Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    8.507
    Пол:
    Женски
    Моето 9 месеци и уште не лази, лази како војник на лакти и нозете си ги влечи, ги свива во колената ама не се подига на колена. Баш правилно војнички лази. Кога седи и сака да се спушти на подлога се става во положба на лазење и се клати дур не му здосади и си се спушта на меше и војнички оди кај сака. Цел секогаш моите влечки :rofl:. Ништо не форсирам ако сака така да лази нека лази така. Да е здрав и жив ќе учи се полека
     
    На 0ли и јolene им се допаѓа ова.
  2. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Оди на преглед да не ти е мисла, ама моето искуство е слично на твоето. Јас умрев од грижи цел месец додека чекавме термин за ортопед и физиотерапевт. Сто различни дијагнози му поставив на детето, на крај памет не ми падна дека би можело да му биде страв, мислев дека сите деца во оваа возраст треба да се љубопитни и да сакаат да го истражуваат светот. Не ни приметив дека секогаш пред да тргне да лази, ме бара со поглед, како да бара одобрување. Ова ми го посочи физиотерапевтот.

    Добро би било само за твоја чиста совест да имаш потврда од доктор дека се е во ред, останатото ќе биде со тек на време.
    Јас толку се окупирав со овие движења, зошто не седи, зошто не лази, а заборавам дека на 9.5 месеци тој знае буквално сам да се храни со прибор, му ставам тањир пред него тој сам си зема, сам си јаде. Знае и лажицата да ја сврти точно за да не му искапи, знае и со вилушка да ракува.
    Некои деца овие вештини ги усовршуваат многу покасно, не може во сите области еднакво да напредуваат.
    Морам и јас често да се потсеќам на ова бидејќи многу, ама многу знам да тргнам со правење филмови и лоши сценарија и тоа нема крај во мојата глава.
     
    На 0ли, јolene, Carolin. и 3 други им се допаѓа ова.
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.035
    Допаѓања:
    45.968
    Пол:
    Женски
    Јас пак нели се замарав за вртењето оти не сакаше до касно да се врти, ама во рок од неколку недели почна да се врти, лази, седе, стое и се по ред. Значи дури не ми се веруваше дека така наеднаш сфати се. Уствари седеше малце порано пред се друго, стабилно седна на 7+, не го форсирав на под ама некогаш во скут седеше кратко.
    Јас искрено апсолутно не се замарам веќе со ништо во врска со развој за сега, сфаќам дека се ќе со научи кога ќе му дојде време.

    Него моево не јаде дете и не јее, стварно веќе нерва ме фаќа, правам фрлам, овошје сакаше сега веќе и тоа не. Само на цицка е цело време, не можам се изморувам, не спијам ноќе, гладен е и само ме бара. Цело време нудам нешто веќе ни ред неам за оброци само колку да касне нешто. А вчера го мерев има качено и на килажа и во висина од што не знам.
    А да е жив и здрав ама тврдоглав страшно, кога ќе се запне за нешто крај е, плаче на команда ако нешто не ми е по ќеф, значи тоа роговоте од хороскопот уште сеа му се гледаат.
    Една феминка порано што пишеше, ја следам на инста, вчера баш имаше посторано дека и со двете деца водела дневник како и кога се случувале промените, кои биле, на која возраст како се однесувале и ми се виде доста практично и криво ми е што не го превев тоа од почеток. За второ дете баш ќе се најде и за во бременоста исто да не се мислиш е ова ми се случуваше или не.
    За второ здравје ќе го имам на ум ова, да се најде за натаму:D

    Моето многу сака да игра на Кајли Миног:wasntme: Штом ја пуштам одма дига раце и како да рапува, ептен е смешен, мислам општо многу сака да игра, на секој звук што звучи како музика, станува и игра.

    Кажете ми јунешко давате?
     
  4. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Крати ноќни подои некако. И ние бевме на иста мака, ЗАЛЕПЕН за цицка навечер. Преку ден нишо, три пати во денот правев јадење три пати фрлав, ништо не јадеше. Ама навечер на час-два си цицаше.
    Намалив на еден подој и чекам 3 часа да се поминати од претходно јадење/ужинка, да биде баш гладен. Вака тераме две недели, навечер уште се буди и плаче/кемка, ама презаспива. Ама преку ден ми нема одбиено оброк. Цица еднаш околу 2 или 4, зависи кога цицал последно, и следно е кај 6-7.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.753
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    И моето лази војнички, пузи што викаат стариве. Мислам дека и нема да пролази на 4, попрво ќе прооди. Моментално на тоа е фокусиран.
     
    На 0ли и Ceneva им се допаѓа ова.
  6. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.252
    Допаѓања:
    24.706
    Пол:
    Женски
    Првото и ден денес е вакво, има страв, сака да го направи нештото и можи ама од страв да не успее плачи и нејќе ни да проба. Тротинет на 2 год му купивме, дома го возеше надвор никако не сакаше, тек сега на 5 год почна надвор да го вози, ништо со сила не бива, колку пати го земав надвор и плачеше дека нејќи да го вози. Од бебе е таков, плус е мрза @јolene исто така чекаше играчките кај него да одат не тој кај нив :rofl: и педантерија на цела мака :rofl: ни играчки ставаше в уста ни сакаше да се извалка, сам јадеше бебе, сега јас го ранам :smirk:

    Второво колку е различно чудо е, сега моментално само фаќа играчки пика в уста дирек, фрла, зема друга и пак исто прави, зема трета.... И само "работи" без прекин последниве дена е вака, дур ми е чудно и јас дијагнози барам :whew: :tmi: на под наназад оди и сега е побрз, напред не му текнува :wasntme: седи во хранилка, во количка сам се исправа нејќи да е подлегнат никако.
     
    На Ceneva, 0ли, јolene и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    8.507
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека Давид прво ќе прооди, а после ќе лази на 4 ри :lol:Само шета по троседот и бара да го водиме.
     
    На lackygirl, Mumoftwo30, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    166
    Има ли некој скок или регресија на една недела пред 7ми месец? Многу повеќе и подолго цица. И нема да е проблем ако додека цица не се истега целата, мава со раце и нозе. И мнооогу тешко заспива, ќе ми избега од раце од што исто се тегне, исто така мава и си кенка цело време додека да заспие. Погласна е она од мене додека ѝ пејам за да заспие.
     
  9. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    8.507
    Пол:
    Женски
    Тука некаде мислам беше 6 ти скок. Ако не се лажам. Пиши термин на раѓање некоја мамасита ќе ти провери дали сте во скок
     
    На lalinda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    166
    И јас мислев исто ама како што видов на еден профил на инста тоа е во 8ми месец. Инаку терминот е 02.08. Би било супер ако ми каже некој за скок и колку ќе трае пошо повеќе време од денот се си е кенкава.
     
  11. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    8.507
    Пол:
    Женски
    Сега гледам за моето 7 месеци и 19 дена имал кога почнал 6 ти скок. Мене ми пресметаа.
    Уште сте 5 ти скок ама во вештини учење. Колку што прикажува на google, немам јас апликација
     

    Прикачени фајлови:

    На lalinda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.810
    Допаѓања:
    10.824
    Пол:
    Женски
    Според предвиден термин на пораѓај се водат скоковите, не е проблем ако има неколку дена +-.
     
  13. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    8.507
    Пол:
    Женски
    На тоа мислев грешка сум напишала.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Си играат ли вашите бебиња сами? Колку време е добро да си игра само и на која возраст?
     
  15. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.753
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    Ако требало да се породиш нс 02.08, во црвената зона после 5ти скок е и ќе биде до 2ри Март. 6ти скок ви почнува на 23ти Март.
     
    На lalinda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.753
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    Си игра. Колку сака толку го оставам. Обично поголем дел од времето кога е буден и не јаде е доле на земја и сам се заигрува. Си лази, си фаќа играчки, се исправува, си писка, збори на негов јазик. Поседувамр и јас и татко му со него доле, ама претежно го оставаме сам да се заигра, под надзор нормално.
     
    На 1209, natash.a и atz1995 им се допаѓа ова.
  17. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    166
    Некој што го поминал 6ти скок да каже искуство, што нѐ чека :D
     
    На MonaLee му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.753
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    Ниеден скок не го поминавме лошо до сега. Во принцип е мирно бебе без чести промени во рутина, расположение и проблеми со спиење. Ретко кога е кенкав и тогаш влегувам во апликацијата и гледам дека е во скок. Иначе не следам зошто нема екстремни промени за време на скоковите.
     
    На lalinda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    46.473
    Пол:
    Женски
    Моментално сме во 6ти, и до сега горе доле секој скок исто се одразуваше. Проблеми со спиењето, се буди често, кенка во сон, не сака да јаде или е мноогу гладен, нервозен е ако нешто не му е по кејф, и бара внимание нон стоп.
    На моменти е тешко да се справиш, ама па тоа е, мора да помине, му одам по газот колку можам па преживуваме. :D
     
    На Ceneva, Splendor. и lalinda им се допаѓа ова.
  20. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    Мајки мое бебе порасна :hug:
    Во петокот правевме крштевка и прв роденден, искрено бебо не беше ич расположен :worried:
    Целата крштевка ја преплака, цел час плачеше, се вцрви целиот, се нафрли на лице од плачењето, никогаш толку немаше плачено, душава ме болеше, никако не се смируваше
    Ама ајде пројде, тоа е што е, бебе порасна, има годинка, уште е тежок со спиење, со јадење мака немаме, лази, по кревет и по се што наоѓа се крева и оди, сам уште не се пуштил, ќе биде кога ќе е спремен :D
    Често писка, вика кога се радува, зборче уште нема никакво :D
    Уште има само две запчиња :D
    На име се врти кога сака он |( инаку не ферма ништо, што замислил тоа, само јуриш да движи, да фрла, да праи глупости :D
    Многу сака топчиња, си ги фрла и лази по нив, ко кутренце е :rofl:
    НЕ за него не постои, си се смешка и продолжува со тоа што го наумил :D
    Не сака патики никако, ако му облечеме седнува и не мрда :drunk:
    Кога треба да има зборче прво итн?

    Тоа е од мене мајки, се селам кај другите оти летна годинава :l:
     
    На LiquidLuna, Ceneva, Zumbulche и 12 други им се допаѓа ова.