На почеток мм со мене седеше, беше многу мало и јас го држев во мене, тушот од горе си тече, ке се поместев мм ке ставеше шампон прво напред, па позади на крај главчето. Сега е поцврст и го земам во раце и одиме се бањаме, го мокрам ставам шампон прво напред го плакнам, после он ме гушка јас мијам глава и позади некогаш се чудам и како го изведувам ова ама ете можело Можеш да пробаш и во коритцето да го ставиш ама со тушот да го бањаш, јас така му правам некогаш легнат на подлогата од коритото и со туш го мијам, полека пуштен да тече па се смее кога водата му поминува ваљда го гилицка не знам
Или облечена по маичка да си ти Ај ќе помини капењето ами за стрижење Шу прајме со машките ние. Прв пат со машинка летото на 4 и пол години дозволи јас да го истрижам, па сега дозволи брат ми да го истрижи. Пред тоа со ножица сум стрижела.
Тушот му беше омилен и секогаш си играше си него додека го капев, не му сметаше ниту водата што му прска во очи. Јас се си мислам дека кога го капев тогаш изгледа се подлизна малце и може се повредил, некако во магла ми е, не се сеќавам, а и го држев јас не дека се свлечел во корито или слично, ама ете може се повредил некаде каде што не сум видела. Ајде ќе пробаме со тушот па ќе видиме како ќе биде. Фала жени на сите совети, да не ве цитирам посебно
Не си употребила финта ти До 2 години два три пати некако се шишаше, го носевме во Мали Ѕвезди,таму столчињата се коли па ај некако успеавме. После тоа го префрливме кај берберот на мм,ќе однесев харибо мечиња, демек фризерот гратис дава додека се шиша,да седи мирен и си лапнуваше 3-4 додека е таму. Секогаш успеваше финтата тоа додека помине стравот,после гајле немаше.
Леле не ме потсетувај, какво дерење паѓаше кога ќе требаше да се шиша Не сум го носела на бербер, се јас го шишам. Прво со ножички, па после со дерење со машинка од 3 години. Ќе го земеше мм во скут и го гушкаше, јас шишав. Испотресен влакна да му паѓаат на него, па ајде на секое тргај му ги, да се препоти човек, ми се темнеше кога беше време за шишање. Сега негодува, но успеваме да се убедиме.
Моето па едвај чека да се бања. После 19ч почнува да штрајкува како да си знае дека е време за бањање. Јас го бањам секој ден откако сме дојдени дома. Лежи во корито, сега веќе како полуседнат си игра со гумени играчки шлапка со нозите вика пее многу е среќен.
Скроз исто до збор. Нас и светло ни се уклучува/исклучува кај потпирачот па цело време го уклучува/исклучува и се смее дека постигнал нешто. Дур не го прегори
Внука ми така од еднаш не сакаше веќе да се бања. И се ради косата. Да не те разочарувам ама долго време бањањето беше со вриштење како да ја колат. Се слушаше кај нас долу на спрат кога ја бањаа. Еднаш лето јас на тераса и она почнува да вришти и завршуват со бањање и таа продолжува да вришти. И ја слушам снаа ми и вели па добро еве не се бањаме веќе што ти е сега. И имаш, па мама коса ми е мокра. Кога ќе и обеќаа дека коса нема да мијат дека само ќе се тушираат со песна влегуваше во купатило. Сега веќе не прави проблем. Ама долг период правеше.
А со нејадењето месо што правите?Имате такви деца? Само готови каши со месо јаде некако, дома зготвено апсолутно на никаков начин, едно кило телешко исфрлив така, готвам, фрлам. Во секоја варијанта пробав, со банана, компир благ, тиква…со ништо не сака.А и јајца не сака освен во мафини и палачинки. Не знам веќе што да правам.
Ќе засака, не му се секирај. Крвна слика ако е ок, надокнадувај со зеленчук тоа што не го прима преку месо и јајце. Само телешко ако даваш пробај и со друго месо, мисиркино можеби ќе сака. Готовите каши ми се ок за кога немам време да спремам, ама кога ќе видам само 8% месо во нив, коса ми се крева.
Проба во различни конзистенции? Можеби не му е вкусот проблем. Ако можеш да го блендираш/пасираш со водата што се вари, па посебно ги давај зеленчуците, посебно месото како каша. За јајца немам идеја, сеуште само жолчка давам и ја гмечам со вилушка. Најчесто ја комбинирам со спанаќ, ориз, грчки, брокула, просо...
Буквално секаква конзистенцијс пробав и парчиња и чисто и пасирано, мешано, динстано, печено дури и пржено, не сака и крај, трга уста и плаче.Јајце некако давам, палачинки, мафин, банана леб со јајце, урда и јајца, ама месово ништо не правам, дури и за нас готвено до зачини дадов да проба и не го сакаше. Па и јас околу нг што имав готови од пакетчиња, чат пат ќе дадев ако сме некаде и сфатив само така го јаде, а баш е најгрдо. Мисирка никаде не најдов кај нас, пилешко не сака, риба одвај. Крвна слика не знам како е, месец дена немам приверено и повеќе може. Ќе видиме скоро на контрола како е.
Ништо не пали кај мојот единствено после 3 години успеавме кај една фризерка со ножица да го стрижи па така функциониравме. До тогаш јас со ножица. Моево не беше ич по месото посебно нејќеше телешко. Јајца јадеше. Месото направи го истури го. Почна да јади стек и мелено после година и пол-две. Пробај мелено како ќофте со тиквичка и кромид, ако јади парчињ, мене така ми го јадеше.
Леле идам да се фалам има два заба Приметив кога му ги бришав непцато со крпа сабајле ама не бев сигурна, сега дефинитивно ги видовме со татко му. А деновиве пак многу е мирен и на спиење и онака, кога излегоа, не го сетив, чудо ете, нема правила. Од сите денови предходно баш деновиве не ми изгледаше дека заб вади.
Бебето убаво ми се најаде ама пиејќи вода се задави и нагло многу поврати, скоро сѐ, дали тоа значи дека сега ќе е гладно?/ Празно стомаче?