Големиот не преспива подолго време, година дена сигурно и напорно е. Нема кој да го прошета додека спие малото, па накај 9.30-10h искачам со двајцата да ги фати воздух, до 11.30 сме дома за ужина и го заспивам малото, па со големиот седиме на трпезариска маса се занимава со боички, колаж и спремам ручек наизменично. Попладне веќе маж ми се ослободува, па сите шетаме пак или само тој и големиот, зависи колку е ладно. Преку неделата ми е далеку полесно двајцата се во градинка ама затоа попладне се лудило, не знам зошто не си ја трошат енергијата во градинка Моите се 16м и скоро 4г.
Мојава си има потврда столица секогаш, и кака на неколку дена. Највероватно метаболизмот и е таков. Ама денес баш тешко какаше.
Ех, лесно ти е штом оди во градинка и проблемот е само за викенди Ние сите сме дома, па некогаш комбинациите се лудило, ама се снаоѓаш, тоа е.
Како ја правеше транзицијата на пример од нишкање до држење? Пробував јас ама многу се буни, на крај засилуваме нишкање наместо да се намалува.. Ја оставаш да си поплаче во раце?
Еве,утрово си седна И цел ден тоа го прави,едното ноџе му се заглавува па некогаш кога пробува да го одглави треснува напред со носот Мм паничи ,(а и јас во себе) леле да не скрши нос,му викам остај го треба сам да се научи (а срцево како лифче ми трепери). Во друг момент со залет наназад падна од седечка положба. Колку време би му било потребно да го усоврши?
Многу брзо мислам, моево кога нешто ќе сфати како функционира, му треба ден два да го усоврши и потоа го применува активно.
За многу брзо ќе научи, па нема ни да паѓа, ќе знае да се закочи или да се поднамести за падот да е побезболен
Фала мајка. А како си со количината на млеко? Ти поднамали заради таа луфта што ја имате додека си на работа? Тоа ме плаши.
Јас давав пред да одам на работа и после кога си идев, измеѓу оброк и ужинка имаше, млеко никакво не прифати, доев до 14 месеци и тоа од 9 до 14 месеци само на десна. Лактацијата со тек на време сама се регулира, ако имав мн мака ептен малку измолзував за да ми олесни, обично за 1 недела ми се средуваше. Пак блистер ми направи, болат брадавиците како новороденче да имам пак а не 5 и пол месеци бебе.
За неколку дена од прилика... Туку како да "извежбаме" со лазењево напред? Попрво научи да седи отколку напред да лази,Само кога се мести да седне сака,поинаку на сите страни иде ама напред не баш ?
Нема потреба да ги вежбате, нешто да интервенирате да одат напред, ќе им кликне и ќе тргнат кога ќе се спремни. Сега ќе усовршуваат, зафатени се. Зошто брзање, зар наназад сте виделе некој да оди и да не знае каде е напред? @Sofi.ja На половина газе седи потпирајќи се на раче?
На цело газе седнува. Едната нога му е пред него исправена,другата свиткана под газе. Гледам се учи да ја извади и свитканата. Кога сака таа да ја исправи тогаш се случува да изгуби рамнотежа и да падне. Или ако посегне по играчка. Навистина, како што пишаа и другите членки,од утрото до вечерта многу голем напредок имаше
Оли вас ви е пресно, моево почна да зема и да фрла играчки, уствари само ги пушта на под, памтам нешто вака правеше првото ама покасно мислам, или потоа пак има таква фаза, тогаш ги трескаат и му е интересен звукот, а сега само си пушта го заприметив деновиве, а штом фати нешто омилено го држи 6 месеци за 12 дена е.
Такво нешто би можела да забележам само ако е во хранилка бидејќи остатокот од времето е на под и млати со рачето, турка работи, колички, мава од земја нешто пластично и трепка со очи. Знае дека ќе тропне и намерно лупа и вика во исто време. Ќе земе некоја тропалка, ја држи и намерно ја стружи од под и ја треска или ќе за замлати посилно за подалеку да замине, па ќе отползи до неа и пак. Ова го прави подолго време. Во хранилка засега фрла само храна и лажички, додуша тоа само сум ѝ давала кога седи. Се сеќавам и поголемото правеше така како што опишуваш, но ич не ми текнува колку имаше кога почна да фрла за да тресне.
Да намалено ми е млекото и после цицање бара за јадење не ја задоволува и тоа после работа кога ми е полна градата.
И мојов дасо фрла играчки кога го ставам во хранилка дур ручаме ние. Се ќе исфрли и почнува да мава со рацете по столчето како во кафана да е Тоа го прави така негде од 6 ти месец и ете го 8 и кусур е се уште му е тоа интересно. Стално ги треска или тресе играчките или завршуваат во уста зошто се многу слатки