Некои даваат и порано, а и на амбалажата има колку се дава за помало, најмала наведена возраст е 6 месеци. Иако јас не би му дала иста доза на 6-месечно бебе и на 3-годишно дете како што пишува. А ти кажа зошто да не даваш сега?
Аууу бекутан многу пече на очи. Пробај кај тебе да си ставиш . Инаку опушти го со бањање на играчки,ако треба и со чиста пелена стави го во вода да го надмине стравот.
Од денес во оваа група Бевме на планина и не сум ве читала ич, па сега со кафе ќе си надокнадам додека бебе спие. Кажете совет како да биде позаинтересиран за храна? После Божиќ почнав со вкусови значи еве месец, а уште нема оброк. Сака да ми ја зема лажицата од рака и ја користи како глодалка, па земам нова лажица да го ранам и така додека не ги испофрла сите 5 лажички што ги има кога ќе доближам лажица отвара уста, ама ако престанам и го оставам да си игра со лажицата нема да бара храна. Ги пробувам кашите и мене лично ми се вкусни не му правам којзнае што
Ние уште малку ке дојдеме во групава, случајно отворив. Иначе пробај секој ден во исто време на ист начин и на исто место да започнуватр со "ритуалот јадење" и кај мене се мрштеше на почетокот ама еве скоро недела ипол имаме оброк односно доручек и температура имаше, малаксан, нервозен беше предходниве 3 дена ама јадеше. Вака правам јас, стануваме во 7ипол 8 тогаш цица, зависи со станувањето после саат ипол го ставам во хранилка и му зборам, му давам лажичка или ако треба му го сптремам јадењето ако е нешто брзинско и така 5до7 минути. Он си седи радосен со играчикте (читај лажичка, капаче од кашичка и лигавче) ставам кашата на послужавникот и му местам лигавче и почнуваме со јадење. Малку чепнува сам демек да истражи, се храни со лажичката демек јас му држам, додека почне да јаде и после мав прави се.
Здраво мајки 11++месеци сме дали има сега некој скок во развој два дена само сака со мене да е цело време и во раце.Ако ја земе друг одма плаче и вика само мама мама.
Како ви се одвива јадењето? Пред да се разболи се знаеше, седиме во столче и се јаде без никакви дистракции. Сега јаде ‘мирен’ само на почеток 3 мин и после збеснува. Мора нешто друго да прави и да јаде во исто време што ич не ми се допаѓа. Дали ќе чепка зрнца просо на послужавник, капки вода, капачиња ќе врти низ раце и гриза, ама мора нешто да прави за да е анимиран и да јаде. А си отвара уста и си изедува сѐ. Ако му падне или му ја земам занимацијата настапува плачење на сила. Фаза ли е некаква, сама ли си отворив работа што дозволив вака само за да јаде, не знам.. Истото и кога цица се случува. Во секоја можна позиција се врти, станува, седнува. Ќе дојде ќе цицне ќе стане, пак ќе се врати. Нема да речам цица 5-10-15-20 мин мирно и знам најаден е. Сто пати се враќа, а во меѓувреме прави акробации. Сега научи дека може да стои на потпирачот од спалната, цица и ќе му текне ќе стане ќе се прекачи преку мене и ќе се фати да стои, ќе му здосади и ќе се џитне назад на грб и се враќа да цица. Буквално како каскадер е детево. Дали некој друг има вакво збеснато дете?
Исто од збор до збор. Не знае веќе легнат да цица, мора да седи и мора и двете гради да ми се на изволте оти господинот прави микс Цицнува од едната , па од другата, па пак од првата и така со ред. А за јадење не знам што да кажам веќе, не сака јас да ги хранам, а дам повеќе игра отколку што јаде, по цел саат се молиме и накрај уствари е ненајаден, а лом и он и столче и облека и ѕид, под. Не дава ниту лигавче да ставам ниту да му облечам тоа што е за јадење комплетот, се одерува од плачење. И веќе се му е исфлекано, само перам на рака по 3 пати на ден, ми прекапе веќе искрено од ова, од чистење стол, од бришење и миење. Се надевам ова сам јадење ќе се исплати на крај. Него вчера бањањето пак хорор. Ајде во дневна донесов корито, ставив малце вода и фрлив играчки вантре, он ќефен си игра, вади, става, прска, ајде велам сега ти да влезеш и штом почнав да го соблакам ете го тантрумот. Се фати за мене и вршти колку глас што го држи, се држи за мене за врат, физички не можам да го седнам, само со нозете во коритото и мм го полева и мие јас наведната над него кичма искривив. Одвај 3 мин го измивме. Па го замотав у крпа па ајде главата, наведнат надолу пак вриштење. Не знам од што се плаши, посебно кога го мијам, раце, лице, газ, нема гајле, не знам дали е од самото корито со вода…следно јас со него под туш ќе пробам. Многу ми е страв да не остане вака. Баш уживаше во капењето, целиот радости беше, од каде сега ова се здеси не знам.
Баш ова сакав да ти го предложам, земи го и пробај со него заедно полека, чекор по чекор, со галење и смешкање, тивко. Гледај да е расположен кога ќе пробуваш. Може и да остане така некое време, а може и да му помине. Ќе менува секако, период му е. Поголемиот уште се притресува дали коса ќе му мијам или само со туширање ќе помине. Ама успеваме да се убедиме, друго е кога разбира повеќе. Со мало бебе може потешко да е, пробувај што ќе запали, нема друго чаре.
Секое капење почнува со прашањето А косата ќе ја мијаме да, зошто?? И почнува да кемка а 5 полни години
Секоја вечер пред спиење кога ќе му се каже ајде капење, мора да нагласи ама не и глава. Па ако треба да му мијам глава, го убедувам дека убаво ќе ја наведне наназад и нанапред за да не му оди во лице, дека одма ќе му избришам лице со крпа, дека нема во нос да му влезе вода. Во последно бара со стреата за бањање да му мијам, така не му оди во уши и на фаца. Порано се дереше како да го колеш, сега само вика.
@1209 и јас бебе бањам со мене под туш. Сега почнавме да го ставаме во коритце пред крштевка колку да знае што ќе се случува. Всушност јас почнав во корито да го бањам и дали 2-3 недели имаше бебе мајка му на мм и било мерак еднаш да го избањала, колку врескање имаше тогаш што му стана не знам, жената ништо не стори цело време бевме тука сите, се изнаплака и после тоа а го доближев до корито вриштење беше и на крај почнав со мене под туш да го бањам. Тоа барем беше успешно.
Исто скроз Едит. Од бебе плачеше, буквално од прво капење не прекина Малово па досега ич нема плачено. Небо и земја се разлика.
А зар не ви се лизга така под туш? Мене ми е страв да не го испуштам кога го мијама, а вака и двајцата мокри, не знам дали ќе успеам да го додржам. Има некоја финта, како ви успева?
Пробајте ставете ги прво со нозете полека внатре, нека пошлапка во вода. Можеби некој страв имаат кога се спуштаат во корито. Чисто самото спуштање можеби нешто страшно и одбивно им изгледа.
Јас би си ставила ниско пластично столче во када или би седнала долу. Со стоење некако не ми изгледа безбедно, се лизга од вода, од шампони, тие мрдаат и се доста раздвижени.
Јас само да те предупредам дека може и од самиот туш да се плаши барем поголемото мое дете се плашеше еден период,кога ми дојдоа преку глава кофи,канти ,бокали за полевање. Па едвај некако се опушти на најмал млаз.