Раце ми паднаа, и по цел ден ме болат, како воспалени мускули. Де јас, де маж по цели ноќи, трае ова. Нема и мојата заби. Ја мачат. Една финта ми успева кога плаче ја легнувам во дневна и се мењаме до неа и шшкаме , цуцла ставаме, пејме. И тоа ја смирува, па за 1 час пак исто. Гел мачкај на непцата. Не ме одмина и второво, исто во ист период сум пишала и за првото. Плаче, вриште болно Со 3-4 часа сон функционираме и работиме. Страшно
Јас тој период спиев со него на спална. Додуша мојов презаспиваше само со цицање тој период, на сат-два се будеше. Ќе се разбудеше, ќе цицнеше, ќе се гушневме па ќе презаспиеше. И ова не е идеално пошо ако си ко мене и ти треба време за да презаспиеш ќе имаш 40 мин-1 час ефективен сон ама бар нема да мора да го земаш во раце.
Исти сме. Станува, се исправа, мислиш време е за играње. Јас се правам дека спијам и давам да цица, па некогаш се успива.
Мака мачам со презаспивање јас од болки во грбот. И ништо не спијам. До мене да спиење не ми е опција. И да најчесто со цицање го презаспивам. @Sun&Moon ооо се правам дека не го гледам само еднаш во тие две недели заспа сам и тоа со фацата залепен на оградата гледајки да ми привлече внимание. Само кажете дека ќе се врти во нормала инаку ќе скренам.
Абе глава од комода си чукаа, за нозе да не зборам Значи ќе прави чудни работи милион, навикни се да не се замараш Од времето кога го пратев секое нивно движење една дешавка, едниот цело време си ја отвараше затвараше дланката и јас утрипана читам мислам се нервирам и се фаќам како ја отварам и затварам дланката цело време. Си се изнасмеав на глупавоста
За секакви работи се секираме, тоа е неминовно. Еве го 4 ќе прави, и уште го анализирам Па и смеењето сме му го анализирале бе Сега сум малку поопуштена со второво, мааалку поинаку ми е. И мм ме зафркава, на секое ме прашува за нешто да не е лош знак. Малава од пред 3 дена прави браво со рачињата, си ги плеска, тој ме прашува да не е лош знак. Игра „ѕе“ со поголемото, му се крие и му се појавува со смеење, тој ме прашува да не е лош знак.
Еве денес главата ја криви на лево. На Бадник кога вечеравме така почна да прави, се смее и ја криви. Денес после толку време пак почна.
Добро, дали вашите бебиња кога ги заспивате ве фаќаат по уста? Ај што ме фаќа за уста, ми бута прсти внатре, тепа, гребе, штипе. Ако и ја тргнам раката плаче ко да ја тепам. Небитно дали ја нишкам или лежиме на спална и се галиме. Секое успивање е истото. Знам дека и е можеби начин за смирување, и пробувам да и дадам на пример ќебенце за гушкање или и ја земам раката да ме гали ама џабе е. Веќе неколку месеци трае ова, стварно не знам како да ја одвикнам.
Да. Коса, обетки ако имам, во нос ми брка, во уста. Сум пробала да му ги гризнам нежно прстињата, се кикоти не се трга. Општо си е ‘чепкач’. И кога цица ако сум само на маичка или градник ми ги тегне рамките, си игра со нив и си мези. Такво си е детето, јас не се ни трудам да го одвикнам зошто видов дека не може. Еден период многу ме кубеше, сега нон стоп сум со собрана коса кога го успивам. Бакенбардите ми се искинати од него, како некој чичко сум.
Хаха ова како некој чичко сум така слатко ме насмеа. @Thinkerbell. Инаку и мојот ме тепаше и штипаше. Сега си најдов цака, ја држам цуцлата за рачка и му ја давам да ја фака во рацете и цело време неа ја фака и фала богу лицето ќе ми остане читаво. На два пати крв ми пушти колку ме зграби и изгреба. Пробај нешто такво може ќе упали
Не ја заспивам, но секој момент кога сме заедно, таа ми пика прсти во уста, ме плеска по фаца, ме гребе и цела фаца со корки од крв ми е. Кога пие млеко, тогаш најмногу прсти во уста ми пика, во нос ми брца, ме стиска на нос со показалец, па ќе ме мавне... Во раце кога ја држам, со едното раче обавезно ми фаќа коса, ќе најде влакно и го тегне, па на крај ќе скине, ме скубе постојано иако коса носам врзана со години поради поголемиот и сега поради неа. Позади кај вратот ќе најде некое покусо што не се фатило со стегачот, го тегне со прстиња и кине. Со рамки од маица редовно си игра, мора значи нешто со раце да прави. И кога ја пресоблекувам, таа со раце мора да дофаќа нешто, да држи, а ако нема што во близина да дрпне, зема и со нозете и со рацете си игра.
Негде читав или гледав дека тоа им е уствари начин на искажување affection и благодарност кон мајката. Решив да верувам дека е така.
Ние уште не сме во 7 скок рано е. Здравје 9 март влегува во 7 ми скок. Ова што се дешава кај нас веќе две недели е друго. Ама излудев еве 5 ти пат од 9 часот станува. На секој час. Ми се спие ми се плаче. До сега со скокови не сме имале мака освен трети и ке го паметам. Да се надевам така да остане. Ама затоа ова регресииве на сон се лудило на најјако
Таа регресија цел живот ќе ја памтам. 3,4 недели се будеше на секој саат со плачење, викање. После имаше и период кога ќе се разбудеше сред ноќ и за жива глава не сакаше 2 саати да презаспие. Утеха нема... стисни заби, поминува се.