Мајки многу се исплашив, бебо во спиење почна да кенка да плаче ама малце и тивко и почна да зема воздух како кога се смируваат после плачење(не знам дали објаснив добро). Ова траеше 5 мин и еве уште одвреме навреме прави така. Како да заборава да земе воздух… фатив на камерче снимка утре ќе пратам на матичната, ама во меѓувреме некој да се соочил со нешто вакво? Не знам вечер како ќе спијам.
Ти личи како да сонува нешто страшно? И моето имаше една ваква случка, не се повтори од тогаш. Ќе помине,не се грижи.
Ништо не е не се секирај. Моево така почнува во сон и после се буди плачејки. А некогаш знае да се смири и да продолжи да спие. На почеток ми беше страв и мене, сега веќе утрпнав. Обично тоа се дешава кога сме биле во гужва, или запознал нови луѓе тој ден, или сме биле некаде и му било се многу ново и пак со нови луѓе, или кога премногу се смее и збеснува тој ден. Како вечерта да го преживува тоа и се вознемирува и плаче. Како да не може да ги испроцесира работите наеднаш.
Исти сме и ние од бебе што јадеше све сега се молиме еден саат да јадеме.Ако нешто не и се допаѓа научила да повраќа.И за бањање уживаше да се бања сега едвај набрзина ја бањаме плаче.И само мене ме бара..
@Bella_Stella можеш ли да ми пратиш линк од тоа дрвото што беше за исправување? Неможам никако да го најдам. Фала ти многу
Уф некој друг го имаше постирано, мене директно од продавница ми е земено. Иначе он многу го сака и му се радува, се исправа на него ама мораш многу да го пазиш. Ич не е стабилно дрвото, одма се обраќа. Како активити центар е ок, ама за да се исправа на него не баш.
Вие што имате бебиња и заспивале со цицање, а не прифаќале цуцла, како ги научивте да спијат сами? веќе три недели се обидувам да го научам да заспие сам, и навистина оди многу многу тешко... очајно ми треба совет, за денски дремки не можеме да пробиеме 45 мин. некогаш и 30. Да напоменам во 5 скок сме до среда ама и пред тоа нејќеше цуцла. најочајно ми треба совет
Според мене не е неопходно. Интересно е, ама еве моментално моето е во таа фаза и верувај повеќе се качува на рандом предмети отколку на дрвцето. Кревет, маса, тв комода, даска за пеглање, хранилка, рерна и слични активити центри.
Какво дрвце Бела? Не го хранам стриктно по блв ама имав обид да постилам мушама, ама не ми беше од некое фајде пошо секако треба да чистам отпосле. Е сеа дали мушамата, дали ламинатот исто ми е. Ако си со тепих, мушама е ок решение. Мојава е обична таква за маса.
Истиот период за бањање го имав и со ќерка ми,почна околу 9тиот месец и сигурно траеше пола година,почнав да ја бањам поретко,на секои 2-3дена и тоа заедно со мене во када па полека се опушти .Период му е ,пробај и ти со него заедно во када може ќе помогне.
Посебен пост ќе напишам за поголема видливост , ако треба администратори нека спојат. Колку пати ви цицаат 10+ месечни бебиња што имаат три воведени оброци? Моево цица сабајле кога се буди, а тоа е 6-7 часот, доручкува цврст доручек околу 8-8:30. Одам на работа во 9, доаѓам во 11ч за да го надојам, потоа во 13 часот ручек, па доаѓам пак околу 15ч за цицање (ова цицање не е цицање, тотално неефективно, џабе излегувам вторпат од работа), завршувам со работа во 17ч, 17:30 цица, 18:30 вечера и 20:00 кревет. Малку конфузно изнапишав ама се надевам ќе ме разберете. Прашањето ми е дали е океј распоредов, дали е доволен број на подои ова со оглед на тоа што не пие АД? И на мисла ми што од 13:00ч до кај 17:00ч е без цицање и јадење. Дали треба да променам нешто? Неодамна почнав на работа, важно ми е да си одржам лактација. Ми требаат искуства, немам пример со доење и тргање на работа околу мене.
Цица пред да стане, имаше фиксен саат ама сега му варира. Станува во 8:30, 9:30 има доручек, прва дремка 10:30-11:00, пред да спие цица. 1-1:30 руча, 4:30 цица, 7:30 вечера, 9:00 цица и спие. Навечер станува еднаш за да цица. Пет подои во 24 часа има. Четири часа од 13 до 17ч според мене е многу, ама зависи и до детето. Може во тој период да му нудат ужинка.
Моето само си бара кога да цица и секогаш кога сака му нудам, тоа може некогаш ќе е на саат време, некогаш на 3-4 саата. Никогаш не сум броела подои искрено. Кај мене ручекот е подоцна околу 3 оти тогаш сите јадеме, 9-9:30 е доручек, после ќе цица еднаш или два пати и има мала ужинка, нешто овошје или шмукалче. Накај 3 ручек и после пак цица неколку пати, вечера околу 8 и на спиење и пак цица. Мислам дека треба да скратам малце доење и јас оти изгледа ради тоа не јаде многу, а и вода многу пие и некако де заситува. Ама сепак кога се тегне накај мајца и ми брка со рачињата не можам да не му дадам. Можеш да поместиш ручек малце како јас што правам или некоја ужинка до 5, и мене ми се чини дека е долг период без ништо.
Јас мислам дека цицањето нема кај секое дете влијание врз тоа дали јаде цврста храна. Моето ептен си е ци*кар и немам намера да го кратам зошто воопшто не му влијае на оброците, јаде убава количина.
10 месеци е, цела вечер стануваше на 2 часа и плаче, а со спиење скоро секогаш е катастрофа, ама понекогаш е фатално, не се издржува веќе, што може да е? Или едноставно такво си е бебето.. убави ноќи спани на прсти се бројат