Возбудаааааа.. не можев да заспијам. Кога ли помина една годинка.. Ќе го повторам она .. Многу брзо растат, радувајте им се. Но стварно било така. Радувајте се мајкиии на нашите сонца. Денес полниме една годинка!
Јас воведов со 7+ мисиркино, па пилешко и телешко. Тоа воведов до пред полни 8 месеци. Два - три пати неделно му давам. Се препорачува три пати да се дава мислам. Ако грешам некоја мама нека ме поправи
Среќен роденден. Навистина времето лета неприметно,додека ние мајките сме окупирани со јадење,спиење/неспиење,забчиња,седење,лазење,проодување....а детето пораснало во меѓувреме
Мамички ми треба совет. Бебе има 11 месеци. Жената што го чува 2 дена по ред кога го успива, кога е полузаспан со устето бара цице и кога ќе види дека нема си го цица палецот и така заспива . Едно многу ми е жал, се осеќам како да сум го предала, второ ми е страв да не му премине во навика. Дали ќе згрешам ако му дадам млеко со шише доколку прифати? Се работи за 2 пати во ден, само она кога го успива, валда нема да се одбие од цицање? Или дајте идеи што како да направиме, многу е жално вака
Ако си заспива тогаш не е тажен, си нашол сам начин да си се опушти и заспие, не му го земај тоа. Ако е нервозен и тажен ќе плаче и нема да заспива. Така да радувај се место да се секираш
Луѓе помагајте, не знам што се деси ама последните две капења се хорор, бебето само штом ќе тргнам накај кадата вриште, се тресе, плаче и трга накај мене, со сетс сила се држи за мене да не го ставам во водата. Апсполутно ништо немам сменето во капењето, предходното капење си играше шлапаше и наеднаш почна хистерично да плаче и морав така неисплакнат да го вадам, страшно плачење беше. Сега само штом го ставив одма почна пискањето. Што се деси? Дали е фаза или нешто јас направив па се преплаши дете? Како да помогнам да го надмине стравот, многу сакаше капење.
Фаза е моето така правеше, првото, за главата до 4 год плачеше и уште не сака во очи да му оди вода, уште плачи ако сети вода морав едит, става раце на очи дур му мијам коса и одма крпа бара да се бриши, ако се закасни крпата почнува со плачење
Мајки како прекинавте доење? Морам одма да прекинам поради јаки антибиотици. Дали пиевте таблети? Каде може да ги најдам dostinex или bromergon?
Зар така наеднаш фаза го фаќа? Во текот на капењето наеднаш смени расположение, се мислам да не му влезе шампон во очите, прв пат го бањав со бекутан оти не видов дека ми се потрошил тој што обично го користам, може го запече па сега се плаши или тој ден пена имав направено, ама денес не, скроз какони секогаш што го капам денес беше наместено.
Не мора да го прекинеш ако не сакаш, молзи се и фрлај да одржиш лактација и кога ќе престанеш со антибиотик ќе си продолжиш да доиш.
Верувај дека нон стоп е во фази и скокови, ама цели 5 години веќе отрпнав хаха ништо не ме плаши поќе се поминав со него.. Можно е да е уплашено ако му влегло во око од шампончето, па може ќе подзаборави, ама има таква фаза, пред 4 и пол години со генерацијата тогашана тука баш сите пишевме дека така плачат.
За жал мора бидејќи терапијата ќе биде 2 ипол месеци. А бебе веќе е една година, па нема поента два ипол месеци да фрлам, голем период е
Е да штом е таква работата, жалам што мора да пиеш терапија толку долго. Мислам дека има некои апчиња прашај во аптека за прекинување, ама и за неколку дена недоење ќе престане сама лактацијата.
На 2 и пол години почнав да му давам Молерс на поголемото. На шишето пишува доза од 6 месеци до 3 години, па некои даваат и порано.