Во скок не треба да го учиш да заспива сам, почекај да помине. Ѕирни во темата Спиењето на вашето бебе, но секако треба да си најдеш твој начин во зависност од бебето. Има искуства од повеќе, читај поназад.
Цицаа сабајле околу 6-6:30 и потоа во 15:00 часот. Еднач околу 10-11 часот се одмолзувам рачно на работа, вадам околу 30 мл млеко. А он тоа време пие околу 100-150 мл АД. Потоа цица околу 17:00 часот. Па за успивање околу 19:00 часот. Потоа навечер во 1:00 по полноќ. И до 6 сабајле има уште два подои. Значи вкупно 5-6 пати и едно одмолзување. Се надевам дека ќе одржам лактација.
Нема зошто да не одржиш, често цица. Не знам зошто се молзиш, дали за да одржиш лактација или да не се преполниш. Ама ако ти е поради првата причина, сигурна сум дека и да не се молзиш на работа пак ќе си имаш доволно млеко.
Мајки хелпп, од кога почнавче со цврста храна, столицата на бебчо е многу тврда. Буквално се тркалаат низ памперсот како камења, толку многу е тврда. Давам водичка но не ми пие многу ја плука. Што би можела да му давам за да си е нормална столицата? На доење сме, гледам да цица почесто за да внесува течност, но џабе.
Мајки давајте совет Бебе буквално преку ноќ се смени. Навечер многу бара млеко да пие,на еден саат скоро може некогаш два. Плаче со солзи додека не му дадам. Овие 2-3 ноќи е така,пред тоа во 1 пиеше и сабајле во 5-6. Денски си внесува доволно храна и млеко.
Искрено пишав веќе во таа група и наидов само на паталци како мене. Ги читав мислењата наназад и можеби сум пропуштила некое мислење ама се што наидов е мајки на поголеми бебиња што цицаат за заспивање и што мака мачат. Еве ако грешам нека ме надополни некоја мајка. Сите други совети што делуваат на бебиња со цуцла кај моето не проаѓа. Ја прочитав и Precious little sleep, следам прозори на будност, апсоолутно се читам на темата и затоа барам помош тука со акцент дека најочајно ми треба оти се надевам дека ќе ме прочита некоја мајка на поголемо бебе што прошла низ истово и го решила проблемот
И кај мене се толку отприлика подои, ама едино таа луфтата од 13 до 17 часот не ми чини. Јас одам дома од работа околу 15ч ама тој не цицнува, ептен слабо, повлекува 2-3 пати и се трга и врти, пентери. Дали оти сеуште е сит од ручекот, не знам. Се секирам и јас за лактацијата оти сеуште не знае да пие од шише моево. А и плус не му се свиѓа АД, барем до сеа тие што ги имам пробано, Бебелан, Хип, Аптамил. Само за каши ноќни ги користам. Да молзам на работа немам услови. А плус што ќе имам и денови на пат ќе сум, нема да цица од 9 до 5 ни еднаш. Не знам, не сум паметна. Засилив со ЛактаМикс ама не знам колку ќе заврши работа.
Кога немав млеко ептен ми надојде од Хипп чајот за доилки во гранули (не кесички). Го има по аптеките.
Моето правеше вака некој период во скокот, па смени. Вајда е период, може заби? Колкаво е, како е со цврста храна? Може е гладно, што имаш воведено? Ќе се навикне, нормално е на почетокот кога ќе премине на цврста, давај каша од слива, тиква, мешунки.
Едно запче има. Скоро 9 месеци сме. Си јаде се што му давам. Вечера се уште немам воведено. Мислам дека доволно си јаде денски.
Пробај дади му вечера некој ден и ќе видиш како ќе реагира. Моето е скоро 10, воведов вечера на 9, ама моето не јаде многу преку цел ден, не е уште љубител на храна. Извади два заба пред некој ден и дефинитивно многу помирно спие и не ме бара цела ноќ да виси на града, цица еднаш ноќта и еднаш рано сабајле.
Не ти посочив случајно за таа тема, пред некое време имав пишано како успеав да ја научам, баш голем пост е и мака ми е пак да пишувам опширно, затоа ти пишав да читнеш таму. Чекав да помине скок и месец и пол ми требаше да го постигнам тоа со планот што си го зацртав. Сака трпение, упорност, јас си направив план на мој начин и беше без плачење, понежно. Види, можеби ќе ти помогне.
Ти благодарам мила. Што би можела да дадам полесна храна за почеток да видиме како ќе биде? Можеби и другите заби ќе ги вади незнам. Кога му излезе едното забче се смири буквално сега пак е исто како пред да му излезе.
Јас обично давам млечна каша од хип, микс житарици, таа е ноќна пишува на неа и ја попарувам со вода некоја минита, ставам некогаш малце пире од овошје за вкус ама не многу оти шеќерот знае да го удари во глава па да беснее ноќно време. Исто ориз варен со кокосово млеко и банана со цимет многу сака. Некогаш ако слабо јаде на ручек зеленчук, ќе му дадам за вечера печен зеленчук или варен со грчки јогур и така. Зависи од денот, ама кај мене вечерата ја јаде обавезно цела, за разлика од ручек.
Јас дојам околу 8:30, веќе не излегувам од работа на пауза порано кога беше помала излегував. Следното цицање е негде околу 4:30 најдоцна. И после до легнување има уште минимум едно цицање. Ќерка ми се буди и 1-2 преку ноќ и кратко цицнува. Немам проблеми со лактација досега. Знам дека тоа е индивидуално, ама мислам дека не би требало да имаш ни ти. Инаку ќерка ми обожава да цица, дури ме фаќа страв уште од сега како ќе оди евентуалното одбивање. А си јаде и оброци и се, не одбива. Ама цицката и е омилена.
Ај пробај да не му даваш. Кај мене од пробиотикот какаше цврсто не му давав една недела почна да кака нормално. Давај слива, круша, тиква, јаболче
Му даваш да пие од шише? И мојот не знаеше научи негде на скоро 9 месеци, секогаш му нудев шише со вода да пие после јадење, ја гризеше гумата, но малку по малку учеше, сега знае.