Како лази? Мојов уште е на лакти и рине со главата. Во нозите е јак се крева скроз, ама уште не се крева на раци скроз.
Не лази, сака да лази. Ама пузи војнички, почнува со раце да се туска наназад, намерно му ставам играчка што ја сака или ја заборавил пред него подлаеку малку и почнува со нозете да го крева газот и да се туска нанапред. Не знам како подруго да опишам
Епа да и моето така. Се дига на прсти на нози и на колена и се влечи накај стомакот. Со нозите супер прави ама треба да ојача во рацете.
Не значи дека ќе пролази на сите четири. Моето има 10м, одамна ‘пузи’, еден период застануваше на колена и раце како за лазење, ама само се клатеше во место. Моментално е фокусиран ма друго, научи дека може да стои и се исправа кај стигне. А уште си лази војнички.
Мојот "правилно" пролазе кога ми побегна гол на паркет Да видиш како инстантно се крена на раце и колена И од тогаш веќе не се врати на војничко лазење.
Како спијат вашите бебиња откако почнале да се исправаат во креветче? За моето е рано да излезе од бебешкото креветче, но имам замислено да му ја преуредам собата и веќе од 10,11 месеци да го ставам во кревет на земја. Дали некоја има искуство?
Бела ко да читам се за моево бебе, од килажа до војничко лазење и седење. Не лази правилно ама лази како војник е премногу брза, сеуште не седи стабилно мислам сама уште нема седнато. Ама затоа има качено 600гр во 9ти месец дури и не ми се верува. До кај сте со седењето?
Малку е помалечко твоето или грешам? Не и се секирај ќе си седне, сигурно е фокусирана на друго. Моево преку ноќ се стабилизира и почна да си седи негде отприлика откако наполни 9 месеци.
9 месеци има, не се секирам зошто во столче сама си седи на 90 степени, наслонот е на 60, па самата се крева исто и во количка на 45 степени и си се крева сама.
Значи како да тргнам 3та дремка??? 9м сме, кога и да стане сабајле,колку и да ја држам пред спиење будна, ако ја легнам накај 8ипол-9 мора да стане и седи до 11,12. Еве сега заспа. Не е нормално ова. Не знам каде грешам.
По колку време и траат дневните дремки? Син ми е 10+ и сеуште има три дремки, вкупно време на денски сон му е 2 до 3 часа, најчесто 2 ипол. Навечер спие околу 11 часа во просек, со 1 станување за да цица. Легнува во 9-9 ипол, станува во 8 ипол. Јас немам намера на сила да му тргнам дремка. До сега сам си диктира темпо и супер функционраме.
Знам дека неможе на сила ама не ми е нормално бебе да заспива во 11. Дневниот сон и е околу 3часа преку ден. Сабајле станува накај 8,8ипол.
Пробај скрати и по 10 мин од секоја дремка, буди ја. Вкупно денски да спие 2 ипол часа. Па ќе видиш дали ќе има промена. Друга идеја искрено немам.
Веќе 4-5 дена се ‘буди’ во фиксно време сабајле околу 6-6ипол. Не е буден, со затворени очи само се врти, ротира, се мести, ем спие, ем не спие. Па по некое време ако не ми успее да го смирам отвара очи и се презаспиваме саат време. За јадење не е зошто претходно станува околу 4 да јаде и одма си презаспива. Нудам и во 6 кога ќе стане, цицнува ама не се смирува. Не знам до што е, дали заби можат вака да го мачат зошто си има изразени симптоми од нив преку ден. Има ли некој вакво искуство?
Јас да прашам во однос на јадењето. Бебе е 7 месеци, пие АД 5 пати во 24 часа, по 170мл. Имаме воведено доручек и само што почнавме и ручек. Кога бевме на педијатар минатата недела, ни рече да не даваме ад повеќе од тоа. Но последниве неколку денови ги пие 170мл(150 вода+ад) и плаче за уште, ми е греота да не го оставам ненајаден. Дали да давам по 200мл(180 вода+ад)? Не верувам дека секогаш ќе испие цело шише, нема да надминеме литар секако. Но размислувам, 2 оброци храна и 1л ад, да не е многу?