол години до тогаш нз како живеев. А малово некни прв пат ме изненади спиеше од 22 до 7ч без ич да се разбуди, еден ден беше ама се деси на 5++ месеци нека се живи и здрави само
Дали е можно цел сат како ја имам оставено да спие во креветче сето тоа време си игра, си се забавува,шета низ креветче, а не плачи. Лази на сите страни низ креветчето Кај нас дефинитивно во скокот се пореметува последната дневна дремка, како да сака да ја исфрли ама и е рано. @0ли @Sun&Moon @1209 @Bubish26 како е кај со дремките
Истото ми се случи завчера. После почна и да закенкува, па се расплака и ја зедов, во истиот момент подзадрема и ја држев 20 минути за да прекрши. Вечерта заспа во вообичаеното време, околу 20. Утредента стана во 8, значи скоро 12 часа вкупно и вчера баш пробав со две дремки и успешно беше. Две дремки по 1,5 саат имаше и пак во 20 си легна. Е денес стана во 6, па затоа денес три дремки има. Покажува знаци за две дремки, но веројатно ќе помине некое време додека се префрли. Кога станува рано, ќе терам 3 дремки, а кога ќе стане подоцна, тогаш 2. Времето на заспивање секој ден ѝ е исто. Рано е целосно да се префрли. Ама па и во 6-ти скок е. Еве сега тера трета дремка, прозорец на будност ѝ е 3 часа пред последната. Ќе стане кај да е и во 20 ќе си легне, до кај 20:10 ќе е заспана.
Кога правите постапалки? Мојава правеше по неколку чекорчиња ама сега се почесто станува и си оди сама, а денес од едно станување направи може и 15 чекори. И кога ќе проодат претпоставувам не е тоа одма, само да одат после. Пак си лазат по старо ама и комбинираат, така?!
Ќе си комбинира, ќе сфати дека со лазење ќе стигнува побрзо некаде, па може да оди оди и да се спушти да си лази. Проодено се рачуна кога од земја самостојно ќе стане и ќе прави чекори. Мене ми изгледа вака по описов дека може да правиш.
Зависи кога станува, ама обично две, без разлика колку е станат, пред тоа првата му е фиксна, окол саат ипол два по будење, за втората има поголем прозор на будност, трета веќе ретко има. Ама не спие сам сака јас дс го заспивам гушнат до мене.
Мамасити смеам ли диклофенак за болки да пијам. Грб ме боли ме убива до степен што ми се иде да си ја акнам главата од ѕид. Некаде прочитав дека може.
Пробуваме да се две ама уште сме на 3. Ја држам будна пред спиење повеќе ама не бре, не се откажува од 3та дремка сеуште. Станува и после многу касно заспива.
Баш така, како малку да имаме стресови во секојдневие со нив, па уште дополнително и ќе прочитаме нешто или ќе ни направат споредба и одма со недај боже дијагнози. Во врска со редот, за еден совет и сум најблагодарна на друга мајка на близнаци што не ја ни знам. Преку другарка ме советуваше уште додека бев бремена дека што и да правам, морам да форсирам заедно да јадат, во исто време да спијат, заедно да играат, инаку дефинитивно ќе полудам. Ја послушав и од почеток напнав со војнички распоред. Бабиве полудуваа кога ќе разбудев едно за јадење или кога напнував да го успијам, а не му се спиело. Ама со толку напор успеав делумно да ги усогласам за да може да функционираме. Се трудам подеднакво да работам со двете, ама скроз се различни, различно се развиваат и понекогаш претерано паничам дека нешто пропуштам, ама како што ве читам сите, нормални ни се тие прашалници во глава константно.
@Panovic ја прочитав книгата од Спиди, за некои работи се согласувам, некои ми се доста застарени, пример за начинот на хранење. Интересна е книгата во секој случај, има корисни работи. Ама баш за она што ми требаше не ми заврши работа. Не се согласувам сo овој начин на “тренирање”. Некако ми е премногу строг и не е за мене. Не сум особа која може да игнорира бебе кое плаче. Не велам дека е правилно, ама секаков метод на учење кој проповеда да го оставиш детето да плаче и да се успие ми е неприфатлив. Вели да не интервенираш никако пола саат, дури и повеќе ако треба, мене ми е незамисливо да го игнорирам бебето волку време, кое плаче за внимание или близина. Може ќе го научам да спие и ќе преспиваме сите ама не би по оваа цена. Не ме сфаќај погрешно, ако за вас ова било правилен начин тоа е ок, не напаѓам само сметам дека за мене ова не би функционирало. Изгледа ќе чекам јас да порасне и да фати терк со спиење оти до сега ниеден метод не ми се допаднал посебно