Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    1.806
    Пол:
    Женски
    Иста сум.
    Зимава ги поминав сите вируси (стомачниот ме исцеди). По цел ден не застанувам, ребрата си ги гледам, 51кг имам, а јадам мислам дека на нервна база не дека ми се јаде.
     
    На Lina-Detelina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kozuf

    kozuf Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    1.080
    Супер звучи, после некое време должината на дремките се регулираше според распоредот? И ова е според moms on call?
     
  3. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Со колку замина на пораѓај? Колку имаше пред да забремениш?
    Јас се движев од 63 до 65, што и реално многу ми беа според висината. А на пораѓај заминав со 73. За некој ден годинка ќе правиме.
     
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.390
    Допаѓања:
    47.596
    Пол:
    Женски
    Да видиш хормоните? Поточно да не си влегла во Хипер после бременост. Провери тироидна.
    Кај мене не обратно јас се дебелеам се повеќе и повеќе, исто сум активна цела време, одвај јадам ама мене нередовна исхрана ме дебелее место да ме слабее оти ми се качува кортизолот, а јас сум со Хипо и се дувам.
     
    На Asja и Lina-Detelina им се допаѓа ова.
  5. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Вака хормонски ми изгледа дека е во ред. Почна редовно да ми доаѓа менструација. Ако може да се земе во предвид тоа. Мислам дека ми е од стрес. Имав неколку нервозни денови, некои недоразбирања. Овие два дена се обидував да јадам повеќе и ете сум качила 500г.
     
  6. DaisyD

    DaisyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2016
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    Прво почнав со ноќно спиење вака, зошто пред ноќно ми е најсмирен и најсонлив. Кога без плачење почна да го заспива ноќното почнав и за дремките. Не знам искрено точно за колку време се научи, месец сигурно имаше поминато.
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.390
    Допаѓања:
    47.596
    Пол:
    Женски
    Тоа нема врска, тироидните хормони многу често не ја пореметуваат менструацијата. Јас имам редовно цело време, 28 дена, и пред терапијата. И не сум имала проблем ниту за зачнување, од прва фати, а и други што имаат исто оваа дијагноза имаат редовен циклус.
    Провери си сепак, стресот баш е најголем причинител за проблеми со тироидната.

    Јас уште немам циклус, секој месец се надевам дека ќе добијам, мислам дека целото тело и организам ми е пореметено ради ова. Не можам да се вратам во нормала. Како цело време во ПМС да сум.
     
    На 0ли и Lina-Detelina им се допаѓа ова.
  8. kozuf

    kozuf Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    1.080
    Извини уште некое прашање имам, одамна ја мислам методава ама до сега не најдов некој со искуство да прашам. :l: По колку време го оставаше да плаче пред да го кренеш? Јас пробав кратко ама по секое кревање потешко ми беше смирувањето.
    Кога има скок или нова вештина како се враќате во рутина?
    И дали ти помогна ова да има подолги дремки и да не се буди толку често навечер?
     
  9. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Јас добив за прв пат 7 или осум месеци по пораѓај. Пред тоа некој месец како да се обидуваше да ми дојде, само оскудно крварење 2 3 дена. Ќе се стабилизира и кај тебе. Дали доиш?
    Кај мене пак во врска со хормоните, пред да забременам сите беа во ред, и тироидните, а едвај фати, дури после вонматеричната која што беше со инсеминација.
     
  10. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    1.806
    Пол:
    Женски
    Обично се движам 54,55, на пораѓај бев +12.
    Почнав да добивавм редовно, добив после 7 месеци, веќе 3 пати ми е редовно.
    Ама се знам јас себе, малце стрес, многу активност и одма на мене се гледа.
     
    На Lina-Detelina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.540
    Пол:
    Женски
    @Panovic Еве во два дена различен број на дремки имаше. Вчера три, денес две, а станата во исто време (околу 8.) и за вечерно заспана во исто време (околу 20).
    Вчера прва дремка имаше 30 минути и затоа ја ставив на три дремки, а денес спиеше 1,5 саат прва дремка и втора сега тера, нема да има трета. Вечерва пак во 20 ќе ја легнам.
    Денес од станување до прва дремка 3 часа ѝ беше прозорец на будност, а за вторава дремка 3 и пол часа. Ако стане попладнево околу 5, да речеме, ќе има околу 3-3,5 часа прозорец пред вечерно спиење.
    Гледам дека не може наеднаш да се префрли, мала е уште, но се водам според должината на првата дремка дали ќе се 2 или 3. Или ако првата е долга 1 час, а втората 30 минути, тогаш ќе има и трета кратка.
     
    Последна измена: 1 февруари 2024
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.390
    Допаѓања:
    47.596
    Пол:
    Женски
    Жалам што се имаш така измачено. Битно сега ја имаш среќата во раце:)
    Да уште дојам ама и јаде, мислев дека со намалувањето на доењето ќе добијам, ама не. Додуша он пак цица цело време, не дека имам намалено подои, кога сака и колку сака цица, може и затоа, а еве 10м минати. Хормонски и онака се е во ред.
     
    На Lina-Detelina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Panovic

    Panovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2020
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    579
    Оли тераме 3 дремка прее 2рата дремка на сопругот само 40мин му спиела и не можеле да се презаспијат.

    Ударен период ни е во скокот, па цело време нешто прави не мирува.

    Мала и мене ми се гледа за 2 дремки некако не сум спремна,а изгледа од 14 до 16 и е мал период на будност можда затоа и не ми спие...Ќе пробам утре наместо во 16, да ја легнам 16и30.

    Еве проверив и на минатиот скок исто сум ве прашувала за дремките од 4ри на 3ти, праела промени не спиела па се стабилозирала...

    Ама кај и да е сигурно ќе смени на 2, се сеќавам со првото на 9и пол месеци му сменав на 2 дремки.
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DaisyD

    DaisyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2016
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    За плачење баш не можев да издржам да го оставам многу, две до три минути максимум. Он рика јас бројам до 120 :sweat: некогаш му вртам со раката или му мрдам со прстите, па му се одвлекува вниманието, гледа и се смирува.
    Треба трпение и живци дефинитивно. Некогаш и заспиваше во раце зошто не се смируваше.
    Кога се разболе му се поклопи со лазењето и ептен му се поремети заспивањето, баш и тука пишував. Мислев нема да се врати во нормала ама среќа се среди за две недели отприлика, така само од себе, одеднаш пак почна да си заспива сам.
    За будење навечер никогаш не сме имале проблем, ја преспива ноќта од многу мал, без разлика дали сме го заспале во раце или не. Исто и за дремките, како помал некогаш спиеше и до 2ипол саати дури и се случуваше да треба да го разбудиме. Сега како швајцарски часовник е, секој ден во исто време заспива и се буди. На две дремки сме, една му трае саат ипол.
    Не знам дали тренингот помогна или таков спанко на мама си е :D
     
    На 1209 и kozuf им се допаѓа ова.
  15. kozuf

    kozuf Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    1.080
    што убаво, фала многу :inlove:
     
  16. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.540
    Пол:
    Женски
    Последната, третата дремка најрано после 3 саати ѝ беше, значи и да ја легнев на 2,5 часа, таа после точно 3 часа од претходната заспиваше, а спиеше 30 мин. Мислам дека малку ѝ се 2 часа меѓу дремки.

    Ете вчера си мислев ќе спие до 17, аха важи. Спиеше втора дремка само 30 минути и ништо живо не сакаше да презаспие, па ја оставив. Значи, во 16:30 се разбуди и вечерно во 20 ја легнав, значи 3,5 часа од последната и заспа во 20:20. За мое чудо, спиеше цела ноќ, ги сврза 11 саати. Јас ваква :o
    Претходно се будеше двапати за млеко, а сега се разбуди околу 2, ептен кратко погуга, бапкаше и брмчеше малку и продолжи да спие без да кенка или плаче. Стана во 7:20, значи 11 часа.
    Ова е првпат толку да спие, на секој час се будев да проверам дали дише :sweat:
    Претпоставувам дека тамам ѝ дојдоа две дремки, ни преморена ни пренаспана и вкупно сон имаше околу 13 часа и 40 минути, толку спие вообичаено.
    Еве ја денес исто, веќе спие час и половина прва дремка, па пак во исто време како вчера ќе ја легнам, баш да видам дали и ноќеска ќе спие исто.

    Како е кај вас денес?
     
    На Panovic му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Panovic

    Panovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2020
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    579
    Сабајле спиела од 8и30 до 10, па јас сега во 12 ја легнав па ќе видам до кога ќе спие и после ќе пробам во 16и30 да ја легнам и ако не спие дефинитивно на 2 дремки ќе ја оставам.

    Вчера на 3тата дремка спиеше 1 сат, ама дека предходната рано им се разбуди. Навечер немаме мака и ние си спие од 7и30 до 6и30.

    Овие женскиве помалку време за спиење имаат хахаха

    Оли дали писка, се кара или само ние музика имаме и гласно пеење? хахах
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  18. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.540
    Пол:
    Женски
    И мене вака ми правеше понекогаш.

    Писка, со сè се кара, вика. Сега лежеше на меше пред гарнитура, се кара со неа, па се префрли на камионче од големиот и го шутира со раче како со метличка или со показалец го студира и вика.
     
    На Panovic му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.519
    Допаѓања:
    18.871
    Дали детево се спрема да седне?
    Стои потпрен на дланки и коленца ,потоа се клацка,па по некое време едното ноџе го исправа и се потпира на прстиња со стапалцето, а со другото ноџе е потпрен на коленце. Според позицијата малку му фали да седне. За некој ден полни 7м.
    Уште не знае да лази нанапред. Не знам како да го научам:D
    Се труди тој,кога ќе види нешто привлечно пред него,ама само ја зарива главата во под и се обидува да турка мисли дека така ќе стигне:rofl:
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.449
    Допаѓања:
    25.161
    Пол:
    Женски
    Хахахха го замислив, душа :rofl:
    Моево на 5 и пол месеци исто така со главче во под и наназад се влечи :D знам дека прво наназад одат ама смешен ми е :D
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.