Фала ти Оли, така ќе направам. Колку отрпилика треба да има простор од палецот до крајот на влошката? Го тупам малце, ама ич немам искуство.
Не го тупиш, нормално прашање е. Јас сум заборавила да напишам, не се сетив дека ти е првпат Да има 1 прст.
Оли ќе се надоврзам и јас. Да и нацртам ноџе на хартија и да измерам од палецот до крај. И после како да рачунам за бројче?
Мојот се уште има три дремки. Никако не успевам да му скратам и се откажав. Кога ќе биде спремен сам ќе ја скрати. Ама ноќе што не спие ми паѓа претешко. Дај боже што побрзо да помине.
Црташ ноџе, сечеш и во патиката го ставаш, па од крајот на листот до крајот на патиката да има 1 прст простор. Со ленир измери го листот (или стапалото) за да знаеш колку цм е, а патиките имаат пресметан прст. Еве, на пример, на сајтот од Спорт Ријалити кај бројчето стегаш и покажува сантиметри на стапало. Во случајов, број 21 е за стапало 12 цм.
Јас дека купував на лице место имаше патичиња Nike како што купив ама друг модел, бројче исто 19 ( тоа е најмало за машки модели ) ама ногата немаше шанси да му влези. Многу е битно горе убаво да се отвара. Посебно ако има како моето крофни стопалца Инаку пробав да му го нацртам стопалцето на хартија како што пишува прописно дека треба ама синко не соработува и ништо. И се откажав. И затоа на лице место му пробав. И малку има луфт напред пред палецот што е ок.
Тоа мислев, да измерам и да нарачам. Значи ако измерам пример 12 цм да си нарачам патика 21 број, тоа ме интересираше. Фала ти многу
Првото дете имаше високо небо на стапалото и ништо не му одговараше, одевме во продавница да проба единствено овај модел му чинеше, секоја година го купував истиот само 1 број поголеми.
Самото ќе си покаже кога му е време за кратење ама сепак гледам дека и тоа е процес кој може да трае 2-3 недели додека целосно не ја тргне. Првиот прозорец на будност мора да е подолг и барем едната дремка (по можност првата да е час и пол), па наредните два прозорци да се 3, 3 и пол часа. Инаку џабе е сè.
Овие се Адидас, Најкот имаат поинаков калап. За секој случај проверувај си кој број на колку цм должина на стапало одговараат. И да згрешиш, ќе замениш, гледај за секој случај и помал/поголем број дали имаат на залиха.
Значи потешко од бебе нејадач немало.Абе нејќе ни да проба.Со сила и отварам уста да и пробам барем,се мршти и ја врти главата.Во првите недели барем овошјето го сакаше,сега ништо ни овошје ни зеленчук.Купив и готови од Hipp,Nutrino само што ги пробува затвора уста и ако ја молиме плаче на цел глас.Само вода и се пие и тоа од чаша,и цица по 10 минути на 3,4 часа.Тежок случај ни испадна третово
Сигурно се фрустрираш, кој не би. Ама ќе си се разјаде. Не знам колкава е, ама стартот не значи ништо за тоа како ќе јаде во иднина. Нека си цица колку сака, ‘со сила’ само уште поголема одбивност ќе и се створи. И онака млекото сеуште е најважно за неа.
Имам неколку прашања: 1.Кога прв пат дадовте белка? Дали се дава исто како жолчката постепено? Зошто се дава покасно? 2. Кажете некоја едукативна играчка што задржува внимание за 9++? Фала ви
Прво дадов жолчка во тек на една недела, преку еден ден, пред да наполни 8 месеци. Првиот ден 1/8, па 1/4, 1/2 и цела. Следната недела дадов белка, прво пола, после цело јајце. Белката се дава покасно зошто се смета за посериозен алерген. Меѓутоа препораките се сменети и затоа јас решив да дадам порано.
Дали се потат вашите додека цицаат? Моето првите два три месеци се многу потеше и плус топло време беше, после престана, сега 6 месеци има и пак многу се поти додека цица. Косата мокра.
Дадов во исто време на 6м, сега редовно давам во се цело јајце. Едукативна играчка никоја Апсолутно ништо не му задржува внимание од играчки, само се што не е играчка, може да пробаш со разни шпатули и канчиња да тропа, тоа моето го сака. Едукативна имаме неколку книги што ги разгледува ама ништо значајно. Да, не секогаш ама ако е топло дома се поти.
Да, не секогаш ама знае да се испоти. Колку често даваш цело јајце пример во мафини, палачинки, полпети итн? Многу убави рецепти за finger food содржат јајце и не знам колку е ок да се дава.
Преку еден ден, а некогаш може да де погоди и два дена по ред, пример ако сум правела банана леб со јајца и давам и за вечера и доручек. По препораките од педијтарот во Лондон се може да се дава секој ден. Освен нели мед, шеќер, сол, се останато апсолутно е во ред според нив да даваш секој ден или да даваш во ист ден месо и јајце пример.