Не знам не приметувам дека има мака со увото. Не го тегне, не пробува да се чеша. Само ја страни главата. Ова го прави обично кога е на хранилка и при крај со јадењето. Прв пат почна на Бадник дур вечеравме после престана и деновиве пак почна. Не можам да дешифрирам само што значи, ако воопшто значи нешто. Прво ми беше слатко, ама сега веќе се загрижувам.
Пишав и на Ортопедски прегледи ама ајде и овде бидејќи темата ми е поактивна. На првите два ортопедски прегледи сè беше во ред. Ја однесовме и минатиот месец на ортопед (на 7 месеци) бидејќи уште не седеше и ни рече контрола за 1 месец и дека не седи дека не сме ја ставале во таа позиција и да почнеме да ја ставаме во седечка положба и да седи подолго на стомаче. Ние не ја седнувавме (освен во хранилка), а на стомаче си седеше, секогаш е на под дали на грб или стомак. Е сега, бевме денес на 8 месеци и ни рече ќе мора вежби еден месец бидејќи мускулатурата на грбот и била слаба. Според неа ептен доцни со развојот дека не седела самостојно на 8 месеци. Па да прашам дали некој се соочил со нешто вакво или слично?
Ги тегне назад кога ја држам во раце. И секогаш ѝ ги прибирам нанапред, не знам некако не ми се допаѓа тоа, мислам во навика да не остане.
Ние бевме на преглед на 2 и на 6 месеци. Мускулатурата на бебињата се ујачува кога се нон стоп на земја. Нема потреба од форсирање со вежби, освен нормално ако има потврдени индикации за тоа. Моето бебе до 9 месеци не седна стабилно. Ако го ставев да седи клапнуваше напред и на страна. А беше и уште е нон стоп на земја. Само што наполни девет месеци буквално преку ноќ почна да седи, а секој следен ден беше сѐ постабилен. Моето мислење е ако не му веруваш доволно на докторот пошто така ми изгледа од постот, да одиш на уште една консултација кај друг доктор. Не знам како установил дека има слаба мускулатура. Ама ако тој заклучок го донел само врз основа на тоа што уште не седи, тогаш тоа е апсолутно неисправно. Син ми сега има скоро 10 ипол месеци и не само што седи, станува, се исправа и готов е да прооди. Знам дека си загрижена и јас бев. Но мислам дека нема потреба.
А баш мислев да пишам пред некој ден за седењето. Блиски мои уште на 5месеци го држеа детето за да седи само затоа што време му било. А може и 4 да беше, ако не се лажам. Има ли правило од кој месец треба да се става дете да седи? Дали се следи детето како реагира, како се подига или мора да се форсира? Моето е уште една недела па 7 ќе полни, сега пред некој ден од полулежечка почна сама да се исправа, се клати натаму наваму ама и се држи, се труди, интересно ѝ е. И страшно ме нервираат коментари а уште не ја ставате да седи, па кога ќе почне да седи. Коментарите се од пред два месеци. Според мене нема исти деца, секој си е свој на свој начин, некој порано, некој покасно.
Апсолутно нема правило. Како што кажа и сама секое дете си е приказна за себе. Има некои временски рамки да, ама како и за сѐ друго така и за седењето, некое порано, друго покасно ќе седне. Се смета за ‘нормално’ до 10 месеци најкасно да седнат самостојно. Јас сум многу против форсирање од типот на редење со перници, упорно држење во раце итн. На скоро пет месеци почнавме да го исправаме на 45 степени во количка, ама на многу кратки интервали. Од причина што кога шетавме сакаше да биде исправен и да разгледува. На контролата на 6 месеци јадрата беа оформени и докторот ни даде зелено светло кога го држиме слобоно да го држиме седнат, во количка да го исправаме итн. Ништо освен ова не правевме. Како што кажав и порано и јас бев со бубачките во глава зошто не седи. Ама од оваа перспектива гледам дека било без потреба. Сам си седна кога му дојде време и нигде не закасни.
Да, мислев да побарам второ мислење нареднава недела. Не почнувам ништо без второ исто мислење. Да и моето клапнува напред или во страна, а според неа МОРА барем неколку секунди да поседои. Мислењето е донесено само врз основа на неседењето.
Зошто бе вакви доктори ццц. Можеби моментално е фокусирана на учење друга вештина и затоа сеуште не седи. Ова секако не значи дека има слаба мускулатура ниту пак негде пишува дека МОРА да поседи неколку секунди. Оди на второ мислење за да бидеш мирна, ама пази кај кого одиш.
Ние бевме на 2 ипол месеци и на скоро 6 и тоа 2 пати зошто на државна др го виде на ехо само рњче супер и после излегов со еден извештај ко книга. Утредента на приватен отидовме, ништо не ни рече за мускулатура или седење сам докторот. Ехо на колкчиња стапалца му гледаше, дали седи на земја ме прашуваше и јас баш прашав за седењето дали може да подседнуваме зошо се тегли. Докторот ми рече ништо да не биде форсирано, или намерно ние да го тераме го зема го седна он, бебе клапна нема сила да се држи главчето во нозе го однесе. Кога ке биде спремно бебе само ке седне.
9.5 месеци и сеуште не знае да седи самостојно (сам да се донесе во седечка положба). Јас не сум во Мк, според тукашните препораки до 9 месеци треба да знае сам да седне. Кога седи тоа е скроз стабилно (благодарејќи на фактот што седи во хранилката, а едно јадење ни е 40 мин ). Иначе не го ставам во седечка позиција и за тоа главата тапан ми ја направија домашните, демек затоа не знаел, бидејќи не сум го седнувала. Нејсе, бевме и на ортопед и на физиотерапевт тука и заклучокот на двајцата е дека се е во ред, “проблемот” ако може така да се нарече е комбинација на мрзливост и страв. По природа си е таков, мрзлив Кога е на под, воопшто не се напрега да достигне до подалечни играчки, секогаш се заигрува со тие што се најблиску. Ама затоа гледам дека прилично детално ги игра тие што му се тука, во тој поглед развива други вештини според мене. Од седечка во лежечка има страв да се пушти, функционално нема ништо што би го спречило. Совет од двајцата беше освен во хранилка, да не го ставаме во седечка позиција, цело време да е на под за да вежба мускулатура и движења од типот на свиткај-исправи колена, кои се дел од целокупното движење потребно за да се стигне во седечка позиција. Да лази за да јача раце итн. Ова е наше искуство, и јас бев многу загрижена бидејќи мислев дека проблемот е нешто подлабоко, но ете кај над испадна баш “такво си е детето”.
На 6 месеци контролата виде докторката дека колковите се во ред и само "дозволи" да го ставаме во хранилка, да го прудржуваме во скут малку седнат и да го возиме во количка на 45. Рече на 9мес се очекува да седи сам.
Јас не ја ставав во седечка положба "да ја вежбам". Под агол од 45 во хранилка од 5 месеци и во количка. Сама си се фаќаше и се исправаше ама стабилно не седеше. И да ја ставеше некој да седне (ова беше од постарите ко ќе пробаа ) си паѓаше доле нанапред со рачињата и си лежеше на меше. Во принцип ако нешто не прави сама, не сака воопшто да го прави. Еве и сега, се исправа и пушта чекорчиња исклучиво сама. А на пример да се исправи на мене и да и дадам рачиња не сака да направи чекор него одма седнува на газ и продолжува да лази. Ова ми е доказ дека ќе прави она што сака со темпо што она го диктира и како се осеќа сигурна во моментот. Совет од ортопед ми е да е на под и дека така се ќе научи. За седнувањето самостојно, она научи да седне сама од меше. На меше се врти, оди со рацете назад и седнува. Од лежечка позиција на грб уште не знае да седне. Ако има за нешто да се фати, пример ако и дадам раце, ги фаќа цврсто и се тегне нагоре и ќе седне, ама сама уште не. По мене има деца и деца, не се сите во калап. Едни побргу развиваат моторика, други пак други вештини. Се во свое време. Еднаш кажав, им се мешаат на стариве годиниве зошто не е можно сите да сме биле толку напредни. На страна што не форсирале па пола се со болки во грб и искривени рбетни столбови, ама тоа друг муабет е.
Плус една мајка на мрзлива ќерка. Колку само ја мрзи едно чудо е. Мене ме нервира страшно. Сега и хистерише на играчките кога не и идат да ги дофати Којзнае кога ќе седне. 7 ипол е. Никаков интерес ни да почне да лази, само се врти во круг. Шо да кажам. Да е жива и здрава. Со што миете заби? Паста некоја или само со вода? Четка или напрсток? Флуор екстра земате? Јас само вит д и пробиотик внесов пак. Толку
И мојов до кај 8.5 само се вртеше така во круг, ко хелихоптер. На 8.5 некаде почна да лази војнички ама сепак он порадо би да почне да се нервира и да плаче ако играчката му е далеку него да тргне да ја земе. Тука малце проблемот е од психолошка природа, страв му е, му треба поттик и поддршка, моментално работиме на тоа, навивање ако тргне, ако стигне до посакуваната дестинација тогаш е делириум
Тамам си е, не треба да те нервира Си се врти во круг, си ги вежба и рацете за да може да лази. Си ги фаќа фазите како што ѝ одговара, ништо не е страшно ова што го опиша, на таа возраст и мојата се вртеше и наеднаш почна да лази. Кога ќе почне да се влече, ќе си дофаќа се што сака, ќе се шета низ соба. Мојава се пика секаде откако лази, па уште ако ѝ затвориш врата да не оди во друга соба, се буни. Поголемиот има еден трицикл за по дома, обожава под него да се пика и под него поминува. Еднаш се потчукна, ама после па како си се пази да не се удри пак, се испраксира. Кога вежбам страничен пленк, ми се пика под пазуви да поминела таму, а ни главата не ѝ ја собира Па упорна, турка ли турка и тука јас морам да се стегнам за да сум стабилна, па помогна и мама да зацврсне мускули За седење, се фаќа на послужавник од хранилка ако ја ставам на 45 степени и се исправа, нема шанси полулегната да си седи. А ја гледам дека веќе од позиција на меше се мести за да седнува, кога е на грб до пола се поткрева за да седне. Освен во хранилка и во количка, не сум ја ставала да седи, 8+++ е. Со прсте истражува, деталите ги забележува, прави браво, се труди да мафне со раче за чао иако тоа неотесано изгледа
Не да бодрам не да скандирам, џабе. Мрзла. Она на грб лази уствари од три месеци. Ќе легне на грб, ќе измери накаде треба и со кревање задник ќе се придвижи кај сака. Цела е само полесен пат да најде. Уште е во новороденче делот на столот. Денес велам да пробам бебешкиот.
Тотално си во право. Ке спомнам, синко јадра оформени уште на три месеци имаше ама сигурно не ми кажаа седни го. Добив зелено светло со 5 и пол месеци да го седнувам ако сака. Тој се исправаше да седи со 5 ама јас не го оставав. Кога добив зелено светло од ортопед почнав да го оставам да се исправа на кратко и секој ден зголемував интервал на седење. Едноставно си го пратев детето што сака и колку е спремен. А почне да се клати на лево, десно, напред назад значи доволно е за денес. Тоа е знак дека му се прави притисок на карлицата и треба да се прекине седењето. Тоа физијатар ми го кажа. Сите деца различна приказна. Мојот седеше со 6 и пол како големо човече. Така да секој нека си го гледа детето кога ќе е спремно за нешто, тоа ќе го направи.
Абе вие тука ако не ме поослободите малку, кај ми е крајот. Стварно сте златни И јас за еден месец ортопед, а и на остеопат ќе правам термин. Остеопат не знам што е на наши. Вајда физијатар. Ама ова оти и за друго си имаме мака.
На двеве деца јадрата им беа уште на 3 недели оформени, ги ставав на иста возраст во седечка положба во количка и во хранилка, па во различно време имаа знаци за седење. Треба да им кликне во главчето за одредена вештина.