Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    888
    Допаѓања:
    1.111
    Пол:
    Женски
    И јас мислам немам млеко како порано ама па како воведов 3 оброка си цица поретко. И не ме загрижило тоа бидејќи сепак мислам дека му е доста. Јас сум пресреќна до сега што доев, сакам многу да цица ма и до 2 години. Ама ако нема нема. Си јаде се.
    Иначе и јас по препорака на Јасна така го пиев чајот кога беше бебе на ексклузивно доење. А по една чаша почнав да варам кога веќе имаше оброци и времето пред цицање ќе испиев една чаша тазе сварен како што пишува во кутијата и одма ми надоага/ше млеко. Пробај може повеќе ќе ти надоаѓа вака.
    За шишето те разбирам скроз.
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    806
    И мојата така правеше со главчето пред спиење или кога и се спиеше, сега е скоро 10м и не прави веќе така
     
  3. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.753
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    Од кога ти намалија млекото и подоите? Од скоро има и моето трет оброк, ама пак цица како порано. :?: Оброкот заменува подој, ама често знае да бара да цица и брзо после јадење. Јаде скоро сѐ и убава количина си изедува.
     
    На Nala37 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    46.472
    Пол:
    Женски
    7 месеци бебе, ми изгледа дека сака да ја исфрли 3тата дремка. Еве последниве денови само на 2 дремки е (по 2 часа му се двете), и 3та нема шанси да го успијам, секако пробав.
    Не му е малку рано за тоа?
    Лошиот момент е што од кога ќе стане, прозорец на будност му е макс 2,5-3 часа, па дремка 2 часа, пак буден 2,5-3 часа, пак дремка 2 часа, и следно е ноќно спиење што не е никако порано од 10 часот. :drunk:
    И всушност последниот прозорец на будност му е сигурно 5 часа, ама не покажува ни замор, ни желба за спиење.
    Дали е во ред да тераме вака или нешто да превземеме?
    Ноќно спиење му е околу 10 часа, и дневно вкупно 4 часа.
     
  5. Mila_Mia

    Mila_Mia Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2022
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    Моево на 7 ипол ја исфрли третата дремка само што кај нас се кратки и двете,некогаш по 45 мин спие некогаш и по 15 мин и се буди и нема шанси да го презаспијам. Навечер од 7 до 7 ипол максимум заспан е а станува во 6.

    Овие неколку дена ни е пореметено и спиење и се,незнам дали од настинката е или што.
     
    На kozuf и Luminary им се допаѓа ова.
  6. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    888
    Допаѓања:
    1.111
    Пол:
    Женски
    Подоите откако тргнав на работа. Не сум дома од 7 до 15 часот. Не тврдам со сигурност дека млекото намали, на секое цицанје си има млеко, голта ама пред да тргнам на работа цело време ми течеше на маици. Сега тоа не го приметувам. Иначе и бебе бараше да цица уште од хранилка што се вика се дур не почнав по калорични да му ги правам оброците. Посебно појадок, житарка и овошје него не го држи иако јаде количински. Затоа ставам авокадо, урда, орев, кмлеко зависно од комбинацијата за да биде похранливо. Одма се приметува разлика и по времето за цицање а и по батачињата богами:lol:
     
  7. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.647
    Пол:
    Женски
    Девојки, ме интересира дали на 9 месеци вашите бебиња бараат скриен предмет?
    Сега ми стигна нотификација од бебо апликацијата дека не сум ја ажурирала па гледам во достигнувања го има ова.
    Знам дека не се сите бебиња по книга, чисто ме интересира:)
     

    Прикачени фајлови:

  8. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    8.507
    Пол:
    Женски
    Јас би скокала од радост да има две дремки од по два часа. За два часа ќе завршам многу работи низ дома. А вака ништо. Моето е 8 и пол месеци има 3 дремки а треба да има две. По мое сте супер. Можеби е долг прозорецот на будност пред ноќно ама ако ти спие ноќе убаво, јас не би менувала ништо.
     
    Последна измена: 11 февруари 2024
    На 1209 и Luminary им се допаѓа ова.
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.753
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    И мене веќе некое време не ми тече, влошки носам ама 99% се празни. Не значи тоа дека ти е намалено млекото, барем кај мене не е така. Инаку на ред ми се јатките за воведување, болен беше па не беше момент баш. Со млечните производи очигледно си имаме мака, покажува реакција околу усте и баш ми е криво зошто има доста убави комбинации со нив. Појадоците ни се житарка и овошје, ама ручекот е секогаш балансиран и хранлив, а знае и после него да бара да цица. Може и не е од глад туку од навика. Еве денес пример за вечера имаше палачинки со јајце, банана, овес и намаз од боровинки. Изеде 6 и брзо после тоа бараше да цица. Може е жед во прашање зошто вода никако да пропие. Две голтки и после плука.
     
    На Nala37 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    8.507
    Пол:
    Женски
    Со водата имам исти проблем. Никако и мојов да пропие. Ако е на мене нема ни да пропие. А баш сакам да си пие вода. Нудам на секое некогаш ќе голтне некоја голтка и после со рачето го турка шишето.
    Си велам да почнам чај да нудам може ќе сака барем така ќе внесува вода на некој начин. Не сум паметна.
     
  11. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    46.472
    Пол:
    Женски
    @Mila_Mia
    Ви благодарам за мислењата:f:
    Ноќе супер спие генерално, освен ако нешто го мачи, но ако е се во ред си станува само за да јаде и продолжува.
    Обично првата дремка му е секогаш 2 часа, но спие некако ептен лесно па знае да отвори очиња, па морам да го гледам цело време, да го потапкам по газе и продолжува. Е ако втората му е кратка, некогаш 40мин-1 час, а станал рано дента, тогаш знае и 3та кратка дремка да има, е тогаш се журкаме до 23-24h. :D
    Тоа е мислам најдобро да го пратам, па ако сака 3та ќе спиеме, ако не, ќе играме.:D
     
  12. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.753
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    Јас немам намера да го форсирам. Пробав на секаков начин. Не е дека е заглавен како што беше на почеток, се научи да пие од шише и голтнува нешто ситно, сепак недоволно. Ама не се замарам, цица и од таму си прима вода. Кога ќе му се пие повеќе ќе си пропие. Чаеви да давам не планирам.
     
    На Panovic и Ceneva им се допаѓа ова.
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.034
    Допаѓања:
    45.963
    Пол:
    Женски
    Ако ти спие убаво јас ништо не би менувала, топ ти е времето на спиење и вкупното време на спиењњ, со тек на време вајда ќе почне порано да спие, ако не сака 3та дремка не го малтретирај, моето исто нема трета и прозорот на будност е долг, ама моево не спие ногу и јас сакам да е пократок тој прозор, но никако не успеваме, шта р ту је, јас ќе чекам сам да се среди, а ти ужувај додека си спие вака.

    Моево пак се потепува за вода, а деновиве и цица многу, всушност он исто цица и како пред оброци да има, како новороденче да имам, а не бебе. Некогаш сабајле се будам и осеќам дека максимално ме има исцицано, за млеко колку иам не знам ама секогаш кога стискам прска силно, устата му е полна млеко и активно голта, мислам ок е, вака ако продолжи не знам како ќе го одбијам. Внуката(братучетка му) уште цица а е 3 год, никако да се одбијат. јас искрено не сакам толку долго да дојдам, немам живци.
     
    На Nala37 и Luminary им се допаѓа ова.
  14. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.753
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    Не е до живците само, мене ми е неприродна таа слика толкаво дете уште да цица. И освен поврзаноста со мајката, бенефитите од тоа доење над 2 години јас не ги гледам, може грешам. И јас се чудам како ќе го одбијам мојов. Така слатко си мљацка, па почна и да ми брца во блуза кај ќе стигне. Мислам дека ќе е многу тешко, ама до година ипол-две ми е максимумот.
     
    На Nala37 и 1209 им се допаѓа ова.
  15. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    1.810
    Пол:
    Женски
    Немаш му скриено може затоа и немаш приметено, зему му играчка пред него со која се заигрува покриј ја со ќебенце и види дали ќе посегне по неа,и мојот е таа возраст не дава играчка ако му побарам,не прави браво или чао(ќерка ми на оваа возраст и пољубац со раче правеше),сега изгледа е насочен на исправање и движење тоа прави по цел ден,вие како сте со другите работи.
     
  16. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Долго време ме нема на темава, да чкртнам нешто.

    Многу работи ми тежат на срце, ама не ми се пишува. Периодов сме само по доктори, само прегледи, исчекување, прашалници…како некоја клетва да имаме се осеќам, цело време ама буквално цело време откако се породив сме со некој здравствен проблем.

    На почеток си мислев дека сум само параноична, хормонална новопечена мајка, ама за се досега инстинктот не ме излажал. Буквално за секој симптом на било кој од нас тројца, секогаш испаѓа најлошото сценарио. И уште кога ќе ми рече некој абе мала е веројатноста за тоа, значи готово, знам дека е тоа.
    Нека поминува периодов побрзо, оваа неизвесност ме убива.

    На темата, синко преку ден исфрли трета дремка и прозорите на будност му станаа бајаги подолги, прва дремка сега е 3 часа после утринско станување, до втората некогаш поминуваат и 3,5-4. Не го форсирам за нишо, кога му се спие го легнувам. Кога ќе ми текне која будала бев во периодот околу 2-3 месеци, ко слепец ја следев Хаклбери со тие потсетници за кога треба да заспие бебето, па ајде нишкај се со саати, а него очигледно не му се спие(facepalm) Ненормална, што ли си мислев.

    Со храната тргна на подобро работава, сфатив дека детево има таков тврдоглав карактер ( на мајка му ) и дека кога го форсирам за што било ептен се нервира и секогаш ама секогаш прави спротивно на тоа што се обидувам да му наметнам ( исто на мајка му ). Ако го терам да јаде сам, сака да го хранам. Ако го хранам, сака сам да јаде. Апсолутно е гурман ама со истенчен вкус, ќе тераме вака тоа е што е.

    За доење исто не знам како ни кога ќе го одбијам, си цица со таква сласт и пред и после јадење, шише не доаѓа во обзир, ад исто така, е кога ќе тргнам на работа ќе видиме како ќе реагира, може далеку од очи далеку и од срце е решението :D

    :hai::hai:
     
    На Nala37, Giovanna, Luminary и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.753
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    Морам да ја споделам со вас мојата среќа. Конечно вагата мрдна после толку време стагнација и бебе качи 400гр за 15 дена. Сепак има надеж дека ќе се подобрат работите и ќе си ја триплицира родилната на 12м. Искрено бевме загрижени, ама ете си доаѓа сѐ на место.
    Почна поактивно да јаде и парчиња, прав мал гурман е. Како си мљацка, да ти е мерак да го гледаш. Срцево планина! :inlove:
     
    На kozuf, Asja, elenaklasik и 15 други им се допаѓа ова.
  18. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    440
    Пол:
    Женски
    Да оди само нагоре гурманчето :inlove:
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.753
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    :hug:
     
  20. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.401
    Допаѓања:
    19.780
    Пол:
    Женски
    Ние се селиме тука, вчера бебе направи 6 месеци. Сега ми е маже што сака да седи сам, да јаде сам, да лази и само се удира некаде, со тоа главчето од што не знае што да направи од радост кога ке стигне до игтачката што му е најдалеку.
    5ти скок, спиеме со едно око, денски дремки се тераат подолго само ако јас сум до него, навечер се врти кај нас на спална што ме тера да се размислам да му ја вратам страницата на креветчето и да си спиеме сите мирно 8-|
     
    На Bella_Stella, Giovanna, princess5 и 6 други им се допаѓа ова.