Јас па се устручавам ради тукашните препораки. Ама сега баш се зачитав и на светско ниво сегде пишува дека слободно може да јаде по едно јајце дневно, само да биде во различна форма. Кажувај рецепт за банана леб. И друго, какво пченкарно брашно користите? Сакам проја мафинки да направам.
Печено просо пред 4 год хит беше на форумот, ама мислам во др тема за над година беше, просо 2-4 лажици се вари, потоа се става во некоја мала пајнца за печење јас во оние од братство печам, ставаш сирење, јогурт можи и павлака, јајце 1 цело, па се се меша и се печи, има и малку пециво ама немора тоа да се става. Горе сусам ставам, ко ќе се зарумени е готово. Ко бев на диета ми беше омилен оброк и мене и ден денес си го јади големиот, мн е вкусно. Бебе мое нервозно со непцата
2 Јајца(М големина),околу 250гр овес крупен, 2 банани(мали банани), малце пециво, боровинки или малинки, лажица грчки јогурт, мешам се во блендер или сецко зависи што ми е при рака, ставам да се пече околу 40мин на 180 со фен. После чекаш да се излади скроз оти во спротивно е влажно многу од бананата. Овошјето го ставаш откако ќе изблендаш. Некогаш ставам и какао, цимет и јаболка, мелени јатки, кога како ќе ми текне ама секогаш успешно излегува и секогаш го јаде. А брашно јас обично земам од маркет.
И со палента, спелтин гриз има мафини, разни комбинации се прават штом јаде парчиња. Едвај чекам да ѝ давам ваква храна. Пченкарно брашно земам органско од Зегин. Ова ми е доста правено: 1 јајце 2 лажици спелтин гриз 3 лажици палента малку прашок за печиво малку масло или парченце путер јогурт во шољичка за кафе рендан морков рендана тиквичка (не се процедува) малку брокула Се пече околу 25-30 мин на 180 степени, си зависи нели од рерната. 1 јајце 4 лажици јогурт 1 лажица маслиново 3 лажици пченкарно брашно 80 гр урда 1 лажичка прашок за печиво Се пече околу 30 мин на 200 степени 250 гр урда 2 јајца 150 гр јогурт 30 мл масло 30 гр палента 30 гр спелтин гриз/брашно 40 гр пченкарно брашно 6 гр прашок за печиво Намали си ги за дупло меркиве ако не јадете сите од ова. Преполна сум со рецепти од претходно, не можам да стигнам да ги испробам сите.
Колку што се сеќавам, кога воведов јајце, во почетокот се држев до 1 јајце неделно, за ручек му давав во денот што го определив за јајце, а другите јадеше месо и еден безмесен ден со мешунки. Потоа давав јајце пак еднаш неделно, но и вакви некои печени работи во текот на неделата, но ич не се сеќавам кога беше тоа. Понатаму веќе не се замарав. Треба да ја ѕирнам книгата каде што сум запишувала што јаде, се сум заборавила.
Исто и јас како тебе на покеток. Ама сега кога веќе јаде парчиња, многу опции за таква храна содржат јајце. И се мислев колку е нормално во текот на неделата да изеде, без да се претера. Негде прочитав дека е ок преку еден ден, не знам дали може пример едно јајце дневно, со тоа што би било во трагови во палачинки, мафини, проја и сл.
Мислам дека нема гајле, сепак 1 јајце нема да изеде цело ако направиш 10-12 мафини, на пример. Ако ти е шубе, имаш замена за јајце и за солени и за благи работи. Јас со јајце од лен доста сум правела, а може и да зголемиш малку количина на банана и да го изоставиш јајцето. Eве пример како може да се замени јајце.
Дечки, бебево од кога почна да седи постабилно, не сака воопшто во легната положба. Дали е нормално? Лежи можеби макс половина час во денот на подлога, освен тоа цело време седнат сака да е. Да го оставам во столче, мислам цел ден ќе седи и ќе се радува.
Нормално е. Кога ќе заоди, помалку ќе сака да седи, а да не зборам за лежење И мојава е пресреќна кога седи
Ги тегнат ли вашите бебиња вака рацете кога се во седечка положба? Ова го прави последниве денови,до толку се тегне како вежба за истегнување да прави Го правеше и вака кога лежеше на стомаче,но сега упорно го прави седнат.
Легната на меше да, правеше, но седната не сум ја забележала. Можеби по навика, не може да верува дека си седи и дека нема само лежење, па продолжил да го прави истото
Лежејќи да, седејќи не сум приметила. Него што е ова кривење на главата на едната страна и тоа се на истата, на лево. Не знам зошто така прави.