Малата 10+ од кога почнав на работа, некако почна многу работи да не јаде, а претходно без проблем ги јадела истите. Дали чувствува некоја промена не знам. Зеленчук, месо едвај неколку лажички. Некоја мајка со слично искуство. Бидејќи оброците веќе ни се сведени на едноличен избор
Од пред некое време почна кога лежи на меше и си игра да ја чука ногата од земја. Некогаш и кога седи во столче на подлогата за нозе ги чука. Има ли простор за грижа? Прават ли вашите вака?
Оооо моето не да чука растура. Никогаш не ми дошло да си направам филм околу тоа. Уживај ништо не му е.
Не си прави филмови, нормално е тоа што го прави. Поголемиов освен со една, знаеше и со двете нозе наеднаш да мава од земја горе-долу. И само се чудевме со мм како не го боли така да ги треска. Секакви работи ќе прави.
Исто и моето така, со двете, и со раце и нозе. Обично од возбуда/радост така реагира. Немаш причина за грижа.
Баш со сета сила мава. На столче мава со двете, а на земја со една. Да и моето малку помало кога беше ги мрдаше и рацете и нозете во исто време кога беше возбуден и среќен.
Мамички имам поголемо дете кое пие многу малку течности и сега ај да ја изправам грешката да не ми биде и бебево исто и нудам често, но таа е 10м цица и ретко прифаќа , кога сака влече и од цевче и од чаша ама многу малку . Колку водичка би требало да пие на 10м? Само доено бебе, сокови исто не сака ни пак чаеви.
Може такво си е детето има и такви и такви случаи.пробај крушка и јаболко по пола свари ги и процеди ја таа водичка дали ќе ја пие. Јас така знам да и дадам кога ми одбива вода и пие. Има денови кога и 150мл пие, има денови кога несака. Првото ми пиеше повеќе. второво е 7+++
Единствено што некогаш сака е цеден портокал, а и со храна сме многу лоши, ручек никаков не сака. Се се меша со павлака. Со големава немав проблем за јадење а со малово се е хаос.
Не знам дали е нормално да не се замарам што беблево мое не пие вода? Јас не пијам вода, ич немам навика и не ми ни бара организмот. Бебе исто не сака па си викам цица + АД и внесува течност, валјда му е доволно.
Мамасити давајте совет. Не можам да го издржам будењето на синко во последните две недели по 4-6 пати ноќе. Ништо немам спиено. Се тресам веќе цела. Ќе го испуштам некоја вечер од раце. Не сум паметна од што се должи ова негово будење. Не е во скок. Дали се заби во прашање не можам ни тоа да кажам, не гледам на повидок. Знаци дава вака за заби. Глода агресивно да не кажам, си ги влечи ушите. Кажете некоја цака како да го презаспијам без да го земам во раце. И болките во грбот стануваат се по неподносливи. Си имам баш проблем. А не ми е решение нон стоп лекови да пијам.
Регресија во спиење околу 8миот месец. Уште имам трауми од тогаш. Имаше денови и на половина час се будеше.
@Mandela @Bella_Stella знам дека има во 8 ми месец регресија. Се надевав дека не е тоа, ама изгледа е. 4 месец не фати таа регресија, аман аман мора ли сите . Ама ова е многу полоша. @Mandela колку трае ова лудило?
Мојов ниедна регресија не го промаши. Ама оваа дефинитивно беше најхаотична и најдолго траеше, скоро месец фати Ај кај вас помалце нека трае.
Со првото вака не се нервирав , цицаше и мислев доволно и е .амаа таа си продолжи исто , сега е 4 години, ако не ја терам со сила доброволно нема ни чаша сок да испие а не пак вода.