Кога одат во висина стагнираат во тежина , првата едвај 10кг беше на 2 год, втората на 2 год 12 кг.Никогаш не кажа др дека се слаби.Големата е 7,5 год и е 21 кг стпче високо ,а слабо.Ама генетика е во прашање и јас и мм сме биле слаби како деца. Немаш потреба од грижа .
Моето од 6 до 9 ипол месеци качи само 600гр. Нема ни 8кг, роден е 3100, на возраст исти се со твоето. На почеток се фрустрирав, околу нас па како се погодија се помали а крупни бебиња, а он ситен. Ама најважно ми е што е здрав, има апетит и си напредува во психофизичкиот развој. Сѐ друго некогаш е само бројка. Не се сите деца исти.
Кај мене скоро 11 м ќе прави 8.200 е,во висина е порасната. До година нема да ја триплира родилната,ама кај мене не застанува ни една секунда оди,за јадење си јаде и тоа убаво си јади,ама на неа не става ништо ,а не изгледа за слаба.
Епа и моето е исто, како во струја да е брцнато без престан, а и што не спие убаво и многу. Него луѓе кај нас не можев никаде да најдам пилешко домашно, барав по селата и никој не продава, во маркет има свежо ама не е домашно, да дадам такво или сепак не?
Јас давам такво. Домашно за лек нема. Си чуваат за нив, не продаваат. А да не му давам ич ни тоа не ми е опција. Ретко му правам ради таа причина што не е домашно, ама сепак му воведов.
Јас домашно не најдов а купечко не давам и ден денес ,14 месеци сме. Едноставно ми е шубе ,буцани се со хормони и само преку готова каша и го давам.
Моето исто е ептен активно. Не оди, ама по цел ден е на земја, се исправа кај стигне. Мирен е само кога спие. Не изгледа и он слабо, само споредено со бебиња на негова возраст е поситен.
И јас давам од каша чат пат, ама не ја обожава. Мисиркино исто не најдов, телешко наоѓам. Жими се, се мислам да земам 3-4 пилиња да пуштам кај дедо ми во дворот нека раснат
Tips and tricks за ставање на ВитД капки директно во уста? Еднаш само ми успеа, сега не отвара устето за жива глава. Да пробам со пипета или слично, ама како да измерам 4 капки точно?
Фаќам кај уста од страните и малку ја стиснувам да ѝ се направи како патче, не знам како да објаснам поинаку И во тоа минијатурно дупче капнувам. Некогаш поотворено ја држи, а некогаш па едвај има каде да капнеш. Претходно вадам капаче и силно дувнувам во шишето за да капе побрзо. Пливит давам. Во лажиче не сум ставала Д3, само пробиотик. И гледам непосредно пред јадење да дадам, тогаш поголеми се шансите да подотвори уста.
Јас давам вигантол и капнувам на цуцлата и му ја ставам во уста. Инаку свесен е дека давам капки и радости е кога го гледа шишенцето од капките . Пробај така
Само мое бебе ли се радува на капки? јас на бебитол во уста му ја капнувам, а пливит д3 му давам на лажичка ама не се мршти, шо знам ваљда навика ни е сабајле станување пресоблекување, миеме лице, идеме у днева и он ме чека на тросед јас земам од фрижидер и му давам се со ред, после на крај ја добива лажичкта за играње
И моево, а види лажичка, пресреќна е. Па што сака нека има во лажичката. Јас и дијагноза ќе барав за нештото, да не има некој проблем што буквално за се отвора уста да проба